Гобларак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гобларак
Μικρό
Гобларак is located in Грција
Гобларак
Гобларак
Координати: 39°57′N 21°36′E / 39.950° СГШ; 21.600° ИГД / 39.950; 21.600Координати: 39°57′N 21°36′E / 39.950° СГШ; 21.600° ИГД / 39.950; 21.600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Гобларак (на грчки: Μικρό, Микро, до 1927 година Γκομπλαράκι, Гоблараки[1]) е поранешно село во Егејска Македонија, Република Грција. Се наоѓало во денешната општина Дескати, во областа Западна Македонија.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало 30 km југоисточно од градот Гребен, од десната страна на реката Бистрица. Било лоцирано во атарот на денешното село Дименица, на околу 3 km северозападно од него.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Османлиската Империја[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Гобларак е мало грчко христијанско село во јужниот дел на Гребенската каза на Османлиската Империја. Според грчка статистика, во 1910 година во Гоблараки (Γκομπλαράκι) живееле 27 православни Грци.[2]

Во Грција[уреди | уреди извор]

Во Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки чети и по Втората балканска војна во 1913 година Гобларак влегува во составот на Кралството Грција. Во 1913 година при првото пребројување од новите власти во Γκομπλαράκι се регистрирани 28 жители.[3]

Во 1927 година името на селото е сменето во Микро.

Гобларак постепено опустошува во 1930-тите години,[4] а во 1940-та веќе не се води како одделно село.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]