Отпад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрлање отровен, медицински отпад во река, Перу

Отпад – секој материјал кој не е пожелен по мерилата на луѓето и заради тоа се исфрла на различни начини.

Видови отпад[уреди | уреди извор]

Поделбата на отпадот може да се изврши на неколку начини. Најчесто, како критериум се зема видот на материјал од кој е составен фрлениот предмет (лим, хартија, стакло, органски материјал...) што е исто така погодно за класификација за рециклирање. Исто така, критериум може да биде изворот на отпад (дали е тоа домаќинство, фабрика, болница ...] затоа што на овој начин може да се види потенцијалната опасност од фрлен материјал за побезбедно отстранување. Ова е особено важно кај јадрениот отпад. Постојат и други критериуми за класификација на отпадот.[1]
Просечно семејство во Европа фрла околу 2 тона отпад годишно.[1] Од тоа:

материјал процентен дел
хартија 33%
органски
отпад
20%
стакло 10%
метал 8%
пластика 7%
текстил 4%
останато 18%

Значење[уреди | уреди извор]

Со развојот на цивилизацијата, отпадот станува сè поважно прашање. Само во Велика Британија годишно се фрлаат околу 70 милиони тони отпад, повеќе од еден тон по глава на жител. Отпадот е загадувач на воздухот, водата и почвата. За луѓето, отпадот што се акумулира претставува опасност за здравјето, не само затоа што одредени видови отпад гнијат, туку и затоа што е извор на храна за стаорци, болви и други преносители на заразни болести. Отпадот предизвикува т.н. загадување на околината затоа што ја нагрдува околината и непријатно мириса.[1]

Начини на одложување и решавање на проблемот со отпад[уреди | уреди извор]

Депонии[уреди | уреди извор]

Пример на дива депонија
Див отпад во заштитена шума кај Киев, Украина
Сепарација на отпад во Јазд, Иран

Депониите се места каде се одлага отпадот. Тие претставуваат наједноставен, најевтин и со тоа најчест начин за отстранување на отпадот. Скоро 80% отпад во Европа се одлага на депониите. Најпогодни се кратери во земјата останати од каменоломи или рудници. Кога отпадот се одложи во кратерот, се истура земја врз него и на тој начин се добиваат слоеви. Притоа, се внимава дождовницата што доаѓа во контакт со отпадот да не стигне реки и со тоа да ги загади. Сепак, постојат депонии кои не се затрпуваат со земја, но каде што се внимава да се исполнат одредени услови (да не биде во близина на град, река или подземна вода, да не бидат на ветровито] место и сл.). Депонија што не ги исполнува овие услови и не е потврдена од стручни служби се нарекува дива депонија.[1]

Мелиоризација на земјиштето[уреди | уреди извор]

Отпадот закопан под слој почва може да го подобри обработливото земјиште, што значи дека тука може да се садат растенија. Распаѓањето на отпадот ги обезбедува потребните супстанции за развој на растенијата. Меѓутоа, со скапување на отпадот, почвата може да слегне со текот на времето, така што не се практикуваподигнување населби на тие места. Исто така, во некои случаи, отпадот се меле и се користи како ѓубриво, внимавајќи таквиот отпад да не содржи отровни состојки.[1]

Палење отпад[уреди | уреди извор]

Понекогаш отпадот се пали, што има предност во забележителното намалување на количината на ѓубре, а пепелта е чиста и без патогени бактерии. Исто така, во светот постојат фабрики за согорување на отпад [[[Едмонтон]] близу Лондон, Билефелд во Германија) кои на тој начин произведуваат електрична енергија. На некои места, отпадот се меле и се претвора во цврсто гориво и се користи наместо јаглен. Меѓутоа, таквите постројки за согорување на отпад се скапи и чадот што испуштаат го загадува воздухот.[1]

Рециклажа[уреди | уреди извор]

Сè попопуларен метод за решавање на проблеми со отпад е рециклирањето. Се проценува дека околу 60% од фрлениот материјал може повторно да се искористи. Рециклирањето е погодно не само затоа што ја намалува количината на отпад, туку и затоа што ја намалува потрошувачката на суровини и гориво, но исто така го намалува и загадувањето. Еден тон собран и рециклирана хартија заштедува од сечење околу 17 дрва со просечна големина. Исто така, со рециклирање на оваа количина хартија се заштедуваат околу 32.000 литри вода и околу 4.200 kWh електрична енергија.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Дипре, Б. и сарадници. 2007. Школска енциклопедија: Oxford. Књига-комерц: Београд.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]