Орден за воени заслуги (Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 21:03, 2 април 2021; направена од Ehrlich91 (разговор | придонеси) (Одбиени последните 2 промени (од 46.217.114.171) и ја поврати преработката 4384874 на Pta345MK)
Орден за воени заслуги
Видвоено одличие
Доделена заУспеси и постигнувања на безбедносните сили на Македонија
ДржаваМакедонија Македонија
ДоделуваПретседател на Македонија
Статуссе доделува


Орденот за воени заслуги е високо воено одличие на Република Македонија кое се доделува за храброст и воопшто, истакната служба на воен план.

Особености

Има основна медалјонска форма со димензии од 65мм. Медаљонот има форма на осмокрака ѕвезда, чии краци се спојуваат во круг кој го сочинува мотото -за татковината и знамето на Република Македонија. Околу краците на ѕвездата има венец од дабови гранки. Над орденскиот знак има карика од вкрстени мечови со апликација на дабов лист. Орденот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента со која се носи на врат.

Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

Критериум

Орденот за воени заслуги се доделува на:

  • на припадници на безбедносните сили на Република Македонија, на воени старешини за извонредни успеси во организирањето и командувањето со вооружените сили за време на војна и мир; во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на Република Македонија; во командувањето и раководењето со безбедносните сили и воените единици или установи за дејствија коишто придонесуваат за успешна и ефикасна одбрана на независноста, безбедноста и територијалниот интегритет на Републиката;
  • за особена храброст или за посебни заслуги на полицајци, војници, старешини, полициски единици и воени единици, штабови, команди и установи, кои со својот пример и умешност во раководењето со единицата, односно установата создаваат услови за постигнување на исклучително добри успеси или кои се одликуваат со старешински, полициски и војнички особини што им служат за пример на другите старешини и војници, како и на граѓански лица на служба во вооружените сили на Република Македонија за постигнување на особени резултати од значење за одбраната на Републиката;
  • на воени и полициски единици и установи за повеќегодишно успешно работење и постигнување на особени резултати во развивањето и јакнењето на безбедносните сили и вооружените сили во Република Македонија и
  • на припадници на странски вооружени сили за особен придонес за успешно остварување и унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на нивната држава и вооружените сили на Република Македонија.

Добитници

  1. http://vesti.mk/read/news/8962667/3222056/odlikuvanja-za-pripadnici-na-bezbednosnite-sili-na-mvr
  2. http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/3810-dodeluvanjeordenzavoenizaslugimedalzahrabrost.html
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 http://president.mk/mk/vila-vodno/2011-07-08-08-11-50.html
  4. 4,0 4,1 4,2 http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/4537-n18082017.html
  5. 5,0 5,1 „Одликувања и признанија“. president.mk. Посетено на 2018-08-17.