Мамино (Ѓавато)
Мамино — археолошко наоѓалиште кај гевгелиското село Ѓавато, Општина Богданци. Претставува утврдена населба од доцната антика.
На 4 км северно од селото, на висок рид со зарамнето плато, кој доминира над околината, се забележуваат темели од одбранбен бедем кои на некои места достигнуваат височина и до 1,20 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Најдени се и монети од VI век.[1]
Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Молникот — населба од средниот век
- Рамниште — населба од доцнантичко време
- Селиште — сакрален објект од средниот век
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 108. ISBN 9989-649-28-6.