Прејди на содржината

НУ Музеј - Гевгелија

Од Википедија — слободната енциклопедија
НУ Музеј - Гевгелија
Зградата на музејот
Карта
Основан2003 (со одлука под името НУ Музеј)
МестоГевгелија, Македонија Македонија
ФондИсториска постановка
Археолошка постановка
Ликовна постановка
Мреж. местоwww.muzejgevgelija.mk

Национална установа Музеј - Гевгелија (познато и како Владов конак) — музеј во градот Гевгелија. Основната дејност на музејот е систематско истражување, собирање, откупување, средување, стручна и научна обработка и проучување, конзервирање на подвижен материјал, чување, објавување и презентација на музејскиот материјал и предмети од значење на археологијата, етнологијата, историјата, историја на уметноста и средновековната уметност. Во составот на музејот е и Уметничката галерија „Амам“.

Зградата на музејот претставува културно наследство на Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Музејот првпат бил создаден во 1980 година под името Народен музеј „Митко Зафиров“.

Денешниот статус го добил од Владата на Република Македонија со одлука за утврдување на мрежата на национални установи од областа на културата. Музејот е правен наследник на Народниот музеј, основан од Собранието на Општина Гевгелија.[1]

Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 5 ноември 2004 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.[2]

Публикации на музејот

[уреди | уреди извор]
  • Хусеновски, Бобан и Сламков, Емил. (2005). „Водич низ постојаната археолошка поставка“. Гевгелија: НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9989227038.
  • Сламков, Емил. (2004). „Уметноста на Вардарски Рид“. Гевгелија. НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9989227020.
  • Хусеновски, Бобан. (2004). „Античките монети од Вардарски Рид“. Том I. Гевгелија. НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9989227004.
  • Хусеновски, Бобан. (2018). „Античките монети од Вардарски Рид“. Том II. Гевгелија. НУ Музеј - Гевгелија.
  • Хусеновски, Бобан. (2007). „Античките монети од Вардарски Рид“. Гевгелија. НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9789989227042.
  • Хусеновски, Бобан и Ненова-Мерџанова, Росица. (2004). „Бронзена аутепса од Гевгелија“. Гевгелија: НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9989227012 (музеј), ISBN 9989131050 (завод).
  • Хусеновски, Бобан и Сламков, Емил. (2014). „Археолошки водич: гевгелиско - валандовски регион“. Гевгелија: НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9786086542009.

Извор:[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „За нас“. muzejgevgelija.mk. Посетено на 13 ноември 2020.
  2. „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 4 септември 2025.
  3. „Публикации“. muzejgevgelija.mk. Посетено на 13 ноември 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]