Рамниште (Ѓавато)
Рамниште — археолошко наоѓалиште кај гевгелиското село Ѓавато, Општина Богданци. Претставува утврдена населба од доцната антика.
На североисточниот раб на селото, на простор од 100 × 70 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и помали грамади од градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Мамино — утврдена населба од доцнантичко време
- Молникот — населба од средниот век
- Селиште — сакрален објект од средниот век
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 108. ISBN 9989-649-28-6.