Мал александар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мал александар
Rose-ringed Parakeets (Male & Female)- During Foreplay at Hodal I Picture 0034.jpg
Женка (лево) и мажјак (десно)
од подвидот индиски мал александар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Папагаловидни
Натсемејство: Вистински папагали
Семејство: Папагали
Потсемејство: Прстенести папагали
Род: Прстенести папагали
Вид: Мал александар
Биномен назив
Psittacula krameri
(Scopoli, 1769)
Изворна распространетост во дивина

Мал александар (науч. Psittacula krameri) — друштвена тропска птица од родот на прстенестите папагали (Psittacula) со многу голем ареал во Африка и Азија. Го носи името на кралот Александар III Македонски, за кој се смета дека ги довел птиците од овој род во Средоземјето од Пенџаб како подароци за аристократијата и дипломатите.[2] Оваа птица може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[3]

Птицата се одликува со полов диморфизам. Возрасниот мажјак има црвен или црн прстен на вратот, додека пак женките и младенците од двата пола немаат прстн или пак имаат сенчест светлосив до темносив прстен. Индискиот подвид е просечно долг 40 см, заклучно со опашните пердуви, кои се мошне долги во однос на телото. Секое крило е долго 15–17,5 см. Во природната средина, по поведение се мошне гласни, со карактеристично крекаво огласување и зелена боја. По исхрана се растителнојадни, а по местото на живеење се непреселни.

Ова е еден од малкуте видови папагали кои се имаат успешно прилагодено на живот во пореметени живеалишта, одолевајќи им на урбанизацијата и обесшумувањето. Бидејќи видот уште многу одамна ужива популарност како миленик, денес постојат во разни градови во светот постојат колонии зачнати од избегани единки. Бројноста на малиот александар сè повеќе се зголемува, и затоа го носи статусот „најмала загриженост“ (LC) според МСЗП, доделен во 2012 г. Од друга страна, во некои делови од матичниот ареал, овие птици имаат намалена бројност поради заловувањето за чување како миленици и судирот со земјоделците, кои ги сметаат за штетници.[1]

Научниот назив на птицата е даден во чест на австрискиот природонаучник Вилхелм Хајнрих Крамер (†1765).[4]

Филогенија и распределеност[уреди | уреди извор]

Денес се признаваат четири подвидови, иако меѓу нив постојат само мали разлики:

  • африкански подвидови:
африкански мал александар (P. k. krameri): западна Африка во Гвинеја, Сенегал и јужна Мавританија, east to западна Уганда и јужен Судан, Египет. Живее по долината на Нил и во Гиза, а напати се среќава на северниот брег на Синајскиот Полуостров. Во 80-те години на XX век избегани населенија почнале да се размножваат Израел, и денес птицата важи за инвазивен вид.
абисински мал александар (P. k. parvirostris): северозападна Сомалија, западно преку северна Етиопија до сојузната држава Сенар во Судан.
  • азиски подвидови:
индиски мал александар (P. k. manillensis): потекнува од југот на Индискиот потконтинент и има одомаќинети населенија ширум светот.
северен мал александар (P. k. borealis) застапен во Бангладеш, Пакистан, северна Индија и Непал до централна Бурма; доведени населенија се среќаваат низ целиот свет.

Филогенетската анализа на ДНК покажува дека маврицискиот прстенест папагал (Psittacula echo) е во блиско сродство со овој вид, и дека веројатно треба да се смести меѓу африканскиот и азискиот подвид. Оттука може да се заклучи дека видот е парафилетски.

Екологија и поведение[уреди | уреди извор]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Пилиња во дупка на дрво

Во дивина, малиот александар обично се храни со пупки, плодови, заленчук, оревести плодови, бобинки и семки. Кога немаат храна при рака, патуваат во јата по неколку километри и навалуваат на насади и овоштарници, предизвикувајќи големи штети.

Мал александар како јаде млади разлистоци на гранка

Во Индија птицата се храни со житарки, а зиме и со гулабов грашок.[5] Во Египет, напролет јадат дудинки а во летото јадат урми и се гнездат на палмините дрва. Јадат и сончоглед и пченка.

Размножување[уреди | уреди извор]

Во северозападна Индија, индискиот мал александар се пари од септември до декември. Немаат доживотни партнери, туку се парат со различни единки секоја сезона. Во студениот дел од годината одбираат места за гнездење и го бранат леглото други птици што сакаат да им го земат. За да произведе јајца, женката ги добива потребните хранливи состојки хранејќи се со зимските посеви на грашок. Грижата за младите трае од април до јуни, а пилињата се оспособуваат за лет пред да дојдат монсуните.[6]

Одгледување[уреди | уреди извор]

Малиот александар веќе многу векови ужива популарност како домашен миленик. Старите Македонци и Грци го одгледувале индискиот подвид P. krameri manillensis, а Римјаните го чувале африканскиот подвид P. krameri krameri. Во поново време, одгледувачите имаат добиено мошне широк спектар на бои.[7]

Подражавање[уреди | уреди извор]

Проблеми со пуштањето? Помош.

Двата пола умеат да подражаваат човечкиот говор, слушајќи ги луѓето околу нив и повторувајќи го она што го кажале. Некои птичари се занимаваат со одгледување и учење птиците на различни зборови уште од пилиња.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Psittacula krameri. Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2013.2. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/22685441. конс. 26 ноември 2013 г.  (англиски)
  2. W. Grummt, H. Strehlov, Zootierhaltung, Tiere in menschlicher Obhut - Vögel, Verlag Harry Deutsch, ISBN 978-3-8171-1636-2, 1. Auflage 2009, Seite 408.
  3. „Мал александар“. Зоо Скопје. http://www.zooskopje.com.mk/mal-aleksandar.html. конс. 1 мај 2015 г. 
  4. Jobling, J. A. (1991). A Dictionary of Scientific Bird Names. OUP. ISBN 0-19-854634-3. 
  5. Sailaja, R., Kotak, V. C., Sharp, P. J., Schmedemann, R., Haase, E. (1988). Environmental, dietary, and hormonal factors in the regulation of seasonal breeding in free-living female Indian rose-ringed parakeets (Psittacula krameri). Hormones and Behavior 22 (4): 518–527.
  6. Krishnaprasadan, T. N., Kotak, V. C., Sharp, P. J., Schmedemann, R., Haase, E. (1988). Environmental and hormonal factors in seasonal breeding in free-living male Indian rose-ringed parakeets (Psittacula krameri). Hormones and Behavior 22 (4): 488–496.
  7. Alderton, David (2003). The Ultimate Encyclopedia of Caged and Aviary Birds. London, England: Hermes House. стр. 189–190. ISBN 1-84309-164-X. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]