Киеран Ричардсон
| Киеран Ричардсон | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Роден на | 21 октомври 1984 | ||
| Роден во | Лондон, Англија | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,70 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | среден ред | ||
| Повлекување | 2017 (32 г.) | ||
| Младинска кариера | |||
|
| |||
|
| |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 2002-2007 |
| 41 | (2) |
| 2005 |
→ | 12 | (3) |
| 2007-2012 |
| 125 | (14) |
| 2012-2014 |
| 45 | (5) |
| 2014-2016 |
| 33 | (0) |
| 2016-2017 |
| 6 | (0) |
| Репрезентација | |||
| 2005-2006 |
| 8 | (2) |
Киеран Едвард Ричардсон (роден на 21 октомври 1984, Лондон) — поранешен англиски фудбалер, играч од средниот ред.
Биографија
[уреди | уреди извор]Ричардсон е роден во Гринич, Лондон[1] и се школувал во приватното и неселективното училиште Риверстон во Ли, Лондон.[2] Растејќи, тој често одел на натпревари да ги гледа Арсенал додека неговиот татко Клајд бил сопственик на сезонски билети.[3] Тој започнал да игра фудбал во основното училиште Парквуд и неговиот талент бил многу очигледен во раната возраст, тој бил капитен на неговиот училиштен тим и потоа бил поканет да тренира со Арсенал.[4]
Ричардсон е оженет со Натали со која има две ќерки.[3]
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Ричардсон бил играч од средниот ред, чија омилена улога била лево крило. Сепак, во кариерата тој се покажал како исклучително разноврсен и тактички флексибилен играч, кој одговарал на барањата на својте тренери покривајќи различни улоги на теренот: играл како лев бек, десно крило, внатрешен играч од средниот ред, и како поддршка за напаѓачот.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетокот на кариерата
[уреди | уреди извор]Ричардсон се приклучил на Вест Хем Јунајтед, каде што почнал да тренира професионално. Сепак, пред да го направи своето деби за клубот од Лондон, тој бил "украден" од Манчестер Јунајтед за кој потпишал во 2001 година.[4]
Манчестер Јунајтед
[уреди | уреди извор]Во текот на неговата прва сезона во Манчестер Јунајтед, Ричардсон бил стандарден првотимец играч во резервниот тим. Тој го добил дресот со број 42 во првиот тим, но не дебитирал за него.
Во текот на летото 2002 година, Ричардсон бил промовиран во првиот тим за време на предсезонскати подготовки. Своето деби за првиот тим на Манчестер Јунајтед го направил на 23 октомври 2002, влегувајќи како замена при крајот на натпреварот против Олимпијакос во Лигата на шампионите.[5] Набргу потоа, го постигнал својот прв гол за Јунајтед во натпреварот од Лига купот на 5 ноември 2002, против Лестер Сити.[6] Сезоната 2002-2003 бил важна за него бидејќи во текот на неа го направил својот прв позначителен пробив; се појавил во игра девет пати, постигнувајќи и гол за првиот тим. Тој, исто така, одиграл значајна улога во успехот на младинскиот тим во освојувањето на ФА купот за млади во 2003 година.[7]
Пред почетокот на сезоната 2003-2004, тој го зел дресот со број 23, но неуспеал да запише многу натпревари во текот на сезоната. Тој настапил само трипати, сите во Лига купот и ФА Купот.[8]
За време на сезоната 2004-2005, тој бил вклучен во првиот тим многу почесто. Веќе во првиот дел од сезоната тој забележал девет настапи и постигнал еден гол.[9] Сепак во текот на јануари, Сер Алекс Фергусон решил да го даде на заем со цел да добие повеќе искуство играјќи редовно во првиот тим. Ричардсон бил поврзан со преселба во Норич Сити на позајмица, но Фергусон рекол дека нема шанси да замине таму бидејќи сака да ја почитува желбата на играчот. Сепак, кога поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, а тогашен менаџер на Вест Бромвич Албион, Брајан Робсон, се распрашал за можност да го земе Ричардсон на заем, договорот веднаш бил склопен и покрај тоа што од тој момент па сè до почетокот на последното коло на сезоната ВБА биле на дното на табелата. Според Робсон, Ричардсон направил инстант влијание за да го спаси Вест Бромвич Албион од испаѓање. Тој бил редовен во почетните единаесет на Вест Бромвич, играјќи како внатрешен играч од средниот ред, постигнувајќи три гола во 12 настапи[9] со што му помогнал на клубот да избегне испаѓање во последното коло од сезоната кога тој го постигнал вториот гол во победата со 2-0 над Портсмут.[10]
На почетокот на наредната сезоната во англискиот фудбал (2005-2006), Ричардсон одби уште една позајмица во Вест Бромвич Албион со желба да добие место во почетниот тим на Олд Трафорд. Тој по подолга пауза се појави во првите единаесет на Манчестер Јунајтед во септември 2005 година, кога тој се појави како природен лев бек,на местото на повредениот Габриел Хајнце. Тој наскоро се врати во средниот ред сепак, кога тој направи неколку добри натпревари. Во октомври, Ричардсон го прослави својот 21 роденден со потпишување на нов четиригодишен договор со Јунајтед. Тој продолжи да игра и накрајот од сезоната се појави 36 пати во сите натпреарувања и реализира шест гола.
Шансите следната сезона на Ричардсон да заигра во првиот тим беа ограничени, главно игра во Лига купот и ФА Купот. Сепак, Ричардсон го почувствува гневот на Сер Алекс Фергусон кога младинците кој тој ги пушта на терен губат срамно од нисколигашот Кру Александра во Лига купот. Фергусон јавно изјави дека Ричардсон и другите треба да бидат од корист за резервниот тим на Јунајтед. Тој постигна еден од головите за Јунајтед во ФА Куп полуфиналето во победата од 4-1 над Ватфорд, што ги одведе во финалето на новиот Вембли стадион. Ричардсон беше несакан од многу навивачи на тимот во и надвор од теренот за неговиот став и беше наречен "снобски Господ" од страна на Јунајтед fanzine Red Issue.
Сандерленд
[уреди | уреди извор]На 16 јули 2007, Сандерленд му плати на Манчестер Јунајтед сума од £5.5 милиони. Ричардсон потпишува четиригодишен договор со "Црните Мачки" чии менаџер во тој момент е поранешниот капитен и легенда на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.
По не баш спектакуларниот почеток на кариерата во Сандерленд, било откриено дека имал стрес фрактура на ’рбетот. Ова го доведе до пауза според која тој беше надвор од акција за речиси четири месеци. Ричардсон го постигна својот прв гол за Сандерленд на 29 декември 2007 година против Болтон Вондерерс. Ричардсон потоа постигна два гола во победата од 2-0 против Портсмут на Стадионот на Светлината на 13 јануари 2008 година, исто така, ја погоди и пречката и пропушти шанса за првпат во својата кариера да реализира хет-трик. Потоа тој се здоби со нова повреда овојпат повреда на тетивата на тренинг, а истата повреда се повтори и во мечот со Ливерпул на Енфилд каде Сандерленд загбележа убедлив пораз од 3-0.
На 23 август 2008 година, Ричардсон постигна погодок против Тотенхем во 56-тата минута, во 2-1 победата на Вајт Харт Лејн. Ричардсон изведе одличен слободен удар и ја погоди пречката на трипати во мечот со Фулам на 18 октомври, а подоцна уште еден гол од слободен удар не му беше признат откако судијата досуди дека Паскал Чимбонда извршил прекршок во живиот ѕидот. На 25 октомври 2008 година, Ричардсон го постигнал победоносниот гол во дербито на Тајн и Вер дербито (против Њукасл), од слободен удар. Ричардсон привлече интерес од Болтон Вондерерс во Јануарскиот трансферен прозорец 2009, но менаџерот Рики Сбраџа инсистираше на тоа дека тој не е за продажба.
Ричардсон го постигна својот прв гол во сезоната 2009-10 за израмнување против Вест Хем Јунајтед, кој заврши 2-2. Ричардсон е користен на неколку позиции во текот на сезоната, додека претежно игра во централниот дел на средниот ред, тој исто така игра и како лев бек - неговите добри настапи на оваа позиција беа големо изненадување, а тој призна дека Светското првенство го инспирирало за тоа и се надева на повик во репрезентацијата.
Пред почетокот на 2010-11 сезона, Ричардсон ја коментираше неговата иднина во клубот и потпишувањето на нов три-годишен договор за тимот сопственик на стадионот на светлината. Тој набргу потоа стана прв избор на лев бек во клубот цитирајќи го Бразилскиот крилен бек Маикон како инспирација за преземање на својата нова позиција, велејќи: "Јас го гледав Светското првенство и видов на кој начин момците како Маикон бомбардираа во нападот - и си помислив "Можам да го направам тоа". Тој ја отвори својата голгетерска сметка за сезоната на 22 јануари нагости против Блекпул постигнувајќи два гола во првото полувреме. По имплементирањето на него, во напаѓачка улога, менаџерот на Сандерленд, Стив Брус ја поздрави флексибилноста на Ричардсон велејќи: "Јас морав да побарам од него да игра на пет или шест позиции оваа сезона и тој едноставно ужива во секоја од нив. Брус додаде: "Ричардсон е одличен играч во поле. Во првата половина тој беше брилијантен, неговото темпо беше одлично. Ричардсон постигна гол директно од слободен удар во следниот натпревар на Сандерленд, поразот од 4-2 дома од Челзи. Ричардсон го направи своето 100-то појавување во Премиер Лигата за Сандерленд дома на 12 февруари, против Тотенхем асистирајќи му на Асамоа Гијан да го открие резултатот во поразот од 2-1.
Фулам
[уреди | уреди извор]На 31 август 2012 Ричардсон потпишал за Фулам за трансфер-сума од околу 2 милиони фунти.[11] Тој го постигнал својот прв гол за лондонскиот клуб во ремито 2-2 со Саутхемптон на 7 октомври.[12]
Астон Вила
[уреди | уреди извор]По испаѓањето на Фулам од Премиер лигата во сезоната 2013-14, Ричардсон потпишал двегодишен договор со екипата на Астон Вила. Откако го комплетирал трансферот му бил доделен дресот со број 18. кој претходната сезона бил носен од Јакуба Сила. Своето официјално деби го имал на 16 август 2014, кога го започнал натпреварот против Стоук Сити во Премиер лигата и ги одиграл сите 90 минути во победата со 1-0 како гостин на Британија стадионот.
Репрзентативна кариера
[уреди | уреди извор]Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Статистика на кариерата
[уреди | уреди извор]| Клуб | Сезона | Лига | Куп | Лига Куп | Европа | Друго1 | Вкупно | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | ||
| 2002–03 | 2 | 0 | 1 | 0 | 1 | 1 | 5 | 0 | 0 | 0 | 9 | 1 | |
| 2003–04 | 0 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | |
| 2004–05 | 2 | 0 | 1 | 0 | 3 | 1 | 2 | 0 | 1 | 0 | 9 | 1 | |
| 2004–05 | 12 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | – | 0 | 0 | 12 | 3 | ||
| 2005–06 | 22 | 1 | 4 | 3 | 5 | 1 | 5 | 1 | 0 | 0 | 36 | 6 | |
| 2006–07 | 15 | 1 | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 1 | 0 | 0 | 24 | 3 | |
| Вкупно | 41 | 2 | 10 | 4 | 13 | 3 | 16 | 2 | 1 | 0 | 81 | 11 | |
| 2007–08 | 17 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | – | 0 | 0 | 18 | 3 | ||
| 2008–09 | 32 | 4 | 1 | 0 | 2 | 0 | – | 0 | 0 | 35 | 4 | ||
| 2009–10 | 29 | 1 | 1 | 0 | 2 | 0 | – | 0 | 0 | 32 | 1 | ||
| 2010–11 | 26 | 4 | 1 | 0 | 2 | 0 | – | 0 | 0 | 29 | 4 | ||
| 2011–12 | 21 | 2 | 1 | 0 | 1 | 0 | – | 0 | 0 | 23 | 2 | ||
| Вкупно | 125 | 14 | 5 | 0 | 7 | 0 | – | 0 | 0 | 137 | 14 | ||
| Вкупно | 178 | 19 | 15 | 4 | 20 | 3 | 16 | 2 | 1 | 0 | 230 | 28 | |
Титули
[уреди | уреди извор]Манчестер Јунајтед
[уреди | уреди извор]- Премиер лига : 2006-2007
- Лига куп : 2005-06
- ФА Комјунити Шилд : 2003
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имеHugman1011. - ↑ Fraser, Paul (2 April 2009). „Family honour at stake“. The Northern Echo. Darlington. стр. 39.
After initially training with Arsenal during his schooldays at Riverston Independent Day School, the Greenwich-born midfielder became an important member of West Ham's Academy squad.
- 1 2 James, Stuart (19 September 2014). „Aston Villa's Kieran Richardson: after football I want to do things for God“. The Guardian. England. Посетено на 27 June 2020.
- 1 2 Mann, Mantej (15 February 2017). „Kieran Richardson: Everything you need to know about former England international“. Coventry Telegraph. Посетено на 27 June 2020.
- ↑ Glendenning, Barry (23 October 2002). „Olympiakos 2–3 Man United“. The Guardian. London. Посетено на 23 January 2011.
- ↑ „Beckham denies bold Leicester“. BBC Sport. 5 November 2002. Посетено на 24 August 2009.
- ↑ Wallace, Sam (26 April 2003). „FA Youth Cup Final: United's slick new breed“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 22 December 2017.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имеsb0304. - 1 2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имеsb0405. - ↑ „West Brom survive on dramatic day“. BBC Sport. 15 May 2005. Посетено на 23 January 2011.
- ↑ „Kieran Richardson: Fulham sign Sunderland midfielder for £2m“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 31 August 2012. Посетено на 31 August 2012.
- ↑ "Southampton 2–2 Fulham" BBC Sport. 7 October 2012. Retrieved 2 December 2012.