Прејди на содржината

Карли Реј Џепсен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карли Реј Џепсен
Карли Реј Џепсен на настап на Primavera Sound 2019
Животописни податоци
Роден(а)21 ноември 1985(1985-11-21)(38 г.)
Мишн, Британска Колумбија, Канада
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • текстописец
  • музичар
Инструменти
  • Глас
  • гитара
  • клавијатури
Период на активност2007–денес
Издавачи
Мреж. местоcarlyraemusic.com

Карли Реј Џепсен (англ. Carly Rae Jepsen; родена на 21 ноември 1985 година)[2][3] ― канадска пејачка. Во 2007 година завршила на трето место во петтата сезона од Канадски идол.

На меѓународната музичка сцена Џепсен се пробила во 2012 година по издавањето на синглот „Call Me Maybe“, кој бил прогласен за најпродаван сингл за таа година и бил продаден во над 18 милиони примероци. Песната се искачила на прво место на топ-листите во повеќе од 19 земји и на Џепсен ѝ помогнала да склучи договор со издавачките куќи Schoolboy Records и Interscope Records.

Џепсен добила три Џуно награди, три награди „Билборд“ и награда Алан Слејт, а исто така била номинирана за Греми, МТВ видео музичките награди, награда „Поларис“ и Награди по избор на народот.[4]

Животопис

[уреди | уреди извор]

1985−2006: Детство, образование и почетоци на кариерата

[уреди | уреди извор]

Џепсен е родена на 21 ноември 1985 година во Мишн, Британска Колумбија, како второ од трите деца на Александра и Лери Џепсен.[5] Таа има данско, англиско и шкотско потекло.[6] Учела во средното училиште Херитиџ Парк и покажала интерес за театарски мјузикли; глумела во училишните претстави: Ени каде ја глумела Ени, Брилијантин каде што ја глумела Сенди Олсон и Волшебникот во улога на Дороти Гејл.[7][8] Таа сакала да запише студии поврзани со музика, но по совет на нејзиниот професор по драма од средното училиште, таа се пријавила на аудиција во Канадскиот колеџ за сценски уметности во Викторија и била една од 25-те студентки кои биле примени на едногодишни студии во 2004 година.[9][10]

По дипломирањето, Џепсен се преселила во Ванкувер и работела најразлични работи. Во слободно време пишувала песни.[11][12][13]

2007–2010: Канадски идол и прв албум

[уреди | уреди извор]
Џепсен настапува на Денот на Канада во 2010 година

Во 2007 година, нејзиниот професор по драма во средно училиште ја убедил да се пријави на Канадски идол.[7] На натпреварувањето Џепсен завршила на трето место.[8] Нејзината демо снимка го привлекла вниманието на музичкиот менаџер Џонатан Симкин, кој на Џепсен ѝ помогнал да потпише договор за менаџирање со 604 Records. Првиот сингл на Џепсен бил преработка на песната од Џон Денвер „Sunshine on My Shoulders“ и бил објавен во јуни 2008 година. Нејзиниот прв студиски албум, Tug of War, бил објавен во септември 2008 година и бил продаден во 10 000 примероци во Канада.[14]

2011–2014: Стекнување на меѓународна популарност

[уреди | уреди извор]
Џепсен настапува како воведен пејач на турнејата од Џастин Бибер во 2012 година

Летото 2011 година, Џепсен снимила материјал за нејзиниот втор студиски албум. Песната „Call Me Maybe“ била објавена во септември 2011 година. Песната била промовирана од канадскиот поп-пејач Џастин Бибер, што го навело на менаџерот од Бибер, Скутер Браун, со Џепсен да потпише заеднички светски договор за снимање со неговата издавачка куќа, Schoolboy Records и големата издавачка куќа Interscope Records.[14] „Call Me Maybe“ се искачила на прво место на канадската топ-листа, а Џепсен станала четврт канадски изведувач кој се искачил на врвот на топ-листата.[15][16] Во САД, песната поминала девет недели на прво место на Billboard Hot 100 и од списанието Билборд била прогласена за „Песна на летото“.[17] Синглот бил најпродаван сингл во светот за 2012 година[3] и бил на врвот на топ-листите во 19 земји.[18] Песната била вклучена во ЕР-то со шест песни од Џепсен, Curiosity, објавено во февруари 2012 година во Канада.[14] По успехот на „Call Me Maybe“, Џепсен со Owl City го снимила дуетот „Good Time“, објавен во јуни 2012 година.[19][20]

Вториот студиски албум на Џепсен, Kiss, бил издаден во септември 2012 година и ги содржел сингловите „This Kiss“ и „Tonight I'm Getting Over You“. Албумот се пласирал во топ-10 на топ-листите во Австралија, Велика Британија, Канада и САД.[21] Истата година, Џепсен станала портпарол и модел на компанијата за облека Wet Seal[22] и глумела во првата епизода од петтата сезона на серијата 90210.[23][24] На Билбордовите музички награди во 2012 година, Џепсен станала прв канадски изведувач кој ја добил наградата „Ѕвезда во подем“,[25] а Call Me Maybe на 55-тото доделување на Греми наградите била номинирана за „Песна на годината“ и „Најдобра поп-соло-изведба“.[26]

Во јануари 2013 година, Џепсен станала портпарол на брендот за облека и обувки Candie's.[27] На Џуно наградите во 2013 година, албумот Kiss бил прогласен за албум на годината и за поп-албум на годината, а „Call Me Maybe“ ја освоил наградата „Сингл на годината“.[28]

Пролетта 2014 година, Џепсел 12 недели глумела во Пепелашка, театарска претстава на Бродвеј во режија на Роџерс и Хамерштајн.[29][30] Во јуни 2014 година, Џепсен ја освоила наградата за меѓународно достигнување на SOCAN наградите.[31][32][33]

2015–денес: Следни изданија и други проекти

[уреди | уреди извор]
Џепсен настапува на нејзината турнеја „Gimmie Love“ во 2016 година

Џепсен го издала водечкиот сингл од нејзиниот трет албум, „I Really Like You“, во март 2015 година.[34] Во музичкото видео за песната учествувал глумецот Том Хенкс. Студискиот албум, под наслов Emotion, бил објавен во јуни 2015 година. Иако релативно послабо се продавал во споредба со Kiss, албумот добил признание од критиката и култни следбеници.[35][36][37] Албумот се искачил на осмо место во Канада и на 16-то место на американскиот Билборд 200.[35] Вториот сингл, „Run Away with Me", бил објавен во јули 2015 година.[38] Во декември 2015 година, Џепсен ја снимила тематската песна за серијата на Нетфликс Fuller House, римејк на темата за Full House.[39]

Во јануари 2016 година, Џепсен ја играла улогата на Френчи во Брилијантин во живо!, телевизиска презентација во живо на Фокс на мјузиклот Брилјантин.[40] Во рамките на нејзината улога, таа извела нова песна под наслов „All I Need Is an Angel“.[41] Во март 2016 година, таа била гостин-пејач на првиот студиски албум од The Knocks, 55.[42] Во август 2016 година, Џепсен го издала мини-албумот Emotion: Side B, EP со осум исечени песни од Emotion.[43] ЕР-то било пофалено од Rolling Stone[44] и Pitchfork. Во мај 2017 година, Џепсен го издала синглот „Cut to the Feeling“.[45] Песната прво требало да биде на албумот Emotion, но била употребена во анимираниот филм Балерина, во кој Џепсен ја толкувала споредната улога.[45]

Џепсен за време на нејзината турнеја во 2020 година

На почетокот од 2018 година, Џепсен била воведен изведувач на турнејата од Кети Пери, Witness: The Tour.[46] „Party for One“, водечкиот сингл од четвртиот студиски албум на Џепсен, бил објавен во ноември 2018 година.[47] Во февруари 2019 година таа објавила уште два сингла, „Now That I Found You“ и „No Drug Like Me“, по кои следувале „Julien“ и „Too Much“ како четврти и петти сингл, соодветно.[48][49] Во тоа време, Браун повеќе не бил менаџер на Џепсен, иако таа сè уште имала договор со Schoolboy Records.[50]

Нејзиниот четврти студиски албум, Dedicated, бил издаден на 17 мај 2019 година, а турнејата за поддршка на албумот започнала на 27 јуни.[51][52] На 21 мај 2020 година, бил објавен придружниот албум Dedicated Side B, кој содржел дванаесет дополнителни песни од Dedicated.[53] Во октомври 2020 година, Џепсен ја издала песната „It's Not Christmas Till Somebody Cries“.[54]

По објавувањето на Dedicated Side B, Џепсен навела дека заедно со долгогодишниот пријател и текстописец Тавиш Кроу, со кого ја напиша „Call Me Maybe“, прави „карантински албум“.[55] Во мај 2022 година, Џепсен на нејзиниот настап на Коачела го најавила водечкиот сингл од нејзиниот шести студиски албум, „Western Wind“, кој бил објавен на 6 мај 2022 година. Нејзиниот шести студиски албум, The Loneliest Time, бил објавен на 21 октомври 2022 година, а набргу потоа ги објавила вториот сингл од албумот, „Beach House“ и третиот сингл „Talking to Yourself“.[56][57] Песната The Loneliest Time во соработка со Руфус Вејнрајт, бил четврт и последен сингл од албумот, објавен на 8 октомври 2022 година. На платформата за социјални медиуми TikTok, песната станала вирална и имала речиси 200 000 видеа од нејзиното објавување, а меѓу тие видеа имало и познати личности како Меган Трејнор.[58] Албумот дебитирал на 18-то место на канадската топ-листа за албуми, 19-то место на Билборд 200 и на 16-то место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство, со што станал нејзин највисокопласиран албум во Обединетото Кралство во последните десет години.[59]

На 23 јуни 2023 година, Џепсен објавила нов диско-сингл „Shy Boy“. Спотот за песната бил црно-бело видео во кое Џепсен е на состанок со љубовник.[60] На 28 јули 2023 година, Џепсен го објавила нејзиниот седми студиски албум The Loveliest Time.[61]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Tug of War (2008)
  • Kiss (2012)
  • Emotion (2015)
  • Dedicated (2019)
  • Dedicated Side B (2020)
  • The Loneliest Time (2022)
  • The Loveliest Time (2023)
  1. „Polydor Records Artists“. Посетено на September 16, 2023.
  2. „Carly Rae Jepsen Biography“. AllMusic.
  3. 3,0 3,1 McLean, Steve (December 24, 2023). „Carly Rae Jepsen“. Encyclopædia Britannica.
  4. „2013 Allan Slaight Award Recipient Carly Rae Jepsen“. Canada's Walk of Fame.
  5. Zacharias, Yvonne (September 5, 2007). „Contest gives singer hope“. Vancouver Sun – преку PressReader.
  6. „Superstjernen afslører: Ja, jeg har danske aner“ [Superstar reveals: Yes, I have Danish ancestors]. Underholdning (дански). May 28, 2015.
  7. 7,0 7,1 Ouzounian, Richard (February 21, 2014). „Carly Rae Jepsen: The Big Interview“. Toronto Star.
  8. 8,0 8,1 Ugwu, Reggie (December 15, 2015). „What Makes Carly Rae Jepsen A Pop Star?“. BuzzFeed News.
  9. Carly Rae Jepsen – #VevoCertified, Pt. 2: Carly on the Start. https://www.youtube.com/watch?v=HVjwevPdpSs. 
  10. Devlin, Mike (October 17, 2012). „Before Call Me Maybe, Carly Rae Jepsen studied at Victoria's Canadian College of Performing Arts“. Times Colonist.
  11. Nunn, Jerry (February 19, 2016). „Carly Rae Jepsen Interview“. Nexus Radio.
  12. Conner, Shawn (May 13, 2016). „Carly Rae Jepsen wears her heart on her sleeve with Emotion“. The Vancouver Sun.
  13. Walsh, Danielle (November 27, 2012). „Carly Rae Jepsen's Morning Routine“. Bon Appétit.
  14. 14,0 14,1 14,2 Празен навод (help)
  15. TRUST, GARY (June 14, 2012). „Carly Rae Jepsen's 'Call Me Maybe' Hits No. 1 on Billboard Hot 100“. The Hollywood Reporter. Billboard.
  16. „Justin Bieber Congratulates Carly Rae Jepsen After 'Call Me Maybe' Tops Billboard Chart“. Capital. June 14, 2012.
  17. Trust, Gary (September 6, 2012). „Carly Rae Jepsen's 'Call Me Maybe' Is Billboard's Song of the Summer“. Billboard.
  18. Stewart, Allison (July 13, 2016). „In the aftermath of 'Maybe,' Carly Rae Jepsen keeps on rollin'. The Chicago Tribune.
  19. Strecker, Erin (July 24, 2012). „Carly Rae Jepsen and Owl City "Good Time" music video“. Entertainment Weekly.
  20. Smith, Grady (June 20, 2012). „Carly Rae Jepsen and Owl City have a 'Good Time' in a new collaboration: Hear it here“. Entertainment Weekly – преку Yahoo!.
  21. St. Asaph, Katherine (October 22, 2012). „How the Internet Killed Carly Rae Jepsen“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2022-10-03. Посетено на 2024-05-16.
  22. Cress, Jennifer (September 5, 2012). „This Is Crazy: Carly Rae Jepsen Models for Wet Seal“. People.
  23. „Carly Rae Jepsen to guest star on '90210'. Toronto Star. July 10, 2012.
  24. 'Call Me Maybe' singer Carly Rae Jepsen to guest star on '90210'. Digital Spy. July 9, 2012.
  25. „Carly Rae Jepsen Named Billboard's 'Rising Star' of 2012“. Billboard. October 25, 2012.
  26. Kaufman, Gil (December 6, 2012). „Grammy Nominations Leave Carly Rae Jepsen 'Over The Moon'. MTV News. Архивирано од изворникот на 2024-03-05. Посетено на 2024-05-16.
  27. „Carly Rae Jepsen's Sweet Candie's Campaign“. Yahoo!. January 23, 2013.
  28. „Juno Awards: Carly Rae Jepsen big winner“. CBC News. April 22, 2013.
  29. Kepler, Adam W. (December 29, 2013). „New Role for Carly Rae Jepsen: Cinderella“. The New York Times.
  30. HETRICK, ADAM (June 8, 2014). "Call Me Maybe" Singer Carly Rae Jepsen Exits Broadway's Cinderella“. Playbill.
  31. „SOCAN Awards fete Carly Rae Jepsen, Drake, Gordon Lightfoot“. CBC News. June 17, 2014.
  32. (10 јуни 2014). "Drake, Gordon Lightfoot, Carly Rae Jepsen Among Honourees at 25th Anniversary SOCAN Awards". Соопштение за печат.
  33. „Gordon Lightfoot, Drake, Carly Rae Jepsen honoured by SOCAN Awards“. The Globe and Mail. The Canadian Press. June 16, 2014.
  34. PR Newswire (2 март 2015). "Carly Rae Jepsen Releases Brand-New Single "I Really Like You" Today - Track Now Available Now From All Digital Partners". Соопштение за печат.
  35. 35,0 35,1 Lindsay, Cam (December 14, 2015). „Why Did Carly Rae Jepsen's E•MO•TION Flop Commercially?“. Vice Media.
  36. Savage, Mark (December 18, 2015). „How Carly Rae Jepsen shrugged off Call Me Maybe“. BBC News.
  37. Kost, Ryan (February 10, 2016). „Carly Rae Jepsen finds new audience with 'Emotion'. San Francisco Chronicle.
  38. KREPS, DANIEL (July 17, 2015). „Watch Carly Rae Jepsen's Jet-Setting, Personal 'Run Away With Me' Video“. Rolling Stone.
  39. Weiner, Natalie (December 24, 2015). „Carly Rae Jepsen Did the Theme Song for the 'Full House' Netflix Reboot“. Billboard.
  40. Weiss, Norman (September 30, 2015). „Carly Rae Jepsen and Jessie J Join Fox's 'Grease: Live'. TV Insider.
  41. Littleton, Cynthia (January 16, 2016). 'Grease Live' Cast Talks New Song, 'Joy and Exuberance' of Ambitious Live Event“. Variety.
  42. „The Knocks Reveal New Album Details, Share 'New York City' Featuring Cam'ron“. The Fader. November 17, 2015.
  43. Kaplan, Ilana (August 22, 2016). „Carly Rae Jepsen Will Release 'E•MO•TION: Side B' to Celebrate One-Year Anniversary“. Spin.
  44. „20 Best Pop Albums of 2016“. Rolling Stone. December 19, 2016.
  45. 45,0 45,1 Servantes, Eric (May 25, 2017). „Carly Rae Jepsen – "Cut to the Feeling". Spin.
  46. Kaufman, Gil (August 17, 2017). „Katy Perry Pushes Back Start of Witness Tour Due to 'Unavoidable Production Delays'. Billboard.
  47. DAMSHENAS, SAM (October 31, 2018). „Carly Rae Jepsen announces new single Party For One“. Gay Times.
  48. Blais-Billie, Braudie (February 27, 2019). „Carly Rae Jepsen Shares 2 New Songs: Listen“. Pitchfork.
  49. „Carly Rae Jepsen Announces New Album 'Dedicated'. Stereogum. April 1, 2019.
  50. „How Carly Rae Jepsen Became the Queen of Niche Pop“. BuzzFeed News. May 22, 2019.
  51. Hussein, Wandera (April 1, 2019). „Carly Rae Jepsen announces new album Dedicated, reveals U.S. tour dates“. The Fader.
  52. Yoo, Noah; Strauss, Matthew (April 1, 2019). „Carly Rae Jepsen Announces New Album Dedicated and Tour“. Pitchfork.
  53. Lewis, Jon (May 21, 2020). „Carly Rae Jepsen Releases 'Dedicated Side B,' the Album We All Needed“. NPR.
  54. „Carly Rae Jepsen“. Billboard.
  55. Snapes, Laura (May 22, 2020). „Carly Rae Jepsen's lockdown listening: 'My fridge caught on fire!'. The Guardian.
  56. „Carly Rae Jepsen Announces New Album The Loneliest Time“. Stereogum. August 2, 2022. Архивирано од изворникот на August 2, 2022. Посетено на August 2, 2022.
  57. Kenneally, Cerys (September 13, 2022). „Carly Rae Jepsen previews new single "Talking to Yourself". The Line of Best Fit. Архивирано од изворникот на September 13, 2022. Посетено на September 13, 2022.
  58. Skinner, Tom (October 5, 2022). „Carly Rae Jepsen to release a new single with Rufus Wainwright this week“. NME. Архивирано од изворникот на October 5, 2022. Посетено на October 5, 2022.
  59. „Taylor Takeover! Taylor Swift scores biggest opening week of her career to land the Official Chart double with Midnights and Anti Hero“. Official Charts Company. October 28, 2022. Посетено на October 28, 2022.
  60. Duran, Anagricel (June 23, 2023). „Carly Rae Jepsen shares vivacious new single 'Shy Boy'. NME. Посетено на July 6, 2023.
  61. Kelly, Tyler Damara (July 6, 2023). „Carly Rae Jepsen announces companion album to The Loneliest Time“. The Line of Best Fit. Посетено на July 6, 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]