Знаме на Литванската Советска Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
FIAV historical.svgЗнаме на Литванската ССР.

Знамето на Литванската Советска Социјалистичка Република било усвоено на 15 јули, 1953 година од страна на владата на тогашната влада на Литванската ССР. Ова знаме било во употреба до 18 ноември, 1988 година, кога било заменето со денешното знаме на Литванија.

Дизајн[уреди | уреди извор]

Знамето било во црвена боја, а преку долниот дел на знамето хоризонтално се протегале бела и зелена лента. Црвениот дел опфаќал 2/3 од знамето. Во горниот лев агол се наоѓале златен срп и чекан, а над нив петокрака. Веќе во 1988 година, Михаил Горбачов допуштил поголема автономија на Балтичките држави, така што Литванската ССР на 18 ноември го усовила знамето од 1918 година, дури две години пред прогласувањето на независност од Советскиот Сојуз.

Првото знаме на Литванската ССР било усвоено на 30 јули, 1940 година. Во горниот лев агол стоел срп и чекан, а над нив имало натпис на литвански јазик LIETUVOS TSR (Литванска Советска Социјалистичка Република).

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]