Знаме на Закавкаската Советска Федеративна Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Закавкаската Советска Федеративна Социјалистичка Република
}}
Сразмер 1:2
Усвоено 13 декември 1922

Знаме на Закавкаската Советска Федеративна Социјалистичка Република (ЗСФСР) — обележје на Закавкаската Советска Федеративна Социјалистичка Република од почетокот на републиката, па сè до нејзиното укинување во 1936 г.

Во уставот на ЗСФСР 1922 г. стои:

Знамето на Кавкаската Социјалистичка Федеративна Советска Репубглика се состои од основа со црвена (алова) боја, во чиј агол, кај самиот јарбол, врз тоа полукружно се испишани златни букви „З.С.Ф.С.Р.“, а под нив, во левиот агол, црвена, порабена со злато петокрака ѕвезда.[1]

Во уставот од 1925 г. е дополнето дека сразмерот на знамето изнесува 1:2.

Знамето е укинато на 5 декември 1936 г. со престанокот на републиката и нејзината поделба на Азербејџанска, Грузиска и Ерменска ССР — секоја со свое знаме.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В. А. Соколов, Вексиллологический справочник по флагам Российской империи и СССР, т.1, М, РИЦ МГИУ, 2002

Надворешни врски[уреди | уреди извор]