Знаме на Естонската Советска Социјалистичка Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
FIAV historical.svgЗнаме на Естонската ССР.

Знамето на Естонската Советска Социјалистичка Република било усвоено на 6 февруари 1953 година од страна на владата на тогашната Естонска ССР. Било во употреба до 7 август 1990 година кога било заменето со денешното знаме на Естонија.

Дизајн и историја[уреди | уреди извор]

Знамето било со црвена боја и со сино-бели брановидни линии кои го симболизираат Балтичкото море. Во горниот лев агол се наоѓа златен срп и чекан над кои се наоѓа петокрака.

Пред усвојувањето на ова знаме, од 27 јули, 1940 година во употреба било знаме со црвена боја со златен срп и чекан во горниот лев агол над кои стоел натпис на латиница ENSV (естонски: Eesti Nõukogude Sotsialistlik Vabariik).

Историски знамиња[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]