Женска кошарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Играч на Вебер Интернешенл (црн дрес) се обидува да оствари слободно фрлање против Стетсоновиот универзитет (бели дресови), на 30 ноември 2018 година.

Женска кошаркаекипниот спорт кошарка што го играат жени. Спортот да биде игран во 1892 година, една година по машката кошарка, на Смитовиот колеџ во Масачусетс. Се раширил низ Соединетите Држави, во голем дел преку женски натпревари на колеџ, и оттогаш се проширил на глобално ниво.[1] Од 2020 година, кошарката е еден од најпопуларните и најбрзо растечки спортови во светот.[2]

Постојат повеќе професионални лиги и турнири за професионални кошаркарки. Главната северноамериканска лига е ВНБА.[2] Светскиот куп во кошарка на ФИБА и Женскиот олимписки турнир во кошарка ги прикажуваат врвните репрезентации од континенталните првенства.[3] Во Соединетите Држави, популарно е и Женскиот турнир на Првата дивизија на НЦАА.[4] Во Женската Евролига учествуваат најсилните европски женски кошаркарски клубови. [2]

Рана женска кошарка[уреди | уреди извор]

Женска кошаркарска екипа на Универзитетот во Калифорнија-Беркли, фотографирана во 1899 година.

Женската кошарка започнала во есента 1892 година на Смитовиот колеџ. Сенда Беренсон, неодамна ангажирана како млад професор по предметот физичко во Смитовиот колеџ, им предавала кошарка на своите ученици, надевајќи се дека оваа активност ќе го подобри нивното физичко здравје.[5] Додека за мажите, кошарката била дизајнирана како додаток во затворен простор на постоечките тимски спортови како што се бејзбол и фудбал, кошарката станала првиот женски екипен спорт, а набргу потоа следеле хокејот, веслањето и одбојката. Раните приврзаници на кошарката биле поврзани со ММХЗ (YMCA) и колеџи низ Соединетите Држави, а играта брзо се проширила низ целата земја.[6]

Неодамнешна женска кошарка[уреди | уреди извор]

Популарноста на женската кошарка постојано растела низ светот со децении. До 1970-тите, спортот го привлекло вниманието на Меѓународниот олимписки комитет, кој ја додал женската кошарка како службен спорт на Олимписките игри 1976; додека мажите дебитирале во 1936 година. Во текот на 1970-тите, финансирањето и интересот за женската кошарка почнал драматично да се зголемува бидејќи училиштата кои добиваат федерално финансирање почнаа да се усогласуваат со новите закони кои наложуваат недостаток на дискриминација врз основа на пол. Првата професионална кошаркарска лига за жени во Соединетите Држави, била основана во 1978 година како Женска кошаркарска лига. Оваа лига се натпреварувала три сезони, започнувајќи во 1979 година со 8 екипи. Лигата се проширила на 14 екипи во 1980 година. Финансиските прашања, лошото рекламирање и откажувањето на учеството на Соединетите Држави на Летните олимписки игри 1980 сериозно влијаеле на одржливоста на лигата и таа пропаднала на крајот од третата сезона во 1981 година. Следниот голем развој во женската кошарка се случил во 1982 година кога Националноти студентско атлетско здружение (НЦАА) почна да го спонзорира спортот. По неколку неуспешни обиди во женските професионални лиги во САД, НБА ја основала ЖНБА/ВНБА во 1996 година.

Големина на кошаркарска топка[уреди | уреди извор]

Регуларната топка на ЖНБА е минимум 72,4 цм во обем, која е 2,54 цм помала од топката на НБА. Ова е топка со стандардна големина 6. Почнувајќи од 2008 година, оваа големина се користи за сите женски натпревари на сениорско ниво ширум светот.[7]

Семафор за 24 секунди[уреди | уреди извор]

Часовникот за 24 секунди во ЖНБА бил променет од 30 на 24 секунди, што е во игра на ФИБА од 2000 година, а се користи од НБА откако за првпат бил воведен часовникот за шут во 1954 година. И машката и женската студентска кошарка на НЦАА користат часовник со шут од 30 секунди; машкиот часовник бил воведен во 1985 година со 45 секунди, спуштен на 35 секунди во 1993 година и 30 секунди во 2015 година.

Натпреварувања[уреди | уреди извор]

Олимписки игри[уреди | уреди извор]

Женската кошарка се натпреварува на Летните олимписки игри од 1976 година.

Година Домаќин Натпревар за злато Натпревар за бронза
Златен медалист Резултат Сребрен медалист Бронзен медалист Резултат Четврто место
1976

поединости
Монтреал
СССР
Лигашки пласман
САД

Бугарија
Лигашки пласман
Полска
1980

поединости
Москва
СССР
104–73
Бугарија

Југославија
68–65
Унгарија
1984

поединости
Лос Анџелес
САД
85–55
Јужна Кореја

Кина
63–57
Канада
1988

поединости
Сеул
САД
77–70
Југославија

СССР
68–53
Австралија
1992

поединости
Барселона Olympic flag.svg

Обединета екипа
76–66
Кина

САД
88–74
Куба
1996

поединости
Atlanta
САД
111–87
Бразил

Австралија
66–56
Украина
2000

поединости
Сиднеј
САД
76–54
Австралија

Бразил
84–73
Јужна Кореја
2004

поединости
Атина
САД
74–63
Австралија

Русија
71–62
Бразил
2008

поединости
Пекинг
САД
92–65
Австралија

Русија
94–81
Кина
2012

поединости
Лондон
САД
86–50
Франција

Австралија
83–74
Русија
2016

поединости
Рио де Жанеиро
САД
101–72
Шпанија

Србија
70–63
Франција
2020[б 1]
поединости
Токио
САД
90–75
Јапонија

Франција
91–76
Србија
  1. Летните олимписки игри 2020 биле одржани во 2021 година поради пандемијата на КОВИД-19.

Европа[уреди | уреди извор]

Руската женска кошаркарска прва лига е доминантна лига во Европа (во голема мера поради тоа што е главната привченост на играчите на ЖНБА за време на вонсезоната). Други значајни лиги се италијанската Серија А1, шпанската Лига Феменина и турската Супер лига.

ЖНБА[уреди | уреди извор]

Женската национална кошаркарска асоцијација или ЖНБА (WNBA) е организација која управува со професионалната кошаркарска лига за жени во Соединетите Држави. ЖНБА била создадена во 1996 година како женски пандан на Националната кошаркарска асоцијација, а лигата започна во 1997 година. Редовната сезона на ЖНБА е од јуни до септември (северноамериканска пролет и лето). Повеќето екипи од ЖНБА играат на истото место како и нивните колеги од НБА. Повеќето имиња на тимови се исто така многу слични со оние на екипите од НБА на истиот пазар, како што се Вашингтон Визардс и Вашингтон Мистикс, Минесота Тимбервулвс и Минесота Линкс.

Филмови поврзани со женската кошарка[уреди | уреди извор]

Документарни филмови[уреди | уреди извор]

  • Off the Rez — документарец од 2011 година за телевизиската мрежа TLC за патувањето на идниот играч на ЖНБА, Шони Шимел од Уматилскиот домородноамерикански резерват, каде што била израсната во Портланд во средно училиште, и на крајот на Универзитетот во Луисвил.
  • Таа има игра“ (She Got Game) се заснова на средношколскиот кошаркарски успех на Бриџид Туи Хемфри[се бара извор]
  • @Правила за тренирање# (Training Rules) — dокументарец од 2009 година што испитува како женските студентски спортови, фатени во мрежата на хомофобични практики, договараат уништување на животите и соништата на многу од нејзините најталентирани спортисти.

Театарски изданија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Икона за портал Портал: „Спорт

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Grundy, Pamela; Shackelford, Susan (1 ноември 2017). Shattering the Glass: The Remarkable History of Women's Basketball (англиски). UNC Press Books. ISBN 9781469626017.
  2. 2,0 2,1 2,2 Abrams, Jonathan; Weiner, Natalie (16 октомври 2020). „How the Most Socially Progressive Pro League Got That Way“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 11 август 2022.
  3. „Field completed for Olympic women's basketball tournament - Xinhua | English.news.cn“. www.xinhuanet.com. Архивирано од изворникот на 10 јануари 2021. Посетено на 11 август 2022.
  4. Brassil, Gillian R. (14 декември 2020). „N.C.A.A. Will Hold 2021 Women's Basketball Tournament in One Region“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 11 август 2022.
  5. Senda Berenson papers, Smith College Archives, CA-MS-00037, Smith College Special Collections, Northampton, Massachusetts.
  6. Myerscough, Keith (1995-04-01). „The game with no name: the invention of basketball“. The International Journal of the History of Sport. 12 (1): 137–152. doi:10.1080/09523369508713887. ISSN 0952-3367.
  7. „Official Basketball Rules 2008“ (PDF). FIBA. 26 април 2008. стр. 12. Посетено на 11а вгуст 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]