Давид
Давид | |||||
---|---|---|---|---|---|
Цар на Израелско-Јудејското Царство | |||||
Давид од Педро Беругете | |||||
На престол | 1005 – 965 п.н.е. | ||||
|
Давид (хебрејски: דוד драг, љубен) по Светото писмо бил вториот цар (крал) на Израелско-Јудејското Царство. Според преданието, Давид бил наследник на првиот цар, Саул и владеел од 1005 година п.н.е. до 965 година п.н.е. Неговиот наследник е Соломон, неговиот син. Давид е познат како голем писател, музичар и пејач.
Според преданието, Бог го избрал Давид и му дал ветување дека неговата лоза никогаш нема да биде уништена. Евреите сметаат дека Месијата кој се очекува да се роди треба да биде потомник на Давид. Според христијаните Исус Христос бил директен потомок на Давид. Владеењето на Давид или неговото постоење сè уште не може да се докаже, односно времето, траењето, неговиот живот. Најстарите пишани документи датираат од 9 век п.н.е. од таканаречениот натпис Тел Дана. За христијанството, јудаизмот и исламот културното предание за царот Давид има големо значење.
Детство
[уреди | уреди извор]Давид се родил во Витлеем како најмлад син на Јесеј. Како млад, израелскиот пророк Самоил го поучувал на разни работи. Давид дошол пред дворот на царот Саул кој во тој момент бил болен. Давид свирајќи на харфа го истерал лошиот дух од Саул. Затоа, поради овој голем чин, Давид станал најголем миленик на Саул. Според друга легенда, Давид бил обичен војник кој успеал да го победи на најдобриот дотогаш борец Голијат. Поради овој чин тој станал и царски зет.
Давид во прогонство
[уреди | уреди извор]Во неговиот двор, Саул се покажал како многу љубоморен поради сето знаење кое го поседувал Давид и бидејќи тој се покажал како многу поголем јунак од Саул. Затоа Саул се обидел да го убие, но со помош на неговото семејство Давид побегнал. Во тоа бегство, Саул наредил 3000 војници да го бараат и да го убијат Давид. Еднаш, додека Давид свирел и пеел, Саул го фрлил своето копје кон Давид но за нечија среќа тоа не завршило во него. Самата рака на Мелхола Давид не ја добива толку лесно – тој треба да изврши редица тешки задачи, како на пример да донесе како дар на царот 300 парчиња од кожата која останува по обрежувањето на машкиот полов орган, кое за тоа време не било многу прифатено од страна на Евреите. Исто така, на Саул не му се допаѓало и големото пријателство помеѓу неговиот син Јонатан и Давид.
Прогласување за цар
[уреди | уреди извор]Според некои истражувачи, Саул загинал во борбата против Филистијците. Со него заедно пострадал и неговиот син Џонатан за кој самиот Давид тврдел дека го почитува и љуби повеќе и од својата жена. И бидејќи во царството на Саул не се наоѓал престолонаследникот, Давид во Хеврон бил прогласен и крунисан за цар на Јудеја. Од овде започнува и поделбата на Израелското царство на северно царство Израел и јужно царство Јудеја, кое ќе се осети дури во времето на Соломон. Со текот на времето, цар Давид прераснал за еврејскиот народ во Завет. Тој го освоил Ерусалим, кој град станал и најголемиот политички и религиозен центар на Израел. Давид водел многу борби со соседните држави (кои се инаку со исламска вероисповед) и успеал да ја задржи својата врховна власт.
Цар Давид
[уреди | уреди извор]По смрта на Саул (според други, загинал за време на битка од раката на својот телохранител), Давид (2 Цареви гл. 1-19) застанал на чело на Израелско-јудејското царство. Давид успеал да ја обнови својата држава, го дал почетокот на градбата на нови градови, канализации, тврдини особено во главниот град Ерусалим. Во времето на Давид Израилското царство придобило авторитет во соседните држави и станало важен политички фактор за реонот каде во околината владеела муслиманската религија.
Израелските цареви во тоа време биле познати по тоа што се вљубувале во најразлични егзотични жени. За време на воените походи против Амониџан, Давид се заљубил во Витсавеја, сопругата на својот војсководец Уриј Хетеин. Во почетокот нивната врска не им била во најдобар однос бидејќи жената била омажена за еден од војниците на Давид. На бојното поле Давид го убил скришно својот најдобар војник, само и само за да се ожени со неговата сопруга која, по му станала негова осма жена по ред. Пророкот Натан го преколнал на Давид со Божја казна дека првото дете со својата нова сопруга тој ќе го изгуби. Така и станало, детето умрело. И покрај овој грев, Давид останал избраник од Бог , но не му било “дозволено“ да го изгради Божјиот храм. Тоа подоцна му успеало на неговиот втор син од Витсавеја, Соломон.
Последните денови на Давид се многу тажни. Библијата разкажува дека за да се спасил од големиот студ кој го чувствувал Давид кај него секој ден доаѓало по некое мало дете под неговата завивка сè со цел да се стопли но и тоа не му помагало.
Давид и Библијата
[уреди | уреди извор]Според верувањата на царот Давид му се препишуваат повеќе авторства кои се вклучени во Библијата. Тоа авторство е многу веројатно со оглед на славата, која Давид ја имал како поет и свирач на харфа. Меѓу најизвестните му говори се №21 („Боже мој, Боже мој, зошто си ме оставил” – зборовите кои Исус Христос ги кажал на крстот) .
Давид и Месијата
[уреди | уреди извор]Според древната јудејска традиција се очекува да се открие новиот месија кој ќе биде директен потомок на Давид. Затоа и христијанството Исус Христос го смета за директен потомец на Давид.
Давид во научната историја
[уреди | уреди извор]Археолошки докази за Давид и неговото владеење сè уште нема, што значи дека дека неговото владеење заедно со неговиот син Соломон можеби и не било од толку големи размери како што пишувале подоцнешните генерации, односно дека големото израелско царство се протегало од реката Еуфрат до Црвеното Море. Според некои египетски и асирски извори, најпрвин Давид бил еден мал, локален владетел. Во негово време, градот Ерусалим имал околу 1500 жители и во однос на метрополите во Египет и Месопотамија бил многу мал град.
Од друга страна, мора да се земе предвид дека израелските племиња се биле сѐ уште во транзиција од сточарско племе без голема надеж за создавање на едно поголемо државно уредување. Овде настанува и прашањето: Доколку едно такво племе со таков мал степен на културен, државен и социјален развој е можно да создаде толку голема, способна држава која е опишана во подоцнешните преданија и да остави толку големи трага за цивилизацијата? Дали се ова е всушност можно?
Според Библиското гледиште, владеењето на Давид и Соломон е претставено во способна да се одбрани од своите непријатели. Некои историчари сметаат дека кралот Давид никогаш и не постоел и дека само припаѓа на легендите како на пример Агамемнон. Во античкиот град Мари во северна Месопотамија бил пронајден натпис за војската на Давид. Ова може да било и само како не назив за кралот а воен назив.
Давидова ѕвезда
[уреди | уреди извор]Според некои извори, Давидовата ѕвезда била користена за времето на владеењето на Давид, а според некои дури во XIII век .
Давид, Цар на Израел и Јудеја Помлада гранка на Јудиното племе
| ||
Нова титула Сепаратистички бунт против Израел
|
Цар на Јудеја : 1007 п.н.е. – 1005 п.н.е. |
Наследник Соломон |
Претходник Исвостеј |
Цар на Израелско-јудејското царство : 1005 п.н.е. – 967 п.н.е. |
Кралот Давид како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Кралот Давид се јавува како тема во уметноста и во популарната култура. Во тој поглед можат да се наведат бројни примери на книжевни и музички дела посветени на него, како:
- „Крал Давид“ - песна на германскиот поет Хајнрих Хајне.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 39.
|
|
|