Прејди на содржината

Енох (син на Јаред)

Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоимениот син на Каин, видете Енох (син на Каин).
Енох, синот на Јаред

Енох (библиски хебрејски: חנוך) — старозаветна личност што живеела пред Големиот потоп, седмиот патријарх, почнувајќи од Адам.[1] Тој е потомок на Сит, син на Јаред и татко на Матусал, дедо на Ламех, прадедо на Ное (Бит. 5:18–28). Неговото пророштво „Господ доаѓа со десет илјади Свои свети ангели за да изврши пресуда над сите“ е пренесено во новозаветниот текст (Јуда 1:14–15). Како награда за неговото благочестие и вера, Бог „го зел“ од земјата, ослободувајќи го од смртта предизвикана од гревовите на неговите прародители (Евр. 11:5). Неговото појавување, заедно со пророкот Илија, се очекува пред второто Христово доаѓање.

Хронологија

[уреди | уреди извор]

Според Јосиф Волоцки, тој живеел повеќе од 4000 години пр. н. е. Според книгата Битие, бил однесен кај Бога на 365-годишна возраст поради неговото благочестие.

Родословие

[уреди | уреди извор]
АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМалелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМатусал
Ламех
Ное
СимХамЈафет

За предците

[уреди | уреди извор]

Енох е „седмиот од Адам“ според книгата Битие и Посланието на Јуда (Бит. 5:1–18, Јуда 1:14). Неговите предци биле Адам, Сит, Енос, Каинан, Малелеил и Јаред. Јаред имал 162 години кога се родил Енох.

Од десетте „праотци“, Енох живеел најкраток живот и бил првиот што „Бог го зел“, израз што се користи двапати во книгата Битие. Вака е опишан и неговиот правнук Ное. Апостол Павле го парафразирал ова како „му угодил на Бога“ и забележал дека Енох бил однесен на небесата без да умре.

Во Книгата на јубилеите се споменува жената на Енох — Адни.

Ерменскиот историчар Мхитар Ајриванеци ја споменал жената на Енох — Јаднер.[2]

За децата

[уреди | уреди извор]

Потомците на Енох: синот Матусал, внукот Ламех, правнукот Ное ги родил Сим, Хам и Јафет (праправнуци на Енох).

  1. Ализаде А. А. Идрис // Исламский энциклопедический словарь. — М. : Ансар, 2007. — ISBN 978-5-98443-025-8. (руски)
  2. Мхитар Айриванеци. Хронографическая история — Второй труд, 1287. (руски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]