Ила (крал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ила
Elah of Israel.png
Ила претставен во делото Promptuarii Iconum Insigniorum на Гијом Рује
Крал на Северен Израил
На престол 886–885 п.н.е.
Претходник Баша, неговиот татко
Наследник Замвриј

Ила (хебрејски: אֵלָה Ēlā; грчки: Ἠλά; латински: Ela) ― четвртиот крал на Израел, син и наследник на Баша. Вилијам Ф. Олбрајт го датира неговото владеење со 877-876 п.н.е., додека Е.Р. Тил ги нуди датумите 886-885 п.н.е.[1] Некои споменувања предложуваат дека Замвриј може да бил далечен роднина на Ила.

Поглавјето 16 од 1 Царевите раскажува како Ила и сите членови на неговото семејство биле убиени од неговиот командант на кочиите, Замвриј, кој станал негов наследник.

Библиско споменување[уреди | уреди извор]

(1 Царевите 16)

Ила, крал на Израел

8 Башовиот син Ила стана крал над Израил во Тирца во дваесет и шестата година од царувањето на јудејскиот крал Аса и царуваше две години.

9 Против него стана Замвриј, него­виот слуга и старешина на половината негови бојни коли, кога се беше напил во Тирца, во домот на Арца, надзорник на дворецот во овој град.

10 Замвриј влезе, го удри и го уби Ила во дваесет и седмата година на јудеј­скиот крал Аса, и стана цар место него.

11 Кога стана цар и седна на престо­лот негов, тој го истреби целиот дом на Баша, не оставајќи му од семејството ниту едно машко, ни роднините негови, ни пријателите негови.

12 Замвриј го истреби целиот Башов дом, според словото на Господ што го беше изрекол Тој за Баша преку пророкот Јуј,

13 за сите гревови на Баша и за гре­вовите на неговиот син Ила што го вр­шеа тие самите и со кои го наведоа во грев Израел, дразнејќи Го Господ, Бог Израелов, со своите идоли.

14 Другите дела на Ила, и сѐ што беше извршил, се опишани во летописите на израелските кралеви.

Забелешка: Во македонската верзија на Библијата, владетелите се означувани како цареви, иако немаат особини како такви видови на владетели и статус.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Edwin Thiele, The Mysterious Numbers of the Hebrew Kings, (1st ed.; New York: Macmillan, 1951; 2d ed.; Grand Rapids: Eerdmans, 1965; 3rd ed.; Grand Rapids: Zondervan/Kregel, 1983). ISBN 0-8254-3825-X, 9780825438257

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ила (крал)
Владејачки титули
Претходник
Баша
Крал на Израил
886–885 п.н.е.
Наследник
Замвриј