Баша (крал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Баша
Baasha of Israel.png
Баша од делото Promptuarii Iconum Insigniorum на Гијом Рује
Крал на Северен Израил
На престол909–886 п.н.е.
ПретходникНадав
НаследникИла, неговиот син

Баша (хебрејски: בַּעְשָׁא) ― третиот крал на северното израелитско Кралство Израил. Тој бил син на Ахија од племето Исахар. Приказната на Баша е раскажана во (1 Царевите 15:16-16:72:8).

Владеење[уреди | уреди извор]

Баша станал крал на Израил во третата година на Аса, кралот на Јудеја. (1 Царевите 15:28) Вилијам Ф. Олбрајт го датира неговото владеење во 900-877 пр.н.е., додека Е.Р. Тил ги нуди датумите 909-886 пр.н.е.[1] Баша дошоле на власт со убиство на претходниот крал, Надав, во Гибетон, проследено со целиот Дом на Јеровоам (таткото и претходникот на Надав). Баша претходно бил капетан во војската на Надав. Се чини дека како и многу воени водачи, тој се има воздигнато од непознанството. Еврејската енциклопедија предложува дека бидејќи потекнува од племето Исахар, „тој можеби претставувал месна фракција“.[2]

Во текот на неговото 24-годишно владеење,[3] Баша војувал со Аса, јудејскиот крал. Тој го осојузил Израил со Арам-Дамаск и се обидел да ја задуши трговијата на Јудеја со утврдувањето на Рама, град 8 км северно од Ерусалим.[4] Кралот Аса Јудејски тогаш го подмитил кралот Вен-Адад на Арам-Дамаск да ја сменат страната и да го нападне Израил, предизвикувајќи губење на голема територија во Дан и Нафтали северозападно од Галилејското Езеро. Баша бил принуден да се повлече од Рама. Аса Јудејски ги искористил материјалите на напуштената тврдина за зајакнување на неговите гранични градови, Геба и Мизпа.[2]

Иако Баша останал на власт доживотно, тој не останал без своите противници. Пророкот Јеху, син на Ханани, претскажал уништување на неговата династија, што се случило со убиството на синот на Баша, Ила.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Edwin Thiele, The Mysterious Numbers of the Hebrew Kings, (1st ed.; New York: Macmillan, 1951; 2d ed.; Grand Rapids: Eerdmans, 1965; 3rd ed.; Grand Rapids: Zondervan/Kregel, 1983). ISBN 0-8254-3825-X, 9780825438257
  2. 2,0 2,1 "Baasha", Jewish Encyclopedia
  3. (1 Царевите 15:33)
  4. Barnes' Notes on 1 Kings 15, Посетено на 21 октомври 2021

 

Баша (крал)
Владејачки титули
Претходник
Надав
Крал на Израил
909–886 п.н.е.
Наследник
Ила