Прејди на содржината

Енос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Енос
ПартнерНоама
ДецаКаинан и повеќе синови и ќерки
РодителиСит (татко)
Азура (мајка)

Енос (библиски хебрејски: אֱנוֹשׁ בן שת) — старозаветна личност, син на Сит, татко на Каинан; третиот патријарх, почнувајќи од Адам. Според книгата Битие, Енос живеел 905 години.[1]

Според христијанството, тој е дел од родословието на Исус Христос како што е споменато во Лука 3:38. Енос се споменува и во исламот во различните збирки приказни на претисламските пророци, кои го почитуваат на ист начин. Понатаму, раните исламски историчари како Ибн Исхак и Ибн Хишам секогаш го вклучувале неговото име во родословието на исламскиот пророк Мухамед.[2]

Семејство

[уреди | уреди извор]

Во Книгата на јубилеите се споменува името на жената на Енос — Ноама.

Мхитар Ајриванеци ја споменува жената на Енос — Ноена.

АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМалелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМатусал
Ламех
Ное
СимХамЈафет
  1. Битие 5 | MK2006D Bible | YouVersion.
  2. Ibn Ishāq, Sīrat Rasūl Allāh, tr. A. Guillaume (Oxford: Oxford University ress, 2004), p. 3

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]