Готфрид Федер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Готфрид Федер
националсоцијализам
Роден27 јануари 1883(1883-01-27)
Вирцбург,  Кралство Баварија, Германско Царство
Починал24 септември 1941(1941-09-24) (возр. 58)
Мурнау на Штафелзе
Трет Рајх
НационалностГерманец
УстановаБерлински технички универзитет
Полеурбанизам
Алма матерУниверзитет „Хумболт“
Влијаел врзАдолф Хитлер, Узо Нишијама
Придонесинационалсоцијализам
штрасеризам
антикапитализам
плански град
длабок темел

Готфрид Федер (германски: Gottfried Feder; 27 јануари 1883 - 24 септември 1941) — германски антикапиталистички и антисемитистички економист, еден од првите клучни членови на НСДАП и економски теоретичар на партијата. По неговата заслуга Хитлер се приклучил кон партијата во 1919 г.

До Првата светска војна и основањето на ДАП[уреди | уреди извор]

Федер е роден во Вирцбург, Германија, на 27 јануари 1883 како син на граѓанскиот службеник Ханс Федер и Матилда Федер. По посетувањето на хуманистички училишта во Ансбах и Минхен, студирал инженерство во Берлин и Цирих. По матурирањето, основал градежна компанија во 1908, којашто била делумно активна и во Бугарија каде што изградила неколку државни градби.

Од 1917 понатаму, Федер учел финансиска политика и економија. Кај него се развило непријателство кон богатите банкари за време на Првата светска војна и го напишал манифестот против земјопоседниците „Brechung der Zinsknechtschaft“ во 1919. По ова следело создавањето на единица за тие цели којашто се борела за национализација на сите банки и укинување на каматата. Истата година, Федер, заедно со Антон Дрекслер, Дитрих Екарт и Карл Харер, бил вклучен во основањето на Германската работничка партија (Deutsche Arbeiterpartei, DAP; ДАП), која подоцна го променила името во Националсоцијалистичка германска работничка партија (Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei).

Адолф Хитлер се запознал со него во 1919 година, по што Федер станал негов советник за финансии и економија. Тој го инспирирал Хитлер за неговата одвратност кон „еврејскиот финансиски капитализам“.

Во дваесеттите години[уреди | уреди извор]

Во февруари 1920, заедно со Адолф Хитлер и Антон Дрекслер, Федер ги претставил своите антикапиталистички погледи и ги внел во партиската програма. Кога програмата била претставена на 24 февруари 1920, повеќе од 2 000 луѓе присуствувале на собирот. Подоцна, неговите 25 точки, придружени со подолги коментари, циркулирале низ Германија во тираж од неколку стотици илјади копии.[1] Федер Федер учествувал во неуспешниот државен удар од 1923 година. По апсењето на Хитлер, тој останал еден од водачите на партијата и бил избран во Рајхстагот во 1924, каде што останал до 1936 и барал укинување на „ропството на каматата“ и одземање на имотот на Евреите. Тој останал еден од водачите на антикапиталистичкото крило од НСДАП и издал неколку есеи, вклучувајќи го и „Националните и социјалните основи на Германската држава“ (1920), „Програмата на НСДАП и светските погледи на коишто се заснова“ (Das Programm der NSDAP und seine weltanschaulichen Grundlagen, 1927) и „Што сака Адолф Хитлер?“ (Was will Adolf Hitler?, 1931).

Федер раководел со официјалните погледи на НСДАП кон финансиската политика, но подоцна станал претседател на партиското економско советништво во 1931. Неговите антикапиталистички погледи довеле до огромен пад на финансиската поддршка од главните германски индустријалци. По притисокот од страна на неколку членови, Хитлер одлучил да ја оттргне партијата од економските погледи на Федер. Кога Хитлер станал канцелар во 1933, го назначил Федер за потсекретар во министерството за економија. Ова го разочарало Федер, кој се надевал на многу повисока позиција.

За време на Третиот Рајх[уреди | уреди извор]

Федер продолжил со пишувањето, издавајќи го „Борбата против високите финансии“ (Kampf gegen die Hochfinanz, 1933) и антисемитистичкиот „Евреите“ (Die Juden, 1933); во 1934 станал царски комесар (Reichskommissar).

Во 1939 го напишал „Новиот град“ (Die Neue Stadt). Предложил создавање на земјоделски градови од по 20 000 луѓе, поделени во девет автономни единици, опколени од земјоделски зони. Секој град требало да биде целосно автономен и самоодржлив; постоеле и детални планови за секојдневно живеење и урбанистички удобности. За разлика од другите теоретичари во оваа област, тој верувал дека урбани средини можат да се оформат со поделба на постоечките средини во самоодржливи населби. Идејата за создавање на вакви парцели била популаризирана од Узо Нишијама во Јапонија. По „Ноќта на долгите ножеви“ во јуни 1934, кога водачите на СА Грегор Штрасер и Ернст Рем биле убиени, Федер почнал да се повлекува од владата, со тоа што на крај станал професор на Институтот за технологија (Technische Hochschule) во Берлин во декември 1936, каде што останал до неговата смрт во Мурнау на 24 септември 1941.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 246.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]