Карл Харер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Карл Харер (8 октомври 1890 - 5 септември 1926) бил германски новинар и политичар, еден од основачите на Германската работничка партија (ДАП) во 1919, којашто подоцна била преименувана во Националсоцијалистичка германска работничка партија (НСДАП).

Харер бил член на десничарската организација т.н. Thule-Gesellschaft. Добил наредба да основа „Политички работнички округ“ (Politischer Arbeiterzirkel), што го направил заедно со Антон Дрекслер во октомври 1918. На 5 јануари 1919, ова довело до основањето на Германската работничка партија, во што биле вклучени и Готфрид Федер и Дитрих Екарт, покрај Харер и Дрекслер.

Харер станал првиот претседател на партијата. Неговите планови да ја одржува партијата како тајно друштво се судриле со оние на Адолф Хитлер, кој неодамна се приклучил на партијата. Кон крајот на 1919, нивното ривалство станало повеќе од очигледно. Харер го обвинил Хитлер за мегаломанија и на крај се откажал од партијата и ја напуштил на 5 јануари 1920, под притисок на Хитлер. Претседателството го добил Дрекслер, а подоцна претседател станал Хитлер.

Види исто така[уреди | уреди извор]

Претходник
нема
Претседател на ДАП
1919
Наследник
Антон Дрекслер