Валка
Валка | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Лутеранска црква во Валка | |||
Гесло: 1 pilsēta, 2 valstis (1 град, 2 држави) | |||
Местоположба во Латвија | |||
Координати: 57°46′N 26°0′E / 57.767° СГШ; 26.000° ИГД | |||
Држава | Латвија | ||
Округ | Валка | ||
Градски права | 1584 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Вентс Армандс Крауклис | ||
Површина | |||
• Град | 14,36 км2 (554 ми2) | ||
Надм. вис. | 50 м | ||
Население | |||
• Град | 5.489 (2.016)[1] | ||
• Густина | 382/км2 (990/ми2) | ||
• Метро | во Валга-Валка 19.500 | ||
• Метро | 630/км2 (1,600/ми2) | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Поштенски број | LV-470(1-2) | ||
Повикувачки број | +371 647 | ||
Советници | 15 |
Валка (латвиски: Valka; германски: Walk) — град и општина во северна Латвија, на границата со Естонија, долж бреговите на реката Педели.
Валка и естонскиот град Валга се поделени од естонско-латвиската граница, но го користат слоганот „Еден град, две држави“. Границата што го поделила ливонскиот град Валк била обележана во 1920 година од меѓународна комисија предводена од британскиот полковник Стивен Џорџ Талентс. Со потпишувањето на Шенгенскиот договор од страна на Естонија и Латвија и укинувањето на границата во 2007 година, било објавено дека ќе биде воведен заеднички јавен автобуски превоз помеѓу Валка и Валга.[2] Исто така, сите гранички премини биле отстранети, а оградите отстранети.
Историја
[уреди | уреди извор]Градот Валк (на германски) бил прв споменат во 1286 година и од 1419 година бил седиште на Ландтагот на Ливонската конфедерација. Градските права биле доделени од полскиот крал Стефан Батори во 1584 година. Меѓутоа, градот ја стекнал својата важност кон крајот на XIX век, кога постоела училишната школа Виѕеме и била отворена важна железничка линија. Понатаму, првата теснолиниска железничка линија на територијата на денешна Латвија отпочнувала од Валка до естонскиот град Перну.
На 15 ноември 1917 година, одлуката за прогласување на независната Република Латвија била донесена во Валка. Црвено-бело-црвеното знаме на Латвија било кренато во градот по првпат. На 1 јули 1920 година, градот бил поделен во новосоздадените држави, Латвија и Естонија.
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Јанис Цимзе (1814–1881) — педагог
- Андрис Вилкс (р. 1963) — политичар
- Вентс Армандс Крауклис (р. 1964) — музичар и политичар
- Робертс Килис (р. 1968) — антрополог и политичар
- Павел Лоскутов (р. 1969) — естонски тркач
- Аигарс Фадејевс (р. 1975) — натпреваруч во брзо одење
- Гатис Смукулис (р. 1987) — друмски велосипедист
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Валка е збратимен со следниве градови:[3]
- Валга, Естонија
- Дурбуј, Белгија
- Естхамар, Шведска
- Вајсенбург, Германија
- Тврдошин, Словачка
- Ориматила, Финска
- Радвилишкис, Литванија[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Училишната школа
-
Улица Рига на естонската граница
-
Станбени блокови од советско време
-
Реката Педели во Валка
-
Основно училиште во Валка
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „«Latvijas iedzīvotāju skaits pašvaldībās pagastu dalījumā»“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-20. Посетено на 2016-07-23.
- ↑ „Основање на заеднички автобуски превоз“ (PDF).[мртва врска]
- ↑ „Меѓународна соработка“. Град Валка. Архивирано од изворникот на 2016-01-29. Посетено на 4 мај 2014.
- ↑ „Radviliskis“. Radviliskis. Архивирано од изворникот на 2014-04-08. Посетено на 3 мај 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Википатување има туристички водич за Валка. |
- Матична страница (англиски)
|