Арнаут Маало (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Арнаут Маало)

Арнаут Мааломаало во Општина Битола, во градот Битола. Во ова маало доминира турска архитектура со интересни силно обоени куќи и тесни уличиња. Името потекнува од зборот Арнаути којшто е друг назив за Албанците. Интересно е да се напомене дека жителите на Арнаут Маало во Битола беа по потекло од едно или две албанојазични христијански села во близина на Горица (денешна Корча), во Албанија.

Маалото се наоѓа во централното градско подрачје на градот Битола. Го опфаќа паркот „Стив Наумов“, основното училиште „Стив Наумов“ и следниве улици:

  • Абдул Керим Паша
  • Ѓорѓи Наумов
  • Кленовец
  • Мара Јосифова
  • Пецо Божиновски
  • Солунска
  • Стив Наумов
  • Цар Самоил
  • 12-та
  • 13-та