Прејди на содржината

ОУ „Стив Наумов“ - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стив Наумов
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Битола
Наречено по: Стив Наумов
Нас. место: Битола
Адреса: ул. „Стив Наумов“, бр. 93
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oustivnaumovbt.edu.mk/

Основно училиште „Стив Наумов“ (официјално: Основно општинско училиште „Стив Наумов“ - Битола; скратено: ООУ „Стив Наумов“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]

Училиштето е именувано по македонскиот народен херој Стив Наумов.

Стив Наумов
Карта
Поранешни називиВук Караџиќ
Митрополит Григориј
Општи податоци
Статусво функција
Виддвокатна зграда
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија
Координати41°1′38.73″N 21°19′29.51″E / 41.0274250°N 21.3248639°E / 41.0274250; 21.3248639
Сегашни станариОУ „Стив Наумов“
Почната1934
Завршена1934
Трошок за изградба307.049,90 дин.[2]
НарачателОпштински одбор
Проектирање и изградба
АрхитектЈан Дубови[2]
Статичард-р Мирослав Касаљ[2]
Главен изведувачДимитрија Дарковиќ[2]

Во рамките на осовременување и подобрување на условите на наставата српските власти ја подигнале и зградата на ова училиште. Истото требало да ги опфати основците од Кајгас, Арнаут Маало, Синанбели Маало и другите поблиски населби. Првично зградата требало да биде изградена подолу од сегашната локација, но заради несоодветност истата е поместена. Планот го изработил градскиот архитект, Чехот Јан Дубови, а изградбата на лицитација (21 август 1934) за 307.049,90 динари ја добил Димитрија Дарковиќ кој соработувал и со други градежници. Договорот го обврзувало објектот да го предаде за 150 дена, што било испочитувано.

Кон крајот на годината објектот со име „Вук Караџиќ“ бил предаден во употребен со вообичаено осветување, говори, музика и веселба. Во училиштето на почетокот имало 4 паралелки од прво до четврто одделение со по 40 ученици. За време на Втората светска војна Бугарите го смениле името во „Митрополит Григориј“.

Познати личности кои учеле во ова училиште

[уреди | уреди извор]

Народниот херој Стив Наумов учел во ова училиште. Училиштето имало друго име во тоа време, но подоцна го добива името на народниот херој Стив Наумов.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-11-23.
  2. 1 2 3 4 Стерјовски, Александар (2020). Битола – Градби. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 381–383. ISBN 978-608-65122-8-6. |access-date= бара |url= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]