Аеродром Хелсинки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Хелсинки
Helsinki-Vantaan lentoasema
Helsingfors-Vanda flygplats
Helsinki Vantaa Logo.png
Helsinki-vantaa aerial.jpg
IATA: HELICAO: EFHK
Преглед
Тип јавен
Стопанисувач Финавија
Опслужува Хелсинки, Финска
Место Ванта
Јазол за
Надм. вис. 55 m / 179 ft
Координати 60°19′02″ СГШ 24°57′48″ ИГД / 
Мреж. место helsinki-vantaa.fi
Карта
HEL се наоѓа во Финска
HEL
Местоположба во рамките на Финска
Писти
Насоченост Должина Површина
m ft
04R/22L 3,400 11,200 асфалт
04L/22R 3,060 10,039 асфалт
15/33 2,901 9,518 асфалт
Статистики (2013)
патници 15.279.043
слетувања 82.890
извор: AIP Финска[1]
Статистика од Finavia[2]
Terminal 2

Аеродром Хелсинки[3] (IATA: HELICAO: EFHK; фински: Helsinki-Vantaan lentoasema, шведски: Helsingfors-Vanda flygplats[4]) — главен меѓународен аеродром на метрополитенската област Хелсинки и на цела Финска. Се наоѓа во Ванта, околу 5 километри западно од Тикурила, центарот на Ванта, и 17 километри северно од Хелсинки и служи како јазол за Finnair, финскиот авиопревозник, а воедно е база и за Blue1, Norwegian Air Shuttle и Flybe Nordic.

Преглед[уреди | уреди извор]

Првично изграден за потребите на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки, аеродромот опслужил 15.279.043 патници во 2013 година и е четврти најголем аеродром во Скандинавија. Аеродромот Хелсинки е далеку најпрометен аеродром во Финска. Во 2013 година имал 15.279.043 патници, скоро 81% од вкупниот број на патници од 21. комерцијален аеродром во Финска (18.880.940).[5] Обезбедува работа за 20.000 лица и скоро 1.500 претпријатија работат на аеродромот.[6]

Аеродромот е управуван од Финавија, државно претпријатие, кое управува со финските аеродроми. Аеродромот Хелсинки бил избран за најдобар аеродром во светот во студија на ИАТА од 1999 година. Во 2006 година, истражување на корисниците низ светот го сместило аеродромот на првите места во светот, а во 2005 година според стапките на задоцнување, аеродромот бил прогласен за најточен во Европа.

Објекти[уреди | уреди извор]

Терминали[уреди | уреди извор]

Аеродромот е поделен на два терминала, оддалечени 250 метри еден од друг и поврзани со внатрешна пешачка врска. Меѓутоа, во пракса, пасошките одделенија не се поделени на терминали, туку на областа Шенген и надвор од неа. Областа надвор од Шенген во терминалот 2 била проширена во 2009 година за да му овозможи на аеродромот да опслужи осум големи воздухоплови во портите истовремено. Капацитетот на терминалите на аеродромот е околу 16-17 милиони патници годишно.[7]

Во 2013 година, Финавија објавила планови за проширување на аеродромот да опслужува до 20 милиони патници до 2020 година. Изградбата е определена да започне во 2014 година со додавање на капацитет на пасошките одделенија и транзитниот дел во терминалот 2. Проектот за проширување се проценува дека ќе чини 900 милиони евра. Дел од планот е изградба на дополнителен терминал до терминалот 2, но планот бил откажан поради трошоците и сега ќе се оди со проширување на една терминална зграда.[8] Во септември 2014 година, Финавија открила подетални планови за идното проширување кое ќе се остварува во периодот 2014-2010. Терминалите 1 и 2 ќе бидат проширена и споени под еден покрив со нови порти и места на пистата.[9]

Во 2014 година, Хелсиншкиот аеродром вовел за прв пат во светот систем за следење на патниците,[10] кој автоматски ја надгледува толпата и спречува застои во аеродромот.[10]

Писти[уреди | уреди извор]

Трите писти на аеродромот обезбедуваат платформа за идниот раст на аеродромот и аеродромот може да прифаќа големи воздухоплови како Ербас А340. Употребата на трите писти дозволува ефикасно чистење на снег и мраз во текот на зимските месеци, што дозволува аеродромот да остане отворен.[11]

Сервис[уреди | уреди извор]

Следниве агенти обезбедуваат услуги за авиопревозници:[12] Airpro, Inter Handling, ISS Aviation, Servisair, Groundpower и Swissport.

Други услуги[уреди | уреди извор]

Седиштето на Finnair се наоѓа на аеродромот.

Постојат неколку аеродромски хотели и деловни згради на аеродромот. Авијаполис е нов меѓународен бизнис парк во близина на аеродромот, веќе дом на бројни компании околу аеродромот. Неколку хотели се сместени близу аеродромот исто така.

Авиопревозници и одредишта[уреди | уреди извор]

Патници[уреди | уреди извор]

Авиопревозник Одредиште Терминал
Aeroflot Москва-Шереметјево 2
airBaltic Рига 1
Air Berlin Берлин-Тегел 2
American Airlines Сезонски: Чикаго-О’Хара 2
Arkia Israel Airlines Сезонски: Тел Авив-Бен Гурион 2
BASe Airlines Савонлина 2
Belavia Минск-Национален 2
British Airways Лондон-Хитроу 2
Eurolot Гдањск 2
Finnair Амстердам, Бангкок-Суварнабуми, Барселона, Пекинг, Берлин-Тегел, Брисел, Будимпешта, Чонгкинг, Копенхаген, Делхи, Диселдорф, Франкфурт, Женева, Гетеборг-Лендветер, Хамбург, Хонгконг, Ивало, Јоенсу, Китилја, Куопио, Кусамо, Лондон-Хитроу, Мадрид, Малага, Манчестер, Милано-Малпенза, Москва-Шереметјево, Минхен, Нагоја, Њујорк-ЏФК, Осака-Кансаи, Осло-Гардермун, Оулу, Париз-Шарл де Гол, Прага, Рим-Фјумичино, Рованиеми, Санкт Петербург, Сеул-Инчхеон, Шангај-Пудонг, Сингапур, Стокхолм-Арланда, Тел Авив-Бен Гурион, Токио-Нарита, Васа, Виена, Вилниус, Варшава-Шопен, Екатеринбург, Цирих
Сезонски: Анталија, Атина (започнува на 5 април 2015 г.), Берген, Бијариц, Катанија (започнува на 6 мај 2015 г.), Ханија (започнува на 18 април 2015 г.), Даламан (започнува на 12 април 2015 г.), Дубаи, Дубровник, Газипаша, Гран Канарија, Ханој, Ираклион (започнува на 17 април 2015 г.), Инсбрук (започнува на 14 јуни 2015 г.), Кос (започнува на 9 мај 2015 г.), Краби (започнува на 10 декември 2014 г.), Краков, Љубљана, Малта (започнува на 2 април 2015 г.), Мајами (започнува на 16 декември 2014 г.), Неапол (започнува на 28 мај 2015 г.), Ница, Пафос (започнува на 31 март 2015 г.), Палма де Мајорка (започнува на 11 април 2015 г.), Пукет, Пиза, Родос (започнува на 19 април 2015 г.), Сплит (започнува на 5 мај 2015 г.), Тенерифе-Север (започнува на 15 октомври 2014 г.), Тенерифе-Југ, Торонто-Пирсон, Венеција-Марко Поло, Ксијан
2
Finnair
управувано од Flybe Nordic
Берлин-Тегел, Брисел, Будимпешта, Копенхаген, Диселдорф, Франкфурт, Женева, Гетеборг-Лендветер, Хамбург, Јоенсу, Казан, Куопио, Кусамо, Манчестер, Минхен, Нижни Новгород, Осло-Гардермун, Оулу, Париз-Шарл де Гол, Прага, Рига, Санкт Петербург, Самара, Стокхолм-Арланда, Стокхолм-Брома, Талин, Тампере, Турку, Васа, Виена, Вилниус, Варшава-Шопен, Цирих
Сезонски: Даблин (започнува на 30 март 2015 г.), Тромсе
2
Flybe
управувано од Flybe Nordic
Јивјаскилја, Кајани, Кеми/Торнио, Кокола/Јакобстад, Мариехамн, Норкепинг, Тарту
Сезонски: Висби
2
Gotlandsflyg
управувано од Golden Air
Сезонски: Висби 1
Icelandair Рејкавик-Кефлавик 1
Japan Airlines Токио-Нарита 2
Jet Time Сезонски: Газипаша 2
KLM Амстердам 2
Lufthansa Франкфурт, Минхен 1
Norwegian Air Shuttle Аликанте, Атина, Барселона, Будимпешта, Копенхаген, Лондон-Гетвик, Мадрид, Малага, Осло-Гардермун, Оулу, Париз-Орли, Рим-Фјумичино, Рованиеми, Стокхолм-Арланда
Сезонски: Бургас, Ханија, Крф, Даблин, Дубровник, Гран Канарија, Ивало, Китилја, Ларнака, Ница, Палма де Мајорка, Прага, Родос, Салцбург, Сплит, Тенериге-Југ, Венеција-Марко Поло, Санторини
2
S7 Airlines Москва-Домодедово 2
Scandinavian Airlines Копенхаген 1
Scandinavian Airlines
управувано од Blue1
Копенхаген, Осло-Гардермун, Стокхолм-Арланда
Сезонски: Китилја, Сплит
1
Severstal Aircompany Череповец 2
Snowbird Airlines Енонтекио (започнува на 24 ноември 2014 г.), Малага, Оулу 2
SunExpress Измир 2
Swiss International Airlines Цирих (започнува на 2 мај 2015) 1
TAP Portugal Лисабон 1
Turkish Airlines Истанбул-Ататурк 2
Ukraine International Airlines Киев-Бориспил 2
Vueling Сезонски: Барселона 1

Карго[уреди | уреди извор]

Авиопревозник Одредиште 
Airest Талин
Amapola Flyg Мастрихт
Avies Талин
DHL Aviation Лајпциг-Хале, Санкт Петербург
FedEx Express Копенхаген, Париз-Шарл де Гол
Finnair Cargo
управувано од Nordic Global Airlines
Брисел, Ханои, Хонгконг, Њујорк-ЏФК, Новосибирск
TNT Airways Лиеж
Turkish Airlines Cargo Истанбул-Ататурк, Стокхолм-Арланда
UPS Airlines Келн/Бон, Малме, Стокхолм-Арланда
West Air Sweden Копенхаген

Статистика[уреди | уреди извор]

10 најпрометни меѓународни линии[уреди | уреди извор]

Место Град Аеродром(и) Неделни летови
(мај 2014)
Авиопревозници
1. Стокхолм Аеродром Стокхолм-Арланда, Аеродром Стокхолм-Брома
149
Finnair, Flybe Nordic, Norwegian Air Shuttle, Blue1, Scandinavian Airlines, Jet Time
2. Копенхаген Аеродром Копенхаген
81
Finnair, Norwegian Air Shuttle, Blue1, Scandinavian Airlines, Cimber
3. Лондон Аеродром Лондон-Хитроу, Аеродром Лондон-Гетвик
62
British Airways, Finnair, Norwegian Air Shuttle
4. Рига Аеродром Рига
50
Flybe Nordic, Air Baltic
5. Осло Аеродром Осло-Гардермун
48
Finnair, Flybe Nordic, Norwegian Air Shuttle, Blue1
6. Франкфурт Аеродром Франкфурт
42
Flybe Nordic, Lufthansa
7. Талин Аеродром Талин
39
Flybe Nordic
8. Париз Аеродром Париз-Шарл де Гол, Аеродром Париз-Орли
38
Finnair, Flybe Nordic, Norwegian Air Shuttle
8. Берлин Аеродром Берлин-Тегел
38
Air Berlin, Finnair, Flybe Nordic, Germanwings
10. Минхен Аеродром Минхен
35
Finnair, Flybe Nordic, Lufthansa
10. Амстердам Аеродром Амстердам
35
Finnair, KLM

10 најпрометни домашни линии[уреди | уреди извор]

Место Град Аеродром(и) Неделни летови
(мај 2014)
Авиопревозници
1. Оулу Аеродром Оулу
88
Finnair, Flybe Nordic, Norwegian Air Shuttle
2. Куопио Аеродром Куопио
47
Finnair, Flybe Nordic
3. Васа Аеродром Васа
39
Finnair, Flybe Nordic
4. Рованиеми Аеродром Рованиеми
32
Finnair, Flybe Nordic, Norwegian Air Shuttle
5. Тампере Аеродром Тампере-Пиркала
31
Flybe Nordic
5. Турку Аеродром Турку
31
Flybe Nordic
7. Јоенсу Аеродром Јоенсу
30
Flybe Nordic
8. Кајани Аеродром Кајани
22
Flybe Nordic
9. Јивјаскилја Аеродром Јивјаскилја
21
Flybe Nordic
10. Кеми Аеродром Кеми-Торнио
20
Flybe Nordic

Патници[уреди | уреди извор]

Писта 33 на Хелсиншкиот аеродром
Поглед на терминалот 2
Боинг 737-800 на Norwegian Air Shuttle на Хелсиншкиот аеродром
Боинг 767-300ЕР на American Airlines на Хелсиншкиот аеродром
Годишна статистика за патници на Хелсиншкиот аеродром[13]
Година Домашни патници Меѓународни патници Вкупно патници Промена
1999 2.803.907 6.760.931 9.564.028 +2,2%
2000 3.042.914 6.967.234 10.010.148 +4,7%
2001 2.999.672 7.031.246 10.030.918 +0,2%
2002 2.747.862 6.862.025 9.609.887 −4,2%
2003 2.684.618 7.026.302 9.710.920 +1,1%
2004 2.836.852 7.893.125 10.729.977 +10,5%
2005 2.804.304 8.326.285 11.130.589 +3,7%
2006 2.927.627 9.220.154 12.147.781 +9,1%
2007 2.875.289 10.215.455 13.090.744 +7,8%
2008 2.700.350 10.726.551 13.426.901 +2,2%
2009 2.372.844 10.218.762 12.591.606 −6,3%
2010 2.208.521 10.674.878 12.883.399 +2,2%
2011 2.707.044 12.158.827 14.865.871 +15,5%
2012 2.693.151 12.165.064 14.858.215 −0,1%
2013 2.431.632 12.847.411 15.279.043 +2,8%

Товар и пошта[уреди | уреди извор]

Товарен/Растоварен товар и пошта (тони, кг) Аеродром Хелсинки[14]
Година Домашен товар Домашна пошта Меѓународен товар Меѓународна пошта Вкупно товар и пошта Промена
2005 4.692 5.251 115.734 9.627 135.303 +1,9%
2006 4.145 5.469 126.332 9.098 145.044 +7,2%
2007 3.171 5.676 139.840 14.961 154.801 +6,7%
2008 2.968 4.435 140.572 9.532 157.508 +1,8%
2009 1.322 2.161 110.382 8.243 122.107 −22,5%
2010 1.083 1.992 147.139 7.793 158.007 +29,4%
2011 615 2.464 157.178 9.962 169.985 +8,0%
2012 1.747 1.930 180.426 8.100 192.204 +12,8%

Сообраќаен пристап[уреди | уреди извор]

Железница[уреди | уреди извор]

Железничката станица Тикурила

Поврзувајќи го аеродром со честата локална автобуска линија со број 61 на Хелсиншкото јавно сообраќајно претпријатие или такси до железничката станица Тикурила обезбедува пристап до приградските возови како и регионални возови до Тампере и Лахти, вклучувајќи линии до Санкт Петербург и Москва. Автобусот со број 540 ја поврзува железничката станица Еспо со аеродромот.

Изградбата на кружната железничка линија до аеродромот започнала во мај 2009 година, со предвиден рок за завршување кон средината на 2015 година. Новата железница ќе ги опслужува локалните приградски возови кои ќе поминуваат на секои десет минути во најгустите периоди. Патувањето од подземната станица по моменталната терминална зграда до главната железничка станица во Хелсинки ќе трае околу 30 минути. Патниците ќе имаат пристап до други возови на Тикурила, 8 минути оддалечена од аеродромот.[15]

Автобуси[уреди | уреди извор]

Постојат вообичаените автобуски линии 615 и 620 до главната железничка станица во Хелсинки на секои 30-55 минути и до поголемите хотели и железнички станици во метрополитенската област на Хелсинки на секои 12-120 минути. Главниот управител на овие автобуси е Хелсиншкото сообраќајно претпријатие под брендот „ХСЛ“. Директната услуга од Finnair е исто така достапен до и од центарот на градот (обично на околу 30 минути).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „EFHK Helsinki-Vantaa“ (PDF). AIP Финска. Finavia. 17 декември 2009. стр. EFHK AD 2.1, pp. 1–7. https://ais.fi/ais/eaip/pdf/aerodromes/EF_AD_2_EFHK_EN.pdf. конс. 19 февруари 2010 г. 
  2. „Finavia's Air Traffic Statistics 2010“ (PDF). Ванта: Finavia. стр. 7, 9. http://www.finavia.fi/files/finavia2/liikennetilastot_pdf/Lentoliikennetilasto_2010.pdf. конс. 15 јули 2011 г. 
  3. „Аеродром Хелсинки“. Finavia. http://www.finavia.fi/en/helsinki-airport/. конс. 29 август 2014 г. 
  4. Официјалното име на аеродромот на логото гласи Аеродром Хелсинки, иако финското и шведското име останале како Хелсинки-Ванта.
  5. Raeste, Juha-Pekka: Lentoasemat pulassa. Helsingin Sanomat 8 јуни 2014, pp. B8-B9.
  6. Аеродром Хелсинки
  7. http://www.helsinki-vantaa.fi/enemman-tietoa/helsinki-vantaa-lyhyesti/kehityshankkeet/terminaalilaajennus
  8. Finavia is starting a major development programme at Helsinki Airport 16 октомври 2013
  9. Helsinki Airport determined to remain an attractive international hub: services will expand under one roof 18 септември 2014
  10. 10,0 10,1 „Хелсиншкиот аеродром воведе за прв пат во светот систем за следење на патниците“. The Sydney Morning Herald. 30 јули 2014. http://www.smh.com.au/travel/travel-planning/travel-news/helsinki-airport-introduces-worlds-first-passenger-tracking-system-20140730-3ctis.html. конс. 30 јули 2014 г. 
  11. „Како Хелсиншкиот аеродром се справува со снег и мраз“. BBC News. 20 декември 2010. http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-12042213. конс. 16 јули 2011 г. 
  12. [1]
  13. „Статистика за сообраќај - Патници“. Finavia. http://www.finavia.fi/statisticspassengers. конс. 16 јули 2011 г. 
  14. „Статистика за сообраќај - Товар“. Finavia. http://www.finavia.fi/statisticsfreighttraffic. конс. 10 јануари 2012 г. 
  15. „Кружна железничка линија“. Finnish Transport Agency. 14 јули 2011. http://portal.liikennevirasto.fi/sivu/www/e/projects/under_construction/ring_rail_line. конс. 16 јули 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]