Абдула II од Јордан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Абдула II
King Abdullah II (cropped).jpg
Абдула во 2020
Крал на Јордан
На престол7 февруари 1999 – денес
Крунисување9 јуни 1999
ПретходникХусеин
ПрестолонаследникПрестолонаследник Хусеин
Роден(а)30 јануари 1962 (1962-01-30) (60 г.)
Аман, Јордан
СопружникРанија ел Јасин (в. 1993)
Деца
Detail
Престолонаследник Хусеин
Принцезата Иман
Принцезата Салма
Принцот Хашем
Полно име
Абдула бин Хусеин бин Талал бин Абдула
ДинастијаХашемити
ТаткоХусеин од Јордан
МајкаМуна Ал-Хусеин
ВероисповедСунитски ислам
ПотписАбдула II's signature
Воена служба
Држава Јордан
Род Јордан Army
Служба1982–денес
ЧинФелдмаршал

Абдула II бин ел-Хусеин ( арап. عبدالله الثاني بن الحسين ; роден на 30 јануари 1962 година) е крал на Јордан, кој владее од 7 февруари 1999 година. Тој е член на династијата Хашемити, кралско семејство на чело на Јордан од 1921 година и се смета за директен потомок (41-во поколение) на пророкот Мухамед.

Абдула е роден во Аман како прво дете на кралот Хусеин и неговата втора сопруга принцезата Муна. Како најстар син на кралот, Абдула бил престолонаследник додека Хусеин не ја префрлил титулата на чичкото на Абдула, принцот Хасан, во 1965 година. Неколку недели пред неговата смрт во 1999 година, кралот Хусеин го именувал својот најстар син Абдула за свој наследник.

Абдула, како уставен монарх, ја либерализирал економијата по преземањето на тронот, а неговите реформи довеле до економски бум кој продолжил до 2008 година. Во текот на следните години , економијата на Јордан доживеала потешкотии поради ефектите од Големата рецесија и Арапската пролет, како и поради прекинувањето на трговските односи со соседните земји. Во 2011 година, во арапскиот свет избија големи протести со барање реформи.

Абдула е популарен на локално и на меѓународно ниво поради одржување на стабилноста на Јордан и е познат по промовирањето на меѓуверскиот дијалог и умереното разбирање на исламот. Како актуелен арапски лидер кој најдолго владее, во 2016 година од страна на Кралскиот исламски центар за стратегиски студии бил оценет како највлијателниот муслиман во светот.[1] Абдула е чувар на муслиманските и христијанските свети места во Ерусалим, позиција која неговата династија ја има уште од 1924 година.[2] По протекувањето на „Пандорините документи“ во 2021 година и „ Кредит Свис“ во 2022 година откриле дека Абдула има огромно богатство кое го маскирал преку офшор компании и даночни раеви.[3] [4]

Биографија[уреди | уреди извор]

A young King Hussein and Princess Muna, holding their two young sons
Принцот Абдула (2 години) и принцот Фајсал со нивните родители, кралот Хусеин и принцезата Муна, во 1964 година

Абдула е роден на 30 јануари 1962 година во Аман, како дете на кралот Хусеин и неговата втората сопруга родена во Британија, принцезата Муна ел-Хусеин (родена Антоанета Аврил Гардинер). [5] [6] Тој го носи името на неговиот прадедо, Абдула I, основачот на модерен Јордан.[7] [8] Династијата на Абдула, Хашемитите, владеела со Мека преку 700 години (од 10 век до освојувањето на Мека од династијата Сауд во 1925 година), и владее со Јордан од 1921 година. [9] [10] Хашемитите се најстара владејачка династија во муслиманскиот свет.[1] Според семејната традиција, Абдула е патрилинеарен потомок од 41-та генерација на ќерката на Мухамед Фатима и нејзиниот сопруг, Али, четвртиот Рашидунски калиф.[5] [11]

Како најстар син на Хусеин, Абдула станал јордански престолонаследник според уставот од 1952 година.[8][12] Поради политичката нестабилност кралот Хусеин назначил возрасен престолонаследник на негово место, и во 1965 година го избрал вујкото на Абдула, принцот Хасан.[13] Абдула своето школување го започнал во 1966 година на Исламскиот образовен колеџ во Аман, а образованието го продолжил во Сент Едмунд во Англија. Средно училиште завршил во Иглбрук а потоа се запишал во Дирфилдската академија во САД. [5]

Абдула има четири браќа и шест сестри: принцезата Алија, принцот Фајсал, принцезата Ајша, принцезата Зеин, принцезата Хаја, принцот Али, принцот Хамза, принцот Хашем, принцезата Иман и принцезата Раја; седум од нив му се полубраќа и полусестри по таткова страна.[14]

Abdullah (age 11) in uniform with soldiers
Абдула, на 11 годишна возраст, за време на посетата на штабот на Јорданските кралски воздухопловни сили во 1973 година

Својата воена кариера ја започнал во Кралската воена академија Сандхерст во 1980 година, додека бил офицер за обука во јорданските вооружени сили. [5] [15] По Сандхерст, Абдула бил назначен за втор поручник во британската армија и служел една година во Велика Британија и Западна Германија како командант на војници во 13-тиот/18-тиот полк на кралските хусари.[5] Во 1982-1983 година, Абдула II студирал во Оксфорд, на колеџот Пемброк, каде што посетувал курс посветен на проучувањето на Блискиот Исток. Откако се вратил во Јордан, се приклучил на елитната 40-та оклопна бригада на јорданските вооружени сили, како командант на вод и заменик командант на баталјон. [16]

Во 1985 година, принцот започнал да служи во 3-та дивизија на оклопниот корпус. Истата година, Абдула Втори посетувал курс за офицери на оклопни сили во американската Форт Нокс, Кентаки.[16] Во 1986 година, го добил чинот капетан.[16]

Во 1987 година, Абдула II студирал во Соединетите Американски Држави на Факултетот за надворешни работи при Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, каде што ја одбранил магистерската теза по меѓународна дипломатија без да ја прекине воената служба.[16]

Абдула се запознал со Ранија ел Јасин, вработена во отсекот на маркетинг во Епл во Аман, на вечера организирана од неговата сестра принцезата Ајша во јануари 1993 година.[17] Тие се свршиле два месеци подоцна, а во јуни склучиле брак.[17]

Во 1994 година Абдула ја презел командата на јорданските специјални сили и на другите елитни единици како бригаден генерал, и две години подоцна ги преструктуирал во Здружена команда за специјални операции. [16] Во 1998 година станал генерал-мајор, посетувал курс за управување со одбранбените ресурси во Американската поморска школа за постдипломски студии [16] и командувал со елитната единица на специјалните сили за потера по одметници. [18] Операцијата наводно завршила успешно, а неговото име се скандирало по улиците на Аман.[18]

Владеење[уреди | уреди извор]

Абдула го придружувал својот татко во многу мисии, како и на состаноците во странство со советските и американските лидери.[19] Тој повремено бил регент на кралот Хусеин во текот на 1990-тите, но оваа должност претежно ја извршувал помладиот брат на Хусеин, престолонаследникот Хасан.[16] Абдула ја предводел делегацијата на неговиот татко во Москва на разговори во 1987 година. [19] Често го посетувал Пентагон во Вашингтон, каде што лобирал за поголема воена помош за Јордан.[19] Му се придружил на својот татко на посетите на Хафез Ал-Асад во Дамаск и Садам Хусеин во Багдад (пред Заливската војна во 1990 година ). [19] Абдула командувал со воените вежби за време на посетите на израелските воени функционери на Јордан во 1997 година, и бил испратен рачно да му достави порака на Муамер Гадафи во 1998 година.[19]

На 24 јануари 1999 година, две недели пред неговата смрт, кралот Хусеин ги изненадил сите, а и самиот Абдула, со тоа што наместо Хасан го прогласил својот син како наследник на тронот.[16]

Две недели подоцна, шефот на државата починал.[20] Истиот ден, принцот Абдула бил прогласен за нов крал. [20] [21] Крунисувањето на кралот Абдула Втори се случило во јуни истата година по што следела поворка низ Аман од страна на 37-годишниот крал и неговата 29-годишна сопруга Ранија - тогаш најмладата кралица на светот. [21] [22]

Кога Абдула се искачил на тронот како четврти крал на Јордан, имало сомнеж во неговата способност да управува со економската криза во земјата - последица од Заливската војна во 1990 година. [23] [24] Кралот ја задржал умерената прозападна политика на неговиот татко, поддржувајќи го мировниот договор меѓу Израел и Јордан од 1994 година, а Соединетите Држави и арапските држави од Персискиот Залив ја зголемиле својата помош.[23]

Абдула во ноември 1999 година се пресметал со присуството на Хамас во Јордан по молбите од Соединетите Држави, Израел и палестинската управа. [25] Репресијата се случила за време на мировните преговори меѓу Израел и палестинските власти.[25] Кралот протерал четворица функционери на Хамас во Катар и ги затворил нивните канцеларии во Аман.[25] Мировните преговори пропаднале по насилното палестинско востание, Втората интифада, во септември 2000 година.[26] Абдула, ги предводел напорите за смирување на политичкото насилство.[18]

Еден од приоритетите на новиот крал бил економскиот развој на земјата. На почетокот на неговото владеење приватизирал некои државни претпријатија, а во 2000 година Јордан се приклучил на Светската трговска организација (СТО) и склучил договор за слободна трговија со Соединетите Држави. Во надворешната политика, Абдула II ја продолжил политиката на неговиот татко, според која Јордан станал „важен сојузник на Америка“. Било забележано дека Абдула II постојано ги осудувал терористичките напади извршени од муслимани од религиозни причини, ја поддржувал американската политика на војна против тероризмот и се залагал за проповедање на исламот како мирољубива религија. Тој посветил големо внимание на изнаоѓање начини за мирно решавање на израелско-палестинскиот конфликт; Во 2003 година, Јордан бил домаќин на самит на кој присуствувале американскиот претседател Џорџ В. Буш, израелскиот премиер Ариел Шарон и палестинскиот премиер Махмуд Абас. [27]

На внатрешен план, Абдула II, како и неговиот татко, цврстo се спротиставил на опозицискиот „Фронт на исламска акција“ - партија создадена под покровителство на меѓународната организација „Муслиманско братство[28] Тој го продолжил контроверзниот единствен непренослив изборен систем, спроведен од неговиот татко во 1991 година, кој ги загрозил исламските политички партии откако тие добиле 22 од 80 места на изборите во 1989 година. [28] Абдула пред изборите издал кралски декрет, со кој се вовел амандман на изборниот закон со кој на жените им се дава квота од шест места во Парламентот. [28]

Во 2007 година, било објавено дека Јордан примил 800.000 ирачки бегалци кои избегале по американската инвазија; [29] повеќето се вратиле во Ирак. [30] Во 2008 година, Абдула станал првиот арапски шеф на држава што го посетил Ирак по американската инвазија во 2003 година.[31] Посетата била во услови на загриженост на сунитските Арапи за растечкото иранско влијание во Ирак.[31]

Арапска пролет 2010-2014[уреди | уреди извор]

Large street demonstration, with speakers addressing the crowd
Демонстрации на Арапската пролет во Аман против подоцна отповиканата владина одлука за намалување на субвенциите за гориво. 16 ноември 2012

На крајот од јануари 2011 година, во Јордан, како и во многу други земји за време на таканаречената „Арапска пролет“, започнале масовни демонстрации на незадоволни од политиката на властите и проблемите во економијата: растот на цените, големата невработеност и релативно нискиот животен стандард. [32] Демонстрантите повикале на распуштање на парламентот кој бил избран три месеци претходно во ноември 2010 година, кога прорежимските кандидати освоиле мнозинство пратенички места. [32] Јорданската монархија била првиот арапски режим кој понудил политички отстапки за време на Арапската пролет. [32] Демонстрантите барале премиерот на земјата да биде избран од народот, а не назначен од кралот. Обидувајќи се да го смири незадоволството, на 1 февруари, Абдула II уште еднаш го разрешил премиерот и целиот кабинет (во претходните години, кралот го осум пати го направил тоа), а исто така ветил дека владата ќе стане изборна.

Во ноември 2012 година, владата ги намалила субвенциите за гориво, што предизвикало раст на цените.[33] Одлуката, која подоцна била отповикана, предизвикала големи протести низ целата земја. [34] Режимот ги смирил немирите со воведување реформи, измена на околу една третина од уставот и формирање Уставен суд и Независна изборна комисија. [35]

Абдула се состанал со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, 5 април 2017 година

Западен Брег[уреди | уреди извор]

Во декември 2012 година, Абдула бил првиот шеф на држава што го посетил Западниот Брег по гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации за доделување на палестинската управа статус на земја набљудувач која не е членка. [36] Јордан се залага за независна палестинска држава, со граници од 1967 година, како дел од решението за две држави и од врвен национален интерес.[37] Јордан, е единствената земја што се граничи со Западниот Брег освен Израел, управувал со него по Арапско-израелската војна во 1948 година и ја загубил Шестдневната војна во 1967 година.[36] Анексија на Западниот Брег не била меѓународно призната, а во 1988 година кралството го отстапил своето право на територијата. [36]

Регионални превирања 2014–2019 година[уреди | уреди извор]

Избувнувањето на сириската граѓанска војна во март 2011 година принудила многу бегалци да ја поминат границата на Јордан со Сирија - околу 3.000 бегалци дневно во почетните фази на војната. [38] Во интервју за Би-Би-Си во ноември 2011 година, Абдула рекол дека би поднел оставка ако е на местото на Башар Ал Асад.[39]

Во април 2014 година, Исламската држава Ирак и Левант (ИДИЛ), огранок на Ал Каеда која се појавила на почетокот на 2014 година по протерувањето на ирачките владини сили од клучните градови, објавила онлајн видео кое се заканува дека ќе го нападне кралството и ќе го убие Абдула (кого го гледале како непријател на исламот). [40] Во август 2014 година, илјадници ирачки христијани избегале од ИДИЛ и побарале засолниште во јорданските цркви.[41]

Откако Јордан се приклучил на меѓународната коалиција против ИДИЛ во средината на септември 2014 година, безбедносниот апарат на земјата спречил терористички заговор насочен кон цивили во Јордан. [42] Набргу потоа, Абдула во интервју рекол дека границите на земјата со Ирак и Сирија се „исклучително безбедни“. [42]

Како врховен командант, Абдула ја започнал операцијата Маченик Муат, серија воздушни напади против цели на ИДИЛ, насочени кон складишта за оружје, кампови за обука и постројки за вадење нафта. [43] Неговата одмазда била пофалена на Интернет, каде што бил наречен „Кралот воин“. [44]

За време на интервју за Би-Би-Си во јануари 2016 година, Абдула рекол дека Јордан е на „точка на вриење“ поради приливот на сириски бегалци, Јордан тврдел дека повеќе од еден милион Сиријци побарале засолниште во Јордан. [45] Јордан постојано примал бегалци - Палестинците во 1948 и 1967 година, Ирачаните за време на американската инвазија и сега Сиријците, кои сочинувале околу 20 проценти од тогашното 9,5 милионско население на Јордан - и, според Абдула, „За прв пат, не можеме да го правиме тоа повеќе“. [45] [30]

Абдула се состанал со американскиот претседател Џо Бајден на 19 јули 2021 година

Општите избори во Јордан во ноември 2016 година биле први избори по 1989 година, каде се користела форма на пропорционална застапеност; избори во меѓувреме го користеле единствениот непренослив систем на гласови.[46] Реформите ги охрабриле опозициските партии, меѓу кои и Исламскиот акционен фронт (кој ги бојкотирал претходните избори, и оние во 2010 и 2013 година), да учествуваат. [46]

Абдула воспоставил тесна соработка меѓу Јордан и Меѓународната организација на трудот (МОТ). [47] [48] Помеѓу 2013 и 2015 година, МОТ започнал програми во Јордан за поддршка на вработувањето на бегалците во Јордан. Во 2016 година, Јордан го потпишал Јорданскиот договор, кој ги подобрил можностите за законски вработувања на бегалците. [49]

На 25 јуни 2018 година, Абдула остварил уште една официјална посета на Вашингтон. Тој бил пречекан од претседателот Трамп во Белата куќа и разговарале за „тероризмот, заканата од Иран и кризата во Сирија и напорите за траен мир меѓу Израелците и Палестинците“. [50] [51] Во август 2018 година, откако администрацијата на Трамп објавила дека ќе го прекине целото американско финансирање на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA), [52] Абдула се обидел да ги замени американските фондови. Јордан свикал состаноци на Арапската лига и западните земји. [53] [54]

2020-ти[уреди | уреди извор]

Во интервју за Шпигел во мај 2020 година, Абдула ги критикувал плановите на Доналд Трамп за мир на Блискиот Исток и истакнал дека евентуалната израелска анексија на Западниот Брег предизвикува конфликти. [55] Откако Џо Бајден победил на претседателските избори во Соединетите држави во 2020 година, Абдула бил првиот арапски лидер кој му честитал на Бајден за победата. [56]

Во април 2021 година, Абдула наредил апсење на неговиот полубрат, принцот Хамза бин Хусеин, и дваесет други дворјани поради „бунт“. [57] На 7 април, кралот Абдула II за прв пат зборувал јавно по наводниот државен удар и рекол дека јорданската кралска кавга е завршена, наведувајќи дека „бунтот“ што му предизвика „болка и гнев“ бил погребан и дека Хамза сега е „во неговата палата под моја заштита“. [58] [59] Абдула, исто така, изјавил дека кризата започнала кога началникот на воениот штаб на Јордан го посетил Хамза и го предупредил да престане да присуствува на состаноците со критичарите на владата. [58]

Титули, почести и награди[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

  • 30 јануари 1962 година – 1 март 1965 година: Неговото кралско височество престолонаследник на Јордан
  • 1 март 1965 година – 24 јануари 1999 година: Неговото кралско височество принцот Абдула од Јордан
  • 24 јануари 1999 година – 7 февруари 1999 година: Неговото кралско височество престолонаследник на Јордан
  • 7 февруари 1999 година – присутни: Неговото Височество Кралот на Хашемитското Кралство Јордан

Почести[уреди | уреди извор]

  •  Јордан:
    • JOR Al-Hussein ibn Ali Order BAR.svg Голем мајстор на Редот на Ал-Хусеин бин Али . 
    • JOR Order of the Renaissance GC.SVG Голем мајстор на Врховниот ред на ренесансата . 
    • JOR Order of the Hashemite Star ribbon.svg Голем мајстор од редот на Хашемитската ѕвезда. [60]
    • Order of Military Gallantry (Jordan).png Голем мајстор на Редот на воена галантерија. [61]
    • JOR Order of the Star of Jordan GC.svg Голем мајстор на Орденот на Ѕвездата на Јордан . 
    • JOR Order of Independence GC.svg Голем мајстор на Орденот на независноста . 
    • JOR Order of the Millitary Merit GC.SVG Голем мајстор од Орден за воени заслуги.
    • Order of King Abdullah II.jpg Основач на Големиот мајстор на редот на кралот Абдула II бин Ал Хусеин за извонредност.
    • Al-Hussein Medal for Excellence.gif Суверен на Медалот за извонредност Ал-Хусеин. [61]
    • Long Service Medal.gif Суверен на медалот за долга служба.
    • Medal of Leadership Competence (Jordan).png Суверен на Медал за административна и лидерска компетентност.
    • Medal for Administrative and Technical Competence.gif Суверен на Медал за административна и техничка компетентност.
    • Medal of Training Competence (Jordan).png Суверен на Медал за административна и обука за компетентност.

Странски почести[уреди | уреди извор]

  •  Австрија:
    • AUT Honour for Services to the Republic of Austria - 1st Class BAR.png Голема ѕвезда на Одликувањето за честа за услуги на Република Австрија (јануари 2001)[61]
  •  Бахреин:
    • Wisam al-Khalifa 1st class.gif Голем кордон со јака од Редот на Ал-Калифа (4 ноември 1999).[62]
  •  Белгија:
    • Grand Crest Ordre de Leopold.png Големи кордон од Редот на Леополд (18 мај 2016).[63]
  •  Брунеј:
    • BRU Royal Family Order of the Crown of Brunei.svg Добитник на Орден на кралското семејство на круната на Брунеи (13 мај 2008).[64]
  •  Кипар:
    • Order of Makarios III (Cyprus) - ribbon bar.gif Голема јака од Редот на Макариос III (17 декември 2021)
  •  Чешка:
    • CZE Rad Bileho Lva 1 tridy BAR.svg Прва класа од Орденот на белиот лав (11 февруари 2015)[65]
  •  Финска:
    • FIN Order of the White Rose Grand Cross BAR.png Голем крст со јака од Орденот на белата роза (2010).[66]
  •  Германија:
    • GER Bundesverdienstkreuz 9 Sond des Grosskreuzes.svg Голем крст Специјална класа од Редот за заслуги на Сојузна Република (10 октомври 2002).[62]
  •  Италија:
    • Cordone di gran Croce di Gran Cordone OMRI BAR.svg Витешки Голем крст со јака од Редот за заслуги на Италијанската Република (9 февруари 2001)
    • Cordone di gran Croce OMRI BAR.svg Витешки Голем крст од Редот за заслуги на Италијанската Република (15 јануари 1987)
  •  Јапонија:
    • JPN Daikun'i kikkasho BAR.svg Јака од редот на хризантемата (30 ноември 1999).[67]
    • JPN Daikun'i kikkasho BAR.svg Голем кордон од редот на хризантемата (ноември 1993).[68]
  •  Казахстан:
    • Medal10Astana.png Добитник на медалот 10 години од Астана , (18 мај 2008)[69]
  •  Мароко:
    • Decoration without ribbon - en.svg Јака од Редот на Мухамед
    • MAR Order of the Throne - Special Class BAR.png Голем кордон од Редот на тронот
  •  Холандија:
    • NLD Order of the Dutch Lion - Grand Cross BAR.png Голем крст од Редот на холандскиот лав (30 октомври 2006)
  •  Палестински територии :
    • Order of Jerusalem ribbon.png Голем кордон од Редот на Ерусалим (21 ноември 2015)[70]
  •  Перу:
    • PER Order of the Sun of Peru - Grand Cross BAR.png Голем крст од Редот на Сонцето од Перу (31 мај 2005)
  •  Полска:
  •  Португалија:
    • PRT Order of Saint James of the Sword - Grand Collar BAR.png Голема јака од Редот на Свети Џејмс од мечот (16 март 2009)[71]
    • PRT Order of Prince Henry - Grand Collar BAR.png Голема јака од Редот на принцот Хенри (5 март 2008)[71]
  •  Романија:
    • Star of Romania Ribbon.PNG Јака од Редот на Ѕвездата на Романија (20 декември 2005)[72]
  •  Словенија:
    • SVN Nadomestni zlati častni znak svobod RS.png Златен орден на слободата (2002)
  •  Јужна Кореја:
  •  Шпанија:
    • Order of Charles III - Sash of Collar.svg Голем крст со јака од Редот на Чарлс III (21 април 2006)[се бара извор]
    • Order of Isabella the Catholic - Sash of Collar.svg Голем крст со јака од Редот на Изабел Католичката (18 октомври 1999)[се бара извор]
    • ESP Gran Cruz Merito Naval (Distintivo Blanco) pasador.svg Голем крст од Редот за поморски заслуги, со бела карактеристика (15 септември 1995)[се бара извор]
    • ESP Gran Cruz Merito Aeronautico (Distintivo Blanco) pasador.svg Голем крст од Редот за воздухопловна заслуга, со бела карактеристика (23 декември 1999)
  •  Шведска:
  •  Тунис:
    • Order of the Republic (Tunisia) - ribbon bar Голем кордон од Редот на Републиката
  •  Украина:
    • Order of Merit 1st Class of Ukraine.png Прв степен на Орден за заслуги (22 јуни 2011)
    • Order of Prince Yaroslav the Wise 1st 2nd and 3rd Class of Ukraine.png Прва класа од Редот на принцот Јарослав Мудриот (23 април 2002)
  •  Обединето Кралство:
    • Order of the Bath UK ribbon.svg Почесен витешки голем крст од Редот на Бат, воена класа (6 ноември 2001)[73]
    • UK Order St-Michael St-George ribbon.svg Почесен витешки голем крст од Редот на на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи (12 мај 1999)[73]
    • UK Royal Victorian Order honorary member ribbon.svg Почесен витешки командант на кралскиот викторијански ред (26 март 1984)[74]

Почесни дипломи[уреди | уреди извор]

  • 1 јануари 2001: Докторат по политички науки, Универзитетот во Јордан . [75]
  • 3 септември 2004: Докторат, Институт за меѓународни односи во Москва . [76]
  • 21 март 2005: Доктор по хумани писма за социо-економски развој во Јордан и промовирање на меѓуверскиот дијалог, Универзитетот Џорџтаун. [77]
  • 15 декември 2005: Докторат по политички науки, Универзитетот Чулалонгкорн во Тајланд. [78]
  • 4 јуни 2008: Докторат по граѓанско право, Универзитетот во Оксфорд.[79]
  • 8 ноември 2011: Докторат по хуманитарни науки за напорите во одбраната на светите места во Ерусалим, Универзитетот Ал-Кудс (претставен од палестинскиот претседател Махмуд Абас). [80]

Награди[уреди | уреди извор]

  • 16 март 2002: Награда за глобално лидерство од Организацијата за млади претседатели (Калифорнија). [81]
  • 30 септември 2003: Награда за политичка храброст од Здружението на Сорбона за надворешна политика во Франција. [82]
  • 20 октомври 2003: Награда за пионер во е-бизнис, списание Arab Business (Обединети Арапски Емирати). [83]
  • 16 април 2004: Награда INFORUM 21ви век од Комонвелт клубот во Калифорнија, доделена на млади лидери кои се стремат кон позитивни промени. [84]
  • 9 јуни 2004: Награда Златен штит (Чикаго) за напорите за стабилизирање на Блискиот Исток. [85]
  • Јуни 2004: Награда за достигнување Златна плоча на Академијата за достигнувања. [86] [87]
  • На 21 март 2005: Меѓународна награда за попреченост на Френклин Делано Рузвелт, Обединети нации. [88]
  • 21 јуни 2005: Награда за толеранција од Центарот Симон Визентал. [89]
  • 21 декември 2005: Награда Златен медал на Атина. [90]
  • 8 мај 2007: Награда за миротворец, Семиња на мирот. [91]
  • 8 октомври 2016: Награда за мир на Вестфалија, Германија; [92] Германскиот претседател Јоахим Гаук рекол дека Абдула и Јорданците поставуваат „стандарди за човештвото“ со нивниот одговор на бегалската криза. [92]
  • 16 ноември 2016: Награда за мир (Казахстан) за придонеси во безбедноста и нуклеарното разоружување. [93]
  • 19 јануари 2017: Медал на Абу Бакр Ал Сидеик (прва класа) од Организацијата на арапската Црвена полумесечина и Црвен крст за поддршката на Јордан на палестинскиот народ и напорите во име на сириските бегалци.[94]
  • 27 јуни 2018: Награда Темплтон за промовирање на меѓуверскиот дијалог, во изјавата за доделување се вели дека Абдула „направил повеќе за верска хармонија во исламот и меѓу исламот и другите религии отколку кој било друг жив политички лидер“. [95]
  • 21 ноември 2019: Награда за научник-државник од Вашингтонскиот институт за политика на Блискиот Исток.[96]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Profile: King Abdullah II of Jordan“. themuslim500.com. 1 јануари 2017. Архивирано од изворникот на 18 декември 2016. Посетено на 13 февруари 2017.
  2. „Jerusalem deal boosts Jordan in Holy City: analysts“. The Daily Star. 2 април 2013. Архивирано од изворникот на 22 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  3. „The Washington Post . Jordan's King Abdullah uses shell companies to buy lavish overseas homes, records show“. The Washington Post. Посетено на 4 октомври 2021.(бара претплата)
  4. Drucker, Jesse; Hubbard, Ben (20 февруари 2022). „Vast Leak Exposes How Credit Suisse Served Strongmen and Spies“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 20 февруари 2022.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „His Majesty King Abdullah II ibn Al-Hussein“. kingabdullah.jo. Архивирано од изворникот на 13 февруари 2017. Посетено на 1 февруари 2017.
  6. „Our Founder“. مستشفى فلسطين – Palestine Hospital (англиски). Посетено на 17 декември 2021.
  7. Jawad Anani (23 ноември 2015). „Enacting laws“. The Jordan Times. Архивирано од изворникот на 4 јануари 2018. Посетено на 3 јануари 2018.
  8. 8,0 8,1 „Jordan profile – Leaders“. BBC. 3 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 22 јули 2016. Посетено на 1 ноември 2016.
  9. „King Hussein is dead“. CNN. 7 февруари 1999. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2017. Посетено на 1 ноември 2016.
  10. Afshin Shahi (2013). The Politics of Truth Management in Saudi Arabia. стр. 51. ISBN 9781134653195. Архивирано од изворникот на 6 февруари 2018. Посетено на 3 јануари 2018.
  11. Shlaim 2009.
  12. „Jordan's king names son, 15, as crown prince“. Reuters. 3 јули 2009. Архивирано од изворникот на 17 август 2017. Посетено на 3 јануари 2018.
  13. Jehl, Douglas (1999). „King Hussein Selects Eldest Son, Abdullah, as Successor“. The New York Times.
  14. „King Hussein bin Talal“. kinghussein.gov.jo. Архивирано од изворникот на 21 октомври 2016. Посетено на 1 ноември 2016.
  15. Teller, Matthew (26 август 2014). „Sandhurst's sheikhs: Why do so many Gulf royals receive military training in the UK?“. BBC News. Архивирано од изворникот на 26 март 2016. Посетено на 1 ноември 2016.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 16,6 16,7 Tucker, Spencer; Roberts, Priscilla (2008). The Encyclopedia of the Arab–Israeli Conflict: A Political, Social, and Military History. ABC-CLIO. стр. 25. ISBN 9781851098422. Архивирано од изворникот на 6 февруари 2018. Посетено на 1 ноември 2016.
  17. 17,0 17,1 Lamb, Christina (30 април 2017). „The Interview: Queen Rania of Jordan on the refugee crisis, Isis and being a Muslim woman“. The Times. Посетено на 3 јануари 2018.
  18. 18,0 18,1 18,2 „King Abdullah Profile“. BBC. 2 ноември 2001. Архивирано од изворникот на 30 јули 2016. Посетено на 13 февруари 2017.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 „Jordan's New Crown Prince, Abdullah bin Hussein“. The Washington Institute for Near East Policy. 25 јануари 1999. Архивирано од изворникот на 13 февруари 2017. Посетено на 10 февруари 2017.
  20. 20,0 20,1 Wilkinson, Tracy; Trounson, Rebbeca (8 февруари 1999). „Jordan Mourns King as Leaders Gather at Funeral“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на 6 март 2016. Посетено на 1 ноември 2016.
  21. 21,0 21,1 „Jordan crowns new King“. BBC News. 9 јуни 1999. Архивирано од изворникот на 22 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  22. „What Queen Rania wants for the world“. CNN. 14 јули 2008. Архивирано од изворникот на 19 јануари 2013. Посетено на 3 јануари 2018.
  23. 23,0 23,1 „Jordan's new king“. The Economist. 11 февруари 1999. Архивирано од изворникот на 14 февруари 2017. Посетено на 13 февруари 2017.
  24. Hockstader, Lee (9 август 1999). „Jordan's Monarch Goes Undercover“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на 9 септември 2016. Посетено на 10 февруари 2017.
  25. 25,0 25,1 25,2 Hirst, David (27 ноември 1999). „Jordan curbs Hamas“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 13 февруари 2017. Посетено на 10 февруари 2017.
  26. „Jordan's pragmatic king looks to future“. BBC. 24 август 2001. Архивирано од изворникот на 14 февруари 2017. Посетено на 13 февруари 2017.
  27. Abdullah II of Jordan (2011). Our Last Best Chance: The Pursuit of Peace in a Time of Peril. Penguin UK. ISBN 9780141960395. Архивирано од изворникот на 6 февруари 2018. Посетено на 8 мај 2017.
  28. 28,0 28,1 28,2 Ryan, Curtis; Schwedler, Jillian (1 јуни 2004). „Return To Democratization or New Hybrid Regime?: The 2003 Elections in Jordan“ (PDF). Wiley-Blackwell. Архивирано од изворникот (PDF) на 8 август 2017. Посетено на 13 февруари 2017.
  29. „World 'ignoring Iraqi refugees'. BBC. 20 март 2007. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  30. 30,0 30,1 Ghazal, Mohammad (30 јануари 2016). „Population stands at around 9.5 million, including 2.9 million guests“. The Jordan Times. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2017. Посетено на 4 јануари 2018.
  31. 31,0 31,1 „Jordan's king in first Iraq visit“. BBC. 11 август 2008. Архивирано од изворникот на 1 март 2017. Посетено на 29 мај 2017.
  32. 32,0 32,1 32,2 Blomfield, Adrian (1 февруари 2011). „King Abdullah II of Jordan sacks government amid street protests“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 2 јули 2012. Посетено на 14 февруари 2017.
  33. „Jordan: Year in Review 2012“. Oxford Business Group. 20 декември 2012. Архивирано од изворникот на 5 септември 2014. Посетено на 20 март 2016.
  34. „Political and economic problems fuel Jordan protests“. Dale Gavlak. BBC. 16 ноември 2012. Архивирано од изворникот на 14 мај 2015. Посетено на 7 јануари 2018.
  35. „King Abdullah Seeks to Champion Jordanian Reforms“. Osama Al Sharif. Al Monitor. 18 март 2013. Архивирано од изворникот на 9 јануари 2018. Посетено на 7 јануари 2018.
  36. 36,0 36,1 36,2 Kereshner, Isabel (6 декември 2012). „Visit to West Bank by King Gives Palestinians a Lift“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 18 март 2017. Посетено на 17 февруари 2017.
  37. Malkawi, Khetam (16 февруари 2017). „Palestinian state of highest national interest for Jordan – gov't“. The Jordan Times. Архивирано од изворникот на 16 февруари 2017. Посетено на 17 февруари 2017.
  38. Gavlak, Dale (22 јануари 2013). „Flow of Syrian refugees into Jordan intensifies“. The Times of Israel. Архивирано од изворникот на 19 февруари 2017. Посетено на 17 февруари 2017.
  39. Jean-Nicholas Fievet (11 ноември 2011). „King Abdullah Says Syrian Leader Should Go“. ABC News. Архивирано од изворникот на 12 октомври 2017. Посетено на 7 јуни 2017.
  40. Tom Coghlan; Catherine Philp; Sara Elizabeth Williams (24 јуни 2014). „Isis spreads terror with plundered US weapons“. The Times. Посетено на 18 март 2017.
  41. Stator, Brenda (19 март 2015). „Iraqi Christians find safe haven in Jordan's churches“. Al Monitor. Архивирано од изворникот на 19 февруари 2017. Посетено на 17 февруари 2017.
  42. 42,0 42,1 Sterman, Adiv (22 септември 2014). „Jordanian king says borders 'secure' from Islamic State“. The Times of Israel. Архивирано од изворникот на 18 февруари 2017. Посетено на 17 февруари 2017.
  43. „Jordan says it has carried out 56 air strikes against Isis“. The Guardian. 9 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 18 февруари 2017. Посетено на 17 февруари 2017.
  44. „WATCH: Meet the Hashemites, Jordan's 'Warrior-king' at the Center of the Fight Against ISIS“. Haaretz. 9 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 18 февруари 2017. Посетено на 17 февруари 2017.
  45. 45,0 45,1 „Syria conflict: Jordanians 'at boiling point' over refugees“. BBC. 2 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 17 февруари 2017. Посетено на 17 февруари 2017.
  46. 46,0 46,1 „Jordan election seen as small step toward democratic reform“. Agence France-Presse. 20 септември 2016. Архивирано од изворникот на 23 септември 2016. Посетено на 23 септември 2016.
  47. „His Majesty King Abdullah II bin al-Hussein of the Hashemite Kingdom of Jordan addresses the 91st International Labour Conference“. www.ilo.org (англиски). 12 јуни 2003. Архивирано од изворникот на 21 април 2021. Посетено на 21 април 2021.
  48. „Kingdom wins three-year deputy seat on ILO governing body“. Arab News (англиски). 14 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 14 јуни 2017. Посетено на 21 април 2021.
  49. „ILO Response to Syrian Refugee Crisis in Jordan (Arab States)“. www.ilo.org (англиски). Архивирано од изворникот на 30 септември 2019. Посетено на 21 април 2021.
  50. „Trump cites Middle East progress, hosts Jordan's King Abdullah“. Al Arabiya English (англиски). 26 јуни 2018. Посетено на 14 март 2021.
  51. „Trump Meets Jordan's Abdullah as US Prepares to Unveil Middle East Peace Plan | Voice of America – English“. www.voanews.com (англиски). Посетено на 14 март 2021.
  52. „US confirms end to funding for UN Palestinian refugees“. The Guardian (англиски). 31 август 2018. Посетено на 23 јануари 2021.
  53. Schwartz, Felicia (19 септември 2018). „Jordan Scrambles to Recoup Funds for Palestinians Lost to U.S. Cuts“. The Wall Street Journal (англиски). ISSN 0099-9660. Посетено на 23 јануари 2021.
  54. Sharif, Osama Al (30 август 2018). „Jordan can't afford to lose UNRWA battle“. Al-Monitor (англиски). Посетено на 23 јануари 2021.
  55. „Jordan's King Abdullah II: "The Danger of People Starving to Death Is Greater than the Danger from the Virus Itself". www.spiegel.de – Der Spiegel International (англиски). 15 мај 2020. Посетено на 9 јануари 2021.
  56. Sharif, Osama Al (22 јануари 2021). „King Abdullah engaged regional leaders in preparation for Biden's presidency“. Al-Monitor (англиски). Посетено на 23 јануари 2021.
  57. Warrick, Joby; Dadouch, Sarah; Hendrix, Steve. „Nearly 20 arrested in alleged plot against Jordan's King Abdullah II“. The Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 21 април 2021.
  58. 58,0 58,1 „Jordan's King Abdullah says 'sedition' quashed“. Al Jazeera. 7 април 2021. Посетено на 21 април 2021.
  59. „After alleged coup attempt, Jordan's King Abdullah signals end to royal feud“. The Washington Post. 7 април 2021. Посетено на 21 април 2021.
  60. AP (5 април 2021). „Jordanian King Abdullah II sends tough message on dissent in royal family“. Business Standard India. Посетено на 4 мај 2021.
  61. 61,0 61,1 61,2 „Request Rejected“. www.cpc.gov.ae. Посетено на 4 мај 2021. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:2“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  62. 62,0 62,1 „Home“. www.mofa.gov.bh (англиски). Посетено на 4 мај 2021.
  63. „Nuevo duelo de reinas: una Rania muy demodé no puede con una Matilde sublime. Noticias de Casas Reales“. 18 мај 2016. Архивирано од изворникот на 24 јули 2016. Посетено на 13 јули 2016.
  64. „ODM of Brunei: Order of the Crown of Brunei“. www.medals.org.uk. Посетено на 4 мај 2021.
  65. „Jordan, Czech Republic set to boost ties at all levels“. The Jordan Times (англиски). 11 февруари 2015. Посетено на 4 октомври 2020.
  66. „Suomen Valkoisen Ruusun ritarikunnan suurristin ketjuineen ulkomaalaiset saajat“. Ritarikunnat.fi. Архивирано од изворникот на 4 септември 2019. Посетено на 23 мај 2020.
  67. „Decorations and Medals - Presidency of the Republic of Lebanon“. www.presidency.gov.lb. Посетено на 4 мај 2021.
  68. „MOFA: Joint Press Statement on the Occasion of King Abdullah II's State Visit to Japan“. mofa.go.jp. Посетено на 5 октомври 2020.
  69. „Абдалла II – король Иордании“. Архивирано од изворникот на 2 октомври 2009.
  70. „الرئيس يقلد العاهل الأردني وسام القدس“. www.wafa.ps. Посетено на 14 јануари 2019.
  71. 71,0 71,1 „Cidadãos Estrangeiros Agraciados com Ordens Portuguesas“ (португалски). Portuguese Presidency (presidencia.pt). Архивирано од изворникот на 8 февруари 2012. Посетено на 22 февруари 2017.
  72. „King Abdullah, Romanian President hold talks | King Abdullah II Official Website“. kingabdullah.jo. Посетено на 5 октомври 2020.
  73. 73,0 73,1 „Honorary Knighthoods Awarded 1997-2006“. data.parliament.uk. 2009. Посетено на 14 јануари 2022.
  74. „King Abdullah II: as the Jordanian king celebrates his birthday HELLO! Online brings you 10 facts about him“. HELLO! (англиски). 30 јануари 2014. Посетено на 14 октомври 2020.
  75. „Honorary Doctorate granted by UJ“. University of Jordan. 1 јануари 2001. Архивирано од изворникот на 16 ноември 2016. Посетено на 22 февруари 2017.
  76. „King Abdullah II reiterates condemnation to terrorism“. kingabdullah.jo. 3 септември 2004. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  77. „Honorary Degree Recipients – Governance“. Georgetown University. 21 март 2005. Архивирано од изворникот на 18 јануари 2017. Посетено на 17 јануари 2017.
  78. „Islam reviles aggression against innocents – King“. kingabdullah.jo. 15 декември 2005. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  79. „King calls for peace on eve of 1967 war anniversary“. kingabdullah.jo. 4 јуни 2008. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  80. „King receives honorary doctorate from Al Quds University“. Ammon News. 8 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  81. „Speech of His Majesty King Abdullah II upon Accepting The Young Presidents Organisation's Global Leadership Award“. kingabdullah.jo. 16 март 2002. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  82. „King and Queen Leave to Madrid“. kingabdullah.jo. 30 септември 2003. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  83. „King Abdullah II Calls for Enhancing Cooperation Among Leaderships“. kingabdullah.jo. 20 октомври 2003. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  84. „King Abdullah II of Jordan Speaks About The Middle East“. Getty Images. 16 април 2004. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  85. „King Starts a Visit to the United States“. kingabdullah.jo. 9 јуни 2004. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  86. „King Receives the US Achievement Academy's Award“. kingabdullah.jo. 13 јуни 2004. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  87. „Golden Plate Awardees of the American Academy of Achievement“. achievement.org. American Academy of Achievement.
  88. „King returns home“. kingabdullah.jo. 24 март 2005. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  89. „King receives Simon Wiesenthal Center delegation“. kingabdullah.jo. 21 јуни 2005. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  90. „Remarks by His Majesty King Abdullah II upon Receiving the Golden Medal of Athens Award“. kingabdullah.jo. 21 декември 2005. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  91. „King, Queen receive Peacemaker Award“. kingabdullah.jo. 8 мај 2007. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  92. 92,0 92,1 „Jordan's King Abdullah II awarded peace prize in Germany“. The Times of Israel. Associated Press. 8 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  93. „King 'a worthy first recipient' of Kazakh prize on nuclear disarmament efforts, paper says“. The Jordan Times. 5 октомври 2016. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  94. „King accepts medal from Red Crescent, Red Cross organisation“. The Jordan Times. 24 јануари 2017. Архивирано од изворникот на 16 февруари 2017. Посетено на 22 февруари 2017.
  95. „King Abdullah II Of Jordan Awarded 2018 Templeton Prize“. 27 јуни 2018. Посетено на 7 јули 2018.
  96. „Jordan's King Abdullah II ibn Al Hussein Receives Washington Institute Scholar-Statesman Award“. The Washington Institute (англиски). 22 ноември 2019. Посетено на 3 февруари 2021.