Меѓународна организација на трудот
Меѓународната организација на трудот | |
Кратенка | МОТ |
---|---|
Основана | 1919 |
Вид | Агенција на ООН |
Правен статус | активна |
Седиште | Женева |
Шеф | Хуан Сомавиа |
Мреж. место | ilo.org |
Меѓународна организација на трудот (МОТ) — специјализирана агенција на Обединетите Нации која се занимава со прашањата поврзани со трудовата проблематика.[1] Нејзиното седиште е во Женева. Основана е во 1919 година и во периодот до Втората светска војна е агенција на Друштвото на Народите. Во 1946 година МОТ станува прва специјализирана агенција на ОН. Од 2012, во МОТ членуваат 185 земји од светот. Република Македонија е членка на МОТ од 28 мај 1993 година.
МОТ се залага за зајакнување на работничките права, за подобрување на работните и животните услови на работниците, за создавање на нови работни места и за обезбедување пристап до информации и обука. Една од основните функции на МОТ е воспоставување на меѓународни стандарди на заштита на работничките права.
МОТ има трипартитен состав, односно негови членови се претставниците на државите, синдикатите и работодавците.
Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1969 година.[2]
Литература
[уреди | уреди извор]- Игор Јанев, UN and the international financial and economic organizations, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ILO Decent Work Agenda. Ilo.org. Посетено на 2012-06-02.
- ↑ „The Nobel Peace Prize 1969“. Nobelprize.org. Посетено на 2006-07-05.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на МОТ
- Меѓународната организација на трудот на македонски јазик[мртва врска]
- Канцеларија на МОТ во Македонија[мртва врска]
- Регионална канцеларија на МОТ во Будимпешта
- Конвенции на Меѓународната организација на трудот кои ги има ратификувано Република Македонија (МТСП)
- Ратификувани конвенции на МОТ од Република Македонија (ССМ)
- Ратификувани конвенции на МОТ од Република Македонија (КСС)
- „Фундаментални конвенции на МОТ“
- „Конвенции и препораки за безбедност и здравје при работа на МОТ“
- „Поглед врз МОТ“ Архивирано на 22 ноември 2014 г.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|