Граѓанска војна во Сирија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Syrian Civil War map.svg
Протести против режимот на Асад, април 2011 година
Собир во солидарност за бегалците во Скопје

Граѓанска војна во сирија[1][2][3][4] познато и како Бунт во Сирија[5] — тековен вооружен конфликт помеѓу претставниците на власта и опозицијата во Сирија. Почнала на 15 март 2011 година со истовремени демонстрации во повеќе сириски градови против сириската влада и претседателот на Сирија, Башар Ал Асад, под влијание на Арапската пролет. Протестите и демонстрациите подоцна прераснале во вооружен судир, а во 2012 година судирот преминал во граѓанска војна. 

Во пролетта, 2011 година, сириската влада ја користи Војската на Сирија во гушење на протестите и демонстрациите. Неколку градови биле опседнати,[6][7] а во некои градови сириската војска користела и огнено оружје на демонстрантите.[8] Овој потег довел до револт во самите линии на вооружените сили, па еден број од припадниците на војската дезертирал и се приклучил на демонстрантите, а подоцна ја формирале Слободната армија на Сирија. Сириската власт сите вооружени формации ги оценувала како терористички т.е. дошло до вооружен судир помеѓу бунтовниците и регуларната војска.

Од јануари 2015 година, бројката на смртност пораснала на 220,000, а според проценките од април 2015 и до 310,000 жртви.

И едната и другата страна во конфилктот се обвинети дека правеле воени злосторства, ѕверства и тортура над затвореници како и користење на цивили како жив штит.[9][10][11][12][13]

Сериозноста на катастрофата во Сирија беше наведена од страна на Обединетите Нации и многу меѓународни организации. Повеќе од 7.6 милиони Сиријци беа раселени, повеќе од 5 милиони побегнаа од државата во соседните држави како Турција, Либан, Јордан, Ирак, Египет и Кувајт, и неколку стотици илјади побегнаа во подалечните земји како Германија и Грција и станаа мигранти. Милиони останати беа оставени во ниски животни услови со недостаток на храна и вода за пиење.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Syria: France calls for UN to enforce Annan plan”
  2. „UN peacekeeping chief calls Syria conflict a civil war”
  3. „UN: Syria now in state of civil war, death toll at more than 4,000”
  4. „„Exclusive: Syria now an "internal armed conflict" – Red Cross". Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2015-09-17.
  5. „Syria's uprising: From rocks to RPGs”
  6. „Syrian army tanks 'moving towards Hama'”
  7. „'Dozens killed' in Syrian border town”
  8. „'Defected Syria security agent' speaks out”
  9. „Syria: Local Residents Used as Human Shields”
  10. „UN report accuses Syrian troops of torturing and executing children, and of using children as "human shields"”
  11. „Syria: Armed Opposition Groups Committing Abuses”
  12. „Syria conflict: Aleppo shootings by rebels condemned”
  13. „Open Letter to the Leaders of the Syrian Opposition Regarding Human Rights Abuses by Armed Opposition Members”