Љубинка Басотова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена 15 октомври 1934
Скопје, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање класичен филолог, универзитетска професорка


Љубинка Басотова (15 октомври 1934 во Скопје) — македонски класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Објавила повеќе научни трудови од областа на класичните студии во домашни и во странски списанија. Автор е на многубројни преводи и препеви од латински и старогрчки јазик на значајни дела од класичната и од средновековната литература. Особено се значајни нејзините преводи и препеви во оригинален метар на делата на Кикерон, Каесар, Витрувиј, Куртиј Руф, Јустин, Еразмо Ротердамски, Августин, Вергилиј, Овидиј, Хоратиј, Софокле, како и преводите на латинските и грчките извори за проучувањето на македонската средновековна историја. Автор е на седум учебника по латински јазик за средните училишта. Долгогодишен соработник на меѓународното списание „Жива антика“, член на Редакцијата на „Портал“, гласник на Асоцијацијата „Македонски духовни конаци“ во Струга. За својата преведувачка дејност добила повеќе награди и признанија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Басна“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 231. (2009). Скопје: МАНУ.