Реквием

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Погребна миса за надвојводата Франц Фердинанд во католичката црква Света Катерина во Санкт Петерсбург (1914)

Реквием, познат и како Реквиемска миса, Миса за мртвите (латински: Missa pro defunctis) и Миса на мртвите (латински: Missa defunctorum), е миса во католичката црква која се служи за спас на душите на еден или повеќе умрени луѓе. Обично, мисата се служи при погреб. Изразот „реквием“ означува слични церемонии и во другиет цркви, како што се англиканската црква и во некои лутерански цркви. Покрај тоа, зборот „реквием“ го означува и музичкото дело што се изведува за време на реквиемската миса. Во поширока смисла на зборот, „реквием“ претставува музичко дело поврзано со смртта, умирањето и жалоста, дури и кога не е поврзано со литургиска или религиска служба.[1] Изразот „реквием“ потекнува од првиот збор во реченицата „Дај им вечен спокој, о Боже“ (латински: Requiem aeternam dona eis, Domine), т.е. „Requiem“ е акузативна форма во еднина на латинската именка „requies“ која значи „одмор, спокој“

Реквиемот како музичко дело[уреди | уреди извор]

Реквиемот како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fahlbusch, Erwin (2005). The Encyclopedia Of Christianity, Volume 4. Wm. B. Eerdmans Publishing. ISBN 978-0802824165. https://books.google.com/books?id=C5V7oyy69zgC&pg=PA649. посет. 3 ноември 2012 г. 
  2. Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 76-83.
  3. IMDb, Requiem for a Dream (2000) (пристапено на 29.2.2017)