Реквием за еден сон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Реквием за еден сон (англиски: Requiem for a dream) е американски филм од 2000 година, режиран од Дарен Аронофски. Филмот е снимен според романот на Хуберт Селби Помладиот од 1978 година. Главните улоги ги играат: Елен Бурстин, Џаред Лето, Џенифер Конели и Марлон Вајанс, а самиот Хуберт Селби има улога како затворски стражар. Во филмот се зборува за различните форми на зависност, кои водат до затвореност во еден свет на соништата, кој е различен од реалноста. За улогата во овој филм, Елен Бурстин била номинирана за наградата „Оскар“ за најдобра актерка во 2000. Музиката во филмот е компонирана од Клинт Мансел, ја изведува „Квартетот Кронос“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Откако вдовицата Сара Голдфарб (ја игра Бурстин) добива анонимен телефонски повик преку кој е повикана да учествува во телевизиски квиз, таа се согласува и решава да биде облечена во нејзиниот величествен црвен фустан, кој го носела и на матурата на својот син. Меѓутоа, со текот на годините таа се здебелила, што ја спречува во нејзината намера. За да ослаби побрзо, таа се обраќа на лекар којшто ѝ препишува апчиња (амфетамини) од кои таа подоцна станува зависна. Тоа е главната причина за нејзините халуцинации и бегање од реалниот свет во светот на соништата.

Синот на Сара Голдфарб, пак, Хари Голдфарб (го игра Лето) е дилер и нарко-зависник од хероин. На тој начин, тој мисли дека ќе си осигура подобар живот, како за него, така и за неговата девојка - Мерион Силвер (ја игра Конели), исто така зависник од дрога. За жал, по нивната краткотрајна радост, тие запаѓаат во потполна катастрофа. Поради војна меѓу уличните банди, тие не можат да најдат дрога, поради што Хари и Тајрон заминуваат на југ, а Мерион станува проститутка. Патувајќи кон Флорида, здравствената состојба на Хари му се влошува и тој се пријавува во болница, но тој и Тајрон (го игра Вајанс) завршуваат в затвор. На крајот, на Хари му ја ампутираат левата рака; Тајсон останува в затвор; за да дојде до дрога Мерион учествува во перверзни сексуални забави, а Сара запаѓа во тешка психичка состојба, целосно ја губи врската со реалноста и завршува во душевна болница.[1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]