Електра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Електра и Орест
Лувр, Париз

Електра (грч. Ήλέκτρα) (лат. Electra) во грчката митологија може да биде:

Електра како ќерка на Агамемнон[уреди | уреди извор]

Електра била ќерка на Агамемнон и Клитемнестра, сестра на Орест и Ифигенија. Кога нејзиниот татко, кралот Агамемнон се вратил од Тројанската војна, Електра била отсутна од Микена, а него го убила неговата жена Клитемнестра заедно со нејзиниот љубовник Егист. Егист и Клитемнестра тогаш ја убиле и Касандра, тројанската пророчица, која Агамемнон ја довел со себе од Троја како војнички плен.

Осум години покасно, од Атина, Орест ја донел Електра во Микена, и на татковиот гроб се договориле за освета. Се осветиле за смртта на својот татко така што Орест, со пријателот Пилад ги убиле и Клитемнестра и Егист. Орест, по некое време го изгубил разумот, бидејќи почнале да го прогонуваат Фуриите кои биле задолжени за крвна освета.

Орест заминал во храмот во Делфи, и иако Аполон му наредил да се освети за татка си, Аполон бил беспомошен да ги спречи последиците од целата случка, па се одржало судење на боговите на Акропол. Гласот на божицата Атина бил решавачки, така што бесот на боговите се стишал.

Фуријите никогаш не ја прогонувале Електра.

Еврипид во своето дело „Ифигенија на Таврида““ раскажува сосема поинаква приказна. Фуриите го одонесле Орест во Таврида на Црно Море, каде негова сестра Ифигенија била затворена и подготвувала жртви за Артемида. Кога фуриите ги донеле Орест и Пилад да бидат жртвувани, Ифигенија и Орест се препознале, па заедно избегале.

Пилад им помогнал на Орест и Електра да ја убијат својата мајка и неговиот љубовник, а потоа Пилад се заљубил во Електра и на крајот станале маж и жена.

Електра како ќерка на Океан[уреди | уреди извор]

Електра, ќерката на титанот Океан и неговата жена Тетида, се омажила со богот на морето Тавмант, со кој имала четири ќерки: Ирида и три Харпии.

Електра како ќерка на Атлас[уреди | уреди извор]

Електра била ќерка на титанот Атлас и океанидата Плеона. Се омажила со Зевс, со кого имала два сина Дардан и Ил, основачот на Троја, и ќерката Хармонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]