Јаков Полјански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Епископ Полјански и викарен епископ на Митрополитот струмички
На должноста
25 ноември 2018 – во служба
Претходник нема
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) 23 ноември 1983

Куманово
Националност Македонец
Професија Епископ на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин

Јаков Полјански (роден во Куманово на 23 ноември 1983) — епископ Полјански и викарен епископ на Митрополитот струмички господин Наум.

Биографија[уреди | уреди извор]

Јаков е роден на 23 ноември 1983 година во Куманово. Во 2004 дошол во Струмица како искушеник, а следната година веќе се замонашил. Дипломирал на теолошкиот факултет во Скопје во 2018 година. Од 2010 година е старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј", во струмичко Ново Село. Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА одлуката за хиротонија ја донел на 29 септември 2018 година. Чинот на хиротонија или ракополагањето се случило на 25 ноември 2018 година на денот на соборот на епископите, и се одржал во Водочкиот манастир. Со тој чин Јаков постанал 13 владика на МПЦ-ОА.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]