Новоселски манастир
Поглед кон манастирската црква | |
Информации | |
---|---|
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1995 |
Епархија | Струмичка |
Цркви | „Св. Ѓорѓи“ |
Место | |
Место | село Ново Село, Општина Ново Село, Струмичко, Македонија |
Координати | 41°25′12.9″N 22°53′05.4″E / 41.420250° СГШ; 22.884833° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци |
Отворен за јавноста | да |
Свети Антониј — православен македонски манастир над струмичкото село Ново Село.[1]
Основни податоци
[уреди | уреди извор]Манастирот се издига на рид на планината Огражден, што се наоѓа над Ново Село, од каде се гледа панорама на целото село. Во склоп на манастирот има конак каде живеат тројца монаси во склад со Аскетско – исихастичката традиција на Светогорските манастири. Во манастирот е развиено пчеларството и се произведува квалитетен мед. На тоа место во 90тите години била откриена некропола, која најверојатно датирала од римско време, и подоцна се покренала иницијати за изградба на манастирски комплекс.
- Црква
Главната и единствена манастирска црква е посветена на Свети Георгиј. Таа е осветена на 28 август 2004 година на празникот Голема Богородица со благослов на Струмичкиот Митрополит Господин Наум. Црквата сè уште не е фрескоживописана и не е изработен иконостасот (состојба 2015).
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Новоселски манастир“ на Ризницата ? |
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |