Европски Суд на Правдата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европска Унија
Знаме на Европската унија

Дел од серијалот:
Политика на и управување со
Европската Унија

Европскиот Суд на Правдата е составен од 27 судии, на кои им помагаат девет општи застапници (general advocates). Судот од прва инстанца е формиран во 1989 година и, исто така, е составен од петнаесет судии. Со договор на владите на земјите-членки, членовите на овие судови, кои заседаваат во Луксембург, се именуваат на шест години. Нивната професионална независност е загарантирана.

Улогата на судот е, во согласност со законот, да обезбеди толкување и примена на европските договори.

Во пресудата, судот може да утврди дека земјата-членка не успеала да ја исполни обврската што ја презела според договорите. Доколку земјата-членка не постапува во согласност со пресудата, судот може да утврди плаќање на одреден износ или казна. Судот разгледува дали мерките за укинување на иницираните дејства, преземени од страна на институциите се легални и има моќ да пресуди прекршување на договорите поради недејствување.

Судот, исто така, донесува прелиминарни одлуки за толкувањето или за валидноста на правото на Заедницата применето од националните судови. Доколку правното дејство предизвика спорен момент од ваков вид, националниот суд може да побара судска одлука од Европскиот Суд. Ако во односната земја-членка не постои повисок суд за поднесување жалба, тогаш мора да се постапи на овој начин, а во тој случај пресудата на судот е обврзувачка.