Европска економска област

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The EEA area as of 2010
Вид Единствен пазар
Воспоставена 1994
Членки
Владеење
Основи Договор „EEA“
Институции Совет на „EEA“
Европска Комисија
EFTA SA
ЕСП
Суд на EFTA
Поврзана со Европска Унија
Слободна трговска зона на Европа
Статистики
Пипулација (2012) 508.833.961
Област 4.944.753 км²
БДП (2011) €13 трилиони
$18 трилиони[1]

Европската економска област (ЕЕО) била основана на 1 јануари, 1994, следејќи го договорот меѓу земјите-членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕАСТ) и Европската заедница односно Европската Унија. Подетално, тој дозволува Исланд,Лихтернштајн и Норвешка да учествуваат во внатрешниот Пазар на ЕУ без конвенционално членство во ЕУ. За возврат, тие се обврзани да ги усвојат сите закони на ЕУ кои се поврзани со единствениот Пазар,освен законите поврзани со агрокултура и рибарство. Една од членките на ЕАСТ, Швајцарија, не се приклучи на ЕЕО.

Потекло[уреди]

Кон крајот на 80ите , земјите-членки на ЕАСТ, водени од Шветска, почнаа да ги разгледуваат можностите да се приклучат на тогашните Европски заедници. Причините за ова се многукратни. Многумина го посочија економскиот пад кон почетокот на осумдесетите и последователното усвојување на Европската агенда од 1992 год. од страна на Европската унија како главна причина. Гледајќи од либерална мегѓувладина перспектива, овие луѓе се бунеа дека големи мултинационални корпорации во земјите-членки на ЕАСТ ,особено Шветска, беа под притисок поради членството во ЕЕЗ, со закана дека нивните производи ќе ги префрлат во странство. Други пак, го посочија крајот на студената војна ,која го направи приклучувањето на неутралните земји кон ЕУ помалку политички контраверзно.

Во меѓувреме, на Жак Делор, кој тогаш беше претседател на Европската комисија, не му се допадна идејата за проширување на ЕЕЗ, бидејќи се плашеше дека тоа ќе ја спречи способноста на Заедницата да ги заврши реформате на внатрешниот Пазар и да ја основа монетарната унија.Во јануари 1989год. Делор предложи Европски економски простор(ЕЕП) кој подоцна беше преименуван како Европска економска област(ЕЕО),како што е позната и денес.

Со време беше основана ЕЕО, сепак, неколку случувања го попречија нејзиниот кредибилитет. Како прво, Шветска на национален референдум, на 6 декември 1992год. го одби договорот за ЕЕО,спречувајќИ целосна ЕУ-ЕАСТ интеграција во ЕЕО. Потоа, во 1989год.Австрија аплицираше за целосно членство ЕЕЗ,а потоа во 1991год. и 1992год. по нејзините стапки тргнаа и Финска,Норвешка,Шветска и Швајцарија (пристапувањето на Норвешка во ЕУ беше одбиено на референдум,а Швајцарија ја замрзна својата апликација за ЕУ откако договорот за ЕЕО беше одбиен).

Падот на железната завеса направи ЕУ помаку да се двоуми дали да ги прифати овие високоразвиени земји како земји-членки,бидејќи кога би се приклучиле и поранешните комунистички земји од централна Европа тоа би го олеснило притисокот врз буџетот на ЕУ.

Членство[уреди]

Договорот за ЕЕО беше потпиешан во Порто на 2 мај 1992год. од страна на седумте земји-членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕАСТ) и Европската заедница (ЕЗ) и нејзините тогашни 12 земји-членки. На 6 декември 1992год. швајцарските гласачи ја одбија ратификацијата на уставно-наложениот референдум, ефективно замрзнувајќи ја апликацијата за членство во ЕУ која беше подадена претходно истата година. Швајцарија всушност е поврзана со ЕУ преку серија билатерални договори. На 1 јануари 1995год. три поранешни членки на ЕАСТ- Австрија, Финска и Шветска- влегоа во Европската Унија, што ја заменија Европската заедница откако на 1 ноември 1993год стапи на сила Договорот од Мастрихт. Учеството на Лихтернштајн во ЕЕО беше одложено се до 1 мај 1995год.

Денес, договорни страни на ЕЕО се ЕУ и нејзините 27 земји-членки плус Исланд, Лихтернштајн и Норвешка.

Права и обврски[уреди]

ЕЕО се базира на истите ,,четири слободи" како и Европската заедница: слободно движење на добра, луѓе, услуги и капитал меѓу земјите на ЕЕО. Сепак, земјите-членки на ЕАСТ кои се дел и од ЕЕО уживаат во слободната трговија со Европската Унија.

За возврат, овие земји мораат да усвојат дел од законите на Европската Унија. Овие земји имаат многу малку влијание врз процесот на носење на одлуки во Брисел.

Земјите-членки на ЕАСТ кои се дел од ЕЕО не трпат финансиски товар поради членството во ЕУ иако тие придонесуваат финансиски во европскиот единствен пазар. По проширувањето на ЕУ/ЕЕО во 2004год. имаше десетократно зголемување на финансискиот придонес на земјите-членки на ЕЕО, особено Норвешка, во социјалната и економска кохезија на внатрешниот Пазар (1167€ милиони за пет години).

Земјите-членки на ЕАСТ не добиваат никакви средства од ЕУ и фондовите за развој.

Законодавство[уреди]

Земјите кои се дел од ЕЕО но не се членки на ЕУ (Исланд,Лихтернштајн и Норвешка) се согласија да донесат закони слични на оние на ЕУ во областите на социјална политика, заштитан а потрошувачи, животна средина, закон за претпријатија и статистика. Ова се некои од областите кои ги опфаќа Европската заедница (,,првиот предвласник" на Европската Унија).

Земјите кои се дел од ЕЕО но не се членки на ЕУ немаат претставници во институциите на ЕУ како што се Европскиот парламент и Европската комисија. Оваа ситуација е опишана како ,,факс демократија" со тоа што Норвешка чека најновите закони на Комисијата да и бидат пратени по факс.

Институции[уреди]

Заедничкиот комитет кој се состои од земјите-членки на ЕЕО/ЕАСТ плус Европската комисија (која ја застапува ЕУ) има за задача д аим ги достави релевантните закони на ЕУ на земјите кои не се членки на ЕУ. Советот на ЕЕО се состанува два пати годишно за да го контролира севкупниот односот на земјите кои се дел од ЕЕО.

Наместо да основа пан-ЕЕО институции, активностите на ЕЕО се регулирани со власти за надгледување на ЕАСТ и судот на ЕАСТ кои работат во стилот на Европската комисија и Европскиот суд на правдата во ЕУ. За повеќе информации видете ги институциите на ЕЕО.

Парична помош на ЕЕО и Норвешка[уреди]

Парична помош на ЕЕО и Норвешка е финансиско придонесување на Исланд, Лихтернштајн И Норвешка да се намалат социјалните и економски разлики во Европа. Во периодот од 2004год. до 2009год. од програмата за собирање на парични средства собрани се 1,3 милијарди € кои се додтапни за проектот за парично помагање на 15 земји од централна и источна Европа.

Паричната помош на ЕЕО и Норвешка започна заедно со проширувањето на Европската економска област (ЕЕО) во 2004год. што ги доведе ЕУ, Исланд, Лихтернштајн И Норвешка заедно во внатрешниот пазар.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]