Евгеника

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Евгениката е самонасочување на човечката еволуција“ - лого од Втората меѓународна конференција за евгеника, одржана во 1921 во Лондон, на која евгениката била обележана како дрво кое обединува разновидност од различни полиња.[1]

Евгениката е проучување и практикување на селективното размножување кое се применува на луѓето, со цел да се подобри видот. Во историска и поширока смисла, евгениката може, исто така, да биде и проучување за „подобрување на човековите генетски квалитети“. Поборниците на евгениката бараат да се спречи она што тие го сметале како дисгеничка динамика во човечкиот генетски фонд. Конкретно, во однос на пренесувањето на вродените пореметувања и фактори кои влијаат на целосната социјална интелигенција која е поврзана со наследливоста на коефициентот на интелигенција.

Евгениката била широко популарна во раните декади на 20 век, но стекнала лош глас откако станала асоцијација на Нацистичка Германија. По Втората светска војна и јавноста и научните заедници ја поврзувале евгениката со нацистичките злоупотреби, како на пр. расната хигиена, екпериментирањето врз луѓе и истребувањето на „непосакувани“ популациски групи. Меѓутоа, развојот на генетските, геномските и репродуктивните технологии кон крајот од 20 век, подигна многу нови прашања и грижи за значењето на евгениката и нејзиниот етички и морален статус во современото време.

Содржина[уреди]

Како социјално движење евгениката го достигнала врвот на својата популарност во раните декади на 20 век. До крајот на Втората светска војна таа била целосно напуштена.[2] Иако сегашните трендови во генетиката подигнале прашања меѓу критичките академици во однос на паралелите меѓу предвоените ставови за евгениката и денешните „утилитарни“ и социјални теории наводно поврзани со дарвинизмот[3], тие се, всушност, само површно поврзани и до некаде контрадикторни една на друга.[4] Во неговиот предвоен врв, движењето често ги следело псевдонаучните идеи за расна супериорност и чистота.[5] Евгениката била практикувана низ целиот свет и промовирана од влади и влијателни поединци и институции. Нејзините поборници ја сметале за социјална философија за подобрувањето на човековите наследни карактеристики преку промоцијата на поголема репродукција на одредени луѓе и карактеристики, и намалувањето на репродукцијата на одредени луѓе и карактеристики.[6] Денес таа се смета за брутално движење кое нанело масивни прекршувања на човековите права на милиони луѓе.[7]„Интервенциите“ кои евгенистите ги поддржувале и спроведувале во голема мера вклучувале идентификација и класификација на индивидуи и нивните семејства, вклучувајќи ги сиромашните, ментално болните, слепите, промискуитетните жени и хомосексуалците и цели етнички групи, како што се Ромите и Евреите, сегрегација или институционализација на такви лица и групи, нивна стерилизација, евтаназија, и во екстремни случаи на нацистичка Германија, нивно масовно истребување.[8]

Практиките спроведувани од евгенистите кои вклучуваат нарушувања на приватноста, напади врз репутацијата, нарушувања на правата за живот, за формирање семејство, ослободување од дискриминација, сите овие денес се класифицираат како прекршувања на човековите права. Практикувањето на негативните расни аспекти на евгениката, по Втората светска војна, спаднало во дефиницијата за новото меѓународно злосторство на геноцид, изнесено во Конвенцијата за заштита и казна на злосторството на геноцид.[9]

Современото поле и поим биле првпат создадени од страна на Сер Френсис Галтон во 1883 година,[10] кој се на скорешната работа на неговиот полубратучед, Чарлс Дарвин. На врвот од својата популарност, евгениката била поддржувана од истакнати луѓе, вклучувајќи ги: Маргарет Сангер[11] [12] Мари Стоупс, Х.Г.Велс, Вудроу Вилсон, Теодор Рузвелт, Емил Зола, Џорџ Бернард Шо, Џон Мајнард Кејнз, Џон Харви Келог, Лајнус Полинг[13] и Сидни Веб.[14] [15] [16] Меѓутоа, нејзиниот најпознат поборник и практикувач бил Адолф Хитлер, кој ги величел и вклучил идеите на евгениката во Mein Kampf и се угледал на законодавството на Евгениката за стерилизацијата на „дефектни“ која била првпат воведена во САД.[17]

Г.К. Честертон бил меѓу првите критичари на философијата на евгениката; тој го изразил ова мислење во неговото дело, „Евгениката и други зла“. Евгениката станала академска дисциплина на многу колеџи и универзитети, и била финансирана од многу извори.[18] Три меѓународни настани, кои се одржале во 1912 во Лондон и во 1921 и 1932 во Њујорк претставувале глобални состаноци за евгениката. Политиките на евгениката биле првпат спроведени во раните 1900- ти во САД.[19] Подоцна, во 1920-тите и 1930-тите, политиката на евгениката за стерилизирање на одредени ментално болни пациенти се спровела во голем број други земји, вклучувајќи ги и Белгија[20], Бразил[21], Канада[22] и Шведска[23], меѓу другите. Научниот углед на евгениката почнала да опаѓа во 1930-тите, време кога Ернст Рудин ја користел евгениката како оправдување за расните политики на Нацистичка Германија и кога поборниците на евгениката меѓу научниците и мислителите предизвикале реакции во јавноста. И покрај тоа, втората најголема позната програма на евгениката, создадена од социјалните демократи во Шведска продолжила до 1975.[24]

По Втора светска војна и јавноста и научните заедници ја поврзувале евгениката со нацистичките злоупотреби, како на пр. расната хигиена, екпериментирањето врз луѓе и истребувањето на „непосакувани“ популациски групи. Меѓутоа, развојот на генетските, геномските и репродуктивните технологии кон крајот на 20 век отвориле многу нови прашања и грижи за значењето на евгениката и нејзиниот етички и морален статус во современото време.

Значења и типови[уреди]

Зборот евгеника произлегол од грчкиот збор „еу“ (добар) и суфиксот- „генес“ (роден), и бил искован од Франсис Галтон во 1883, кој го дефинирал како „проучување на сите фактори кои се под човечка контрола што може да го подобри или наруши расниот квалитет на идните генерации “.[25] Евгениката, уште од почетокот, значела различни нешта за различни луѓе. Историски, терминот се однесувал на сè од преднатална грижа за мајки до присилена стерилизација и евтаназија. Се одржале многу дебати во минатото, како и денес, за тоа што точно се смета за евгеника.[26] Некои типови евгеника се занимаваат само со забележани корисни и штетни генетски карактеристики. Овие некогаш се нарекуваат „псевдо- евгеника“ од страна на поборниците на строгата евгеника.

Изразот евгеника често се користел за да се именуваат движењата и социјалните политики кои биле влијателни во текот на раниот дваесетти век. Во историска и поширока смисла, евгениката може исто така што биде и студија за „подобрување на човековите генетски квалитети“. Понекогаш широко се употребува за да се опише која било човечка активност чија цел е да се подобри генетскиот фонд. Некои форми на инфантицид во древните општества, денешна репрогенетика, превентивните абортуси и дизајнираните бебиња биле именувани (понекогаш контроверзно) како евгеника. Поради нејзините нормативни цели и историското поистоветување со научниот расизам, како и развојот на науката на генетиката, западната научна заедница во голема мера се оттргнала од терминот „евгеника“, иако можат да се најдат поборници на она што денес се нарекува либерална евгеника. И покрај нејзината постојана критика во САД, неколку региони глобално практикуваат неколку форми на евгеника.

Евгенистите се залагаат за одредени политики кои (доколку се успешни) ќе доведат до забележливо подобрување на човечкиот генетски фонд. Бидејќи определувањето кои подобрувања се посакувани или корисни многумина го сметаат како избор на култура наместо нешто што може да се одреди објективно (на пр. преку емпириска, научна анкета), евгениката често се сметала како псевдонаука. Најчесто оспоруваниот аспект на евгениката била дефиницијата за „подобрување“ на човечкиот генетски фонд, како прашањето за тоа што е корисна карактеристика,а што- дефект. Овој аспект на евгениката во минатото бил извалкан со научен расизам.

Првите евгенисти најмногу се занимавале со забележаните фактори на интелигенција кои често строго се поврзувале со социјалната класа. Голем број од нив добиле инспирација од селективното расплодување на животни (чија вообичаена цел се чистокрвни потомци) како аналогија на подобрувањето на човековото општество. Мешањето на расите обично се сметало за нешто што треба да се одбегне во името на расната чистота. Во тоа време овој концепт имал мала научна поддршка и останал спорна тема додека забрзаниот развој на генетиката не довел до научен консензус дека поделбата на човечкиот вид на нееднакви раси е неоправдлива.

Евгениката исто така се занимавала и со елиминација на наследни болести како хемофилија и Хантингтонова болест. Сепак, постојат неколку проблеми со означувањето на одредени фактори како генетски дефекти. Во многу случаи не постои научен консензус за тоа што е генетски дефект. Често се тврди дека тоа е прашање на социјален или индивидуален избор. Она што личи на генетски дефект во еден контекст или средина, може да не изгледа така во друг контекст или средина. Таков може да е случајот со гените со хетерозиготна предност, како болест на српести клетки или српеста анемија, кои со својата хетерозиготна форма можат да понудат предност против маларија и туберкулоза. Иако некои вродени дефекти се еднакво смртоносни,сепак и инвалидизираните лица можат да успеат во животот. Многу од болестите кои раните евгенисти ги идентификувале како наследни (пелагра е еден таков пример) денес се барем делумно, ако не и целосно, припишани на условите во животната средина. Слични загрижувања се предизвикуваат кога пре- наталната дијагноза за вродена болест доведува до абортус (видете и генетска дијагноза пред имплантација).

Политиките на евгениката биле концептуално поделени на две категории. Позитивната евгеника цели кон охрабрување на репродукцијата меѓу генетски напредните. Можните пристапи вклучуваат финансиски и политички стимули, насочена демографска анализа, ин- витро фертилизација, трансплантација на јајчени клетки и клонирање.[27] Негативната евгеника цели кон намалување на плодноста кај генетски хендикапираните лица. Ова вклучува абортуси, стерилизација и други методи на планирање на семејството. И позитивната и негативната евгеника можат да бидат присилни. Абортусот кај „способни“ жени бил нелегален во нацистичка Германија и Советската Унија за време на Сталиновото владеење. Во текот на 20- тиот век, многу земји озакониле многубројни евгениски политики и програми, вклучувајќи и: генетско испитување, контрацепција, промовирање на диференцијални наталитети, ограничувања на бракови, сегрегација (и расна сегрегација и сегрегација на ментално болните од остатокот на популацијата), задолжителна стерилизација, присилни абортуси или присилни бремености и геноцид. Повеќето од овие политики подоцна се сметале за принудни и/или рестриктивни и денес малку јурисдикции спроведуваат политики кои се експлицитно обележани како евгенички или недвосмислено евгенички во суштина.Сепак, некои приватни организации им помагаат на луѓето во генетското советување и репрогенетиката може да се смета како форма на не-државно-спроведена либерална евгеника.

Методи на имплементација[уреди]

Постојат три главни начини на кои можат да се применат методите на евгениката. Еден од нив е задолжителната евгеника или авторитативна евгеника, во која владата овластува една евгенистичка програма. Политиките и/или законодавството често се сметаат како принудни и рестриктивни. Друг начин е промотивната доброволна евгеника, во која евгениката се практикува доброволно и се промовира на општата популација, но не е официјално овластена. Ова е форма на не- државно-спроведена евгенистика, која користи либерален или демократски пристап, што може најчесто да се види во 1900- тите.[28] Третиот начин е приватна евгеника, која ја практикуваат индивидуи и групи, но не се промовира пред општата популација.

Истакнати поборници[уреди]

Чарлс Дејвенпорт, научник од САД се изделува како водечки евгенист во историјата. Евгениката ја претворил од научна идеја во светско движење спроведено во многу земји. Дејвенпорт се здобил со финансии за да ја воспостави Станицата за биолошки експерименти во Колд Спринг Харбор во 1904[29] и Бирото за евгенистички записи во 1910, што ја обезбедило научната основа за подоцнежните евгенистички политики.[30] Тој станал првиот претседател на Интернационалната федерација на организации на евгенистиката (ИФОЕ) во 1925, организација во чија изградба тој имал важна улога.[31] Како и да е, расистичките погледи на Дејвенпорт не биле поддржани од сите генетицисти во Колд Спринг Харбор.[32] Во 1932 Дејвенпорт го прифатил Ернст Рудин, познат Шведски евгенист и научник за раси, како негов наследник за позицијата на Претседател на ИФОЕ.[33] Рудин имал блиска соработка со Алфред Плоец, негов зет и соосновач на Германското општество за расна ригиена.[34] Други истакнати фигури во Евгениката биле Хери Лолин (САД), Ирвинг Фишер (САД), Јуџин Фишер (Германија), Медисон Грант (САД), Лусиен Хоу (САД) и Маргарет Санџер (САД).[35]

Историја[уреди]

Предгалтоновски философии[уреди]

Основните идеи на евгенистиката можат да се најдат од почетоците на човештвото. Племиња како Фаните, абориџинските племиња и старите пруски племиња остварувале политики кои потсетуваат на евгениката.[36] Една форма на евгеника е дури поддржана во Танакот и католичката библија. Да се земе жена надвор од своите сонародници било еднакво на грев. И покрај сите забрани во однос на сексот во Левитикусот, бракот со прв/а братучед/тка е сѐ уште дозволен.[37] Филозофијата била најпознато изложена од Платон, кој верувал дека човековата репродукција треба да се надгледува и контролира од државата. Меѓутоа, Платон разбирал дека оваа форма на владина контрола нема да биде лесно прифатена и предложил да вистината да се скрие од јавноста преку наместена лотарија. Партнерите, во Републиката на Платон, би се избирале со „брачен број“ во кој квалитетот на индивидуата би бил квантитативно анализиран и личности со високи броеви имале дозвола да создаваат потомство само со други личности со високи броеви. Во теорија, ова би довело до предвидливи резултати и подобрување на човечката раса. Сепак, Платон го признал неуспехот на „брачниот број“ , бидејќи личности со „златна душа“ можат сепак да создадат деца со „бронзена душа“.

Платоновите идеи можеби биле едни од најраните обиди за математички да се анализира генетското наследство, што не било усовршено сè до развивањето на Менделовата генетика и изложувањето на човечкиот геном. Други древни цивилизации, како што се Рим, Атина[38] и Спарта, практикувале инфантицид преку изложување[39] на надворешните опасности како форма на фенотипска селекција. Во Спарта, новороденчињата се прегледувале од страна на старешините на градот, кои ја одлучувале судбината на детето. Ако детето било прогласено како неспособно за живеење, обично било оставено во Апотетае близу планината Тајгетус. За момчињата било повообичаено отколку за девојчињата да бидат убиени на овој начин во Спарта.[40] Судењата за бебињата вклучувале капење во вино и изложување на природните елементи. За Спарта, ова значело сигурност дека само најсилните ќе преживеат и ќе создадат потомство.[41] Адолф Хитлер ја сметал Спарта за првата „Völklisch (етничка) држава“, и слично како Ернст Хекел пред него, ја возвишувал Спарта поради нејзината примитивна форма на евгенистичка употреба на политиката за селективен инфантицид, која била користена врз деформирани деца иако Нацистите верувале дека децата биле убивани директно, а не изложувани на надворешни опасности.[42] [43] [44] Дванаесетте плочи на римскиот закон, кој бил утврден рано во создавањето на Римската Република, наведувале во четвртата плоча дека деформираните деца мораат да бидат убиени. Во согласност со тоа, патријарсите во Римското општество имале право дискретно да се „ослободат“ од деца. Ова обично се постигнувало со давење на непосакувани новороденчиња во реката Тибер. Практикувањето на отворен инфантицид во Римската Империја не се смирило сè до нејзината Христијанизација.

Галтоновата теорија[уреди]

Сер Франсис Галтон прв ги развил идеите на евгениката преку употреба на социјална статистика

Сер Франсис Галтон ги систематизирал овие идеи и практики во согласност со новите сознанија за еволуцијата на човекот и животните произлезени од теоријата на неговиот братучед Чарлс Дарвин во текот на 1860- тите и 1870- тите. По читањето на Дарвиновата „Потеклото на видовите“, Галтон доградувал врз основа на Дарвиновите идеи каде што механизмите на природната селекција биле потенцијално попречени од човековата цивилизација. Тој тврдел дека, бидејќи голем број од човековите општества се стремат да ги заштитат обесправените и слабите, тие општества се во спротивност со природната селекција одговорна за истребување на најслабите; и само преку измена на овие социјални политики може општеството да биде спасено од „враќање кон просечноста “, фраза која за првпат ја исковал во статистиката и која подоцна се сменила во денешната вообичаена „регресија кон средството“.[45] Галтон првпат во кратки црти ја изнел својата теорија во статијата од 1865 „Наследен талент и карактер“, а подетално ја обработил во неговата книга Наследен гениј од 1896.[46] Започнал со проучување на начинот на кој човечките интелектуални, морални и карактерни црти се пренесуваат од колено на колено. Основниот аргумент на Галтон бил дека „гениј“ и „талент“ се наследни карактеристики кај луѓето (иако ниту тој ниту Дарвин сѐ уште немале успешен модел од овој тип наследност). Заклучил дека, како што вештачката селекција може да се употреби за да се пренагласат карактеристиките кај другите животни, така може да се очекуваат слични резултати ако се употреби истиот модел кај луѓето. Како што напишал во воведот на Наследен гениј:

Предлагам во оваа книга да покажам дека човековите природни способности потекнуваат од наследноста, со потполно истите ограничувања како и формата и физичките ограничувања на целиот органски свет. Последувателно, како што е лесно, без да се издржат тие ограничувања, преку внимателна селекција да се добие трајна врста кучиња или коњи со посебни моќи на трчање или правење што било друго, така би било доста практично да се создаде високо надарена раса луѓе преку промислени бракови во времетраењето на неколку последувателни генерации.[47]

Галтон тврдел дека помалку интелигентните биле поплодни од поинтелигентните во неговото време. Галтон не предложил никакви методи на селекција; наместо тоа, се надевал дека ќе се најде решение ако социјалните морални норми се сменат на начин што ќе ги охрабри луѓето да го воочат значењето на размножувањето. Првпат го употребил зборот евгеник во неговата Истражување на човековата способност и нејзиниот развој од 1883,[48] книга во која имал намера „да допре повеќе теми повеќе или помалку поврзани со темата за култивација на расата, или, како што ние ги нарекуваме, со „евгенички“ прашања “. Додал фуснота за зборот „евгенички“ која вели:

Тоа значи, со прашања што се однесуваат на она што во грчкиот јазик се именува како eugenes, имено, добар за приплод, наследно надарен со благородни квалитети. Ова, како и сродните зборови eugeneia итн., еднакво се однесуваат за луѓе, животни и растенија. Воглавно, имаме потреба од краток збор што ќе ја изрази науката за подобрување на приплодот, што во никој случај не е ограничено на прашања за промислено парење, туку кој, особено во случајот на човекот, ги зема предвид сите влијанија кои се стремат во колку и да е мал степен да им дадат шанса на посоодветните раси или подобрите видови брзо да ги надвладеат помалку способните, отколку што тоа би го направиле во други услови. Зборот евгеника доволно ја објаснува оваа идеа; тоа е барем поскладен и поопшт збор од витикултура кој порано се осмелував да го користам.[49]

Во 1904 ја појаснил неговата дефиниција за евгениката како „наука која се занимава со сите влијанија што ги подобруваат вродените квалитети на една раса; исто така и со оние кои нив ги развиваат во најголема можна мера.“[50] Формулацијата на Галтон за евгениката се засновала на силен статистички пристап, под големо влијание на „социјалната физика“ на Адолф Кетле. Меѓутоа, за разлика од Кетле, Галтон не го воздигнувал „обичниот човек“, туку го потценил обележувајќи го како просечен. Галтон и неговиот статистички наследник Карл Пирсон го развиле она што се нарекува биометриски пристап кон евгениката, што развило нови и сложени статистички модели (кои подоцна се изнесени во сосема различни полиња) за да ја опишат наследноста на карактерните црти.Како и да е, со повторното откривање на законите за наследност на Грегор Мендел, се појавиле два одделни кампови на поборници на евгениката. Едниот бил составен од статистичари, другиот- од биолози. Статистичарите сметале дека биолозите имаат исклучително прости математички модели, додека биолозите сметале дека статистичарите имаат многу мали познавања од биологијата.[51] Евгениката конечно се однесувала на човековата селективна репродукција со намера да се создадат деца со пожелни карактеристични црти, воглавно преку пристап кон влијење врз диференцијалните наталитети. Овие политики биле главно поделени на две категории: позитивна евгеника, зголемена репродукција на оние за кои се сметало дека имаат напредни наследни карактеристики; и негативна евгеника, одвраќањето на репродукцијата на оние со наследни карактеристики кои се сметале за незадоволувачки. Политиките на негативната евгеника во минатото се движеле од обиди за сегрегација до стерилизација и дури и геноцид. Политиките на позитивната евгеника обично биле во форма на награди или бонуси за „способни “ родители кои добиле и второ дете. Релативно безопасни практики како на пр. брачното советување одамна се поврзувале со идеологијата на евгениката. Таа е површно поврзана и со она што подоцна станало познато како Социјален дарвинизам. Додека и двете тврделе дека интелигенцијата е наследна, евгениката тврдела дека се потребни нови политики за за активно да се смени статусот кво кон по „евгеничка“ состојба, додека Социјалните дарвинисти тврделе дека самото општество природно ќе го „среди“ проблемот со „дисгениката“ доколку не постои социјална помош (на пр., сиромашните можеби повеќе се размножуваат, но би имале и повисоки стапки на морталитет).[52]

Британија[уреди]

Галтоновиот поглед на Британската класна структура била основата и акцентот на евгенистичкото движење во Британија.

Галтоновата претстава за Британската класна структура била основата и приоритетот на евгенистичкото движење во Британија. Во Британија евгениката никогаш не примила значително финансирање од државата, но била истакната од многу познати фигури со различни политички убедувања пред Втората светска војна вклучувајќи ги: либералните економисти Вилијам Бевериџ и Џон Мејнард Кејнс; Фабијанските социјалисти како што се ирскиот автор Џорџ Бернард Шо, Х.Г. Велс и Сидни Веб; идниот Премиер Винстон Черчил и Конзервативците како што е Артур Балфур.[53] Понатаму, нејзиниот нагласок бил повеќе врз социјалната класа, отколку расата.[54] Навистина, Галтон ги изнел овие гледишта за време на едно предавање во 1901 каде што Британското општество го поделил на групи. Овие групирања се прикажани во дијаграмот и го покажуваат делот од општеството што спаѓа во секоја група и нивната согледана генетичка вредност. Галтон предложил дека негативната евгеника (т.е. обид да се спречи создавањето потомство) треба да се примени само на оние во најниската социјална група („непожелните“), додека позитивната евгеника- да се примени на повисоките класи. Како и да е, го ценел значењето на повисоката работничка класа за општеството и индустријата. Програмите за стерилизација никогаш не биле легализирани, иако некои биле спроведени приватно врз ментално болните од страна на лекарите на клиниките кои го поддржувале проширувањето на планот на евгениката.[55] (Всушност, стерилизацијата била спроведена да се спречи мастурбацијата кај ментално болните пациенти уште од 1820- тите, долго пред евгенистичкото движење). Навистина, оние кои ја поддржувале евгениката го смениле своето лобирање во Парламентот од присилна на доброволна стерилизација, со надеж дека ќе постигнат поголемо легално признание. Но, дозволата за членот на парламентот од Трудовата партија Мајор А.Г.Черч, за да предложи нацрт- закон за Приватни членови во 1931 , кој би ја легализирал операцијата за доброволна стерилизација, била одбиена со 167 спрема 89 гласови.[56] Ограничената популарност на евгениката во Британија се одразила во фактот дека само два универзитети вовеле часови од ова поле (Универзитетскиот колеџ Лондон и Ливерпулскиот универзитет). Институтот Галтон, приклучен кон УКЛ, бил управуван од Галтоновиот штитеник, Карл Пирсон.

Соединетите Американски Држави[уреди]

Еден од најраните модерни поборници на евгениката (пред таа да биде обележана како таква) бил Александар Греам Бел. Во 1881 год. Бел ја испитувал стапката на глувост во Мартас Винјард, Масачусетс. Од ова заклучил дека глувоста е наследна по природа и, преку забележување дека вродено глуви родители е поверојатно да имаат глуви деца, привремено предложил дека паровите во кои и двајцата се глуви не треба да стапуваат во брак, во неговото предавање Мемоар за формацијата на глув вид на човечката раса презентирана на Националната академија на науките на 13 ноември 1883 год.[57] Меѓутоа, неговото хоби за одгледување добиток било она што довело до неговиот состанок со Комитетот за евгеника на Дејвид Стар Џордан, под покровителство на Американската асоцијација на сточари. Комитетот едногласно го проширил принципот врз човекот.[58] Во текот на 20- тиот век, истражувачите заинтересирани за семејни ментални заболувања спровеле голем број истражувања за да ја документираат наследноста на болести како шизофренијата, биполарното пореметување и депресијата. Нивните пронајдоци биле употребени од евгенистичкото движење како доказ за причината за неговото постоење. Во доцните 1800- ти и раните 1900- ти биле напишани државни закони за да се забрани бракот и да се наметне стерилизацијата на ментално болните со цел да се спречи „пренесувањето“ на менталната болест на идната генерација. Овие закони биле поддржани од Врховниот Суд на САД во 1927 и не биле укинати сè до средината на 20- тиот век. Сé на сé, 60 000 Американци биле стерилизирани.[59] Во 1907 год. Индијана станала првата од повеќе од триесет држави што го усвоиле законот кој целел кон задолжителна стерилизација на одредени лица.[60] Иако овој закон бил поништен од Врховниот Суд на Индијана во 1921 год.,[61] Врховниот Суд на САД ја поддржал уставноста на законот во Вирџинија кој ја дозволувал присилната стерилизација на пациенти во државни ментални институции во 1927 год.[62] Почнувајќи од Конетикат во 1896 год., многу држави донеле брачни закони со евгенички критериуми, кои забранувале секој кој е „епилептичен, имбецил или слабоумен“ да стапи во брак. Во 1898 год. Чарлс Б.Дејвенпорт, истакнат Американски биолог, почнал како директор на станица за биолошко истражување лоцирано во Колд Спринг Харбор каде што експериментирал со развојот на растенија и животни. Во 1904 год. Дејвенпорт добил финансирање од страна на Институцијата Карнеги за да ја основа Станицата за експериментална еволуција. Бирото за евгенистички записи (БЕЗ) се отворило во 1910 год. додека Дејвенпорт и Хари Х.Лолин почнале да ја промовираат евгениката.[63] Лигата за рестрикција на имиграција (основана во 1894 год.) била првото американско тело кое официјално се поврзало со евгениката. Лигата се стремела кон забрана на дисгеничките членови на одредени раси да влезат во Америка и да ја ослабат супериорната американска расна вредност преку создавање потомство. Лобирале за тест за писменост за имигранти, врз основа на верувањето дека стапките на писменост се ниски меѓу „инфериорните раси“. На предлог- законите им било ставено вето од Претседателите во 1897, 1913 и 1915 год.; конечно, второто вето на Претседателот Вилсон било надгласано од Конгресот во 1917 год.. Членството во Лигата ги вклучувало: А. Лоренс Лоуел, претседател на Харвард, Вилијам Де Вит Хајд, претседател на Колеџот Баудоин, Џејмс Т. Јанг, директор на Училиштето Уартон и Дејвид Стар Џордан, претседател на универзитетот Стенфорд. Лигата стапила во сојуз со Американската асоцијација на сточари за да се здобие со влијание и да ги прошири своите цели и во 1909 год. формирала комитет на евгениката на на чело на кој бил Дејвид Стар Џордан со членови Чарлс Дејвенпорт, Александар Греам Бел, Вернон Келог, Лутер Бурбанк, Вилијам Ернест Кесл, Адолф Мејер, Х.Џ. Вебер и Фрдрих Вудс.[64] Комитетот за имигрантско законодавство на АСС, кој се формирал во 1911 год. и бил воден од основачот на Лигата Прескот Ф.Скот, ја формализирал веќе цврстата врска на комитетот со Лигата за рестрикција на имиграција.[65] Во наредните години, БЕЗ собрало маса на семејни стебла и заклучило дека оние кои се физички или психички неспособни потекнуваат од економски и социјално сиромашни домови. Евгенистите како Дејвенпорт, психологот Анри Годар и конзервационистот Медисон Грант (сите многу почитувани во своето време) почнале да лобираат за разновидни решенија за проблемот со „неспособните“. (Дејвенпорт ја поддржувал рестрикцијата на имиграција и стерилизацијата како основни методи; Годар ја поддржал сегрегацијата во неговата „Семејството Калилак“ ; Грант ги поддржувал сите веќе наведени и мн.повеќе, дури и идејата за истребување.)[66] Иако нивната методологија и истражување денес се сметаат како многу грешни, во тоа време на ова се гледало како законско научно проучување.[67] Како и да е, тоа имало научни зломисленици (особено Томас Хант Морган, еден од неколкуте Менделци кои јасно ја критикувале евгениката), иако повеќето од нив повеќе се сконцентрирале на она што го сметале како сурова методологија на евгеницистите и на карактеризацијата на скоро секоја човечка карактеристика како наследна, отколку на самата идеја за евгеника.[68] Некои држави стерилизирале „имбецили“ за поголем дел од 20- тиот век. Врховниот Суд на САД пресудил во случајот Бак против Бел 1927 год. дека државата Вирџинија може да ги стерилизира оние кои ги сметала за неспособни. Најзначајната ера на евгеничка стерилизација била меѓу 1907 и 1963 год., кога преку 64 000 лица биле присилно стерилизирани под евгеничкото законодавство во САД.[69] Бил издаден поволен извештај за резултатите од стерилизацијата во Калифорнија, државата со најмногу стерилизации дотогаш, во книга од биологистот Пол Поупноу и тој се наведувал од нацистичката влада како доказ дека широката стерилизација е изводлива и хумана.

Јавното прифаќање во САД била причината што евгеничкото законодавство било усвоено. Над 19 милиони луѓе биле присутни на Панама- Пацифик меѓународната изложба во Сан Франциско, која била отворена 10 месеци од 10- ти февруари до 4 декември, 1915 год..[70] ППИИ била изложба посветена на воздигнувањето на нација која брзо напредува, ги претставувал новите откритија во науката, земјоделството, производството и технологијата. Тема на која и била посветена голема количина време и простор била темата за откритија кои се однесуваат на здравјето и болестите, особено областите на тропската медицина и подобрување на расата (тропската медицина претставувала комбинирано проучување на бактериологија, паразитологија и ентомологија, додека подобрување на расата значело промоција на евгенички проучувања ). Со ваквото блиско испреплетување на овие две области, се чинело дека тие се двете категоризирани во главната тема на изложбата, напредокот на цивилизацијата. Така, во очите на јавноста, навидум контрадикторните области на проучување биле претставени под прогресивните стандарди за подобрување и претставени така што ќе изгледаат како можни текови на дејствување кон подобро американско општество.[71] Калифорниската држава била претходник на американското евгеничко движење, со изведени 20 000 стерилизации или една третина од 60 000- те на национално ниво од 1909 до 1960- те год..[72] До 1910, постоела голема и динамична мрежа од научници, рефотматори и професионалци вклучени во национални проекти на евгениката и активно се промовирало евгеничкото законодавство. Американската асоцијација на сточари била првото евгеничко тело во САД, оформена во 1906 под управа на биологистот Чарлс Б. Дејвенпорт. АСС била формирана конкретно за да „ја истражува и да известува за наследноста кај човечката раса, и да ја нагласи вредноста на супериорната крв и заканата на инфериорната крв за општеството.“ Александар Греам Бел, претседателот од Стенфорд, Дејвид Стар Џордан и Лутер Бурбенк биле дел од членството.[73] Кога нацистичките администратори биле изведени пред судот за воени злосторства во Нирнберг по Втората светска војна, тие ги правдале масовните стерилизации (над 450 000 за помалку од една деценија) преку наведување на САД како нивна инспирација.[74] Нацистите тврделе дека американските евгенисти ги инспирирале и поддржале Хитлеровите закони за расно прочистување и не успеале да ја разберат врската меѓу овие политики и предизвиканиот геноцид во Холокаустот.[75]

Семејно стебло од Семејството Калилак кое требало да покаже како еден неписмен љубовен состанок може да доведе до цела генерација имбецили.

Идејата за „гениј“ и „талент“ била разгледана од страна на Вилијам Греам Самнер, основач на Американското социолошко општество (денес наречено Американска социолошка асоцијација). Тој тврдел дека ако владата не се вмеша во социјалната политика на laissez-faire , тогаш класа гении ќе се издигне на врвот од системот на социјалната раслоеност, по која ќе следи класа на талентирани. Најголемиот дел од остатокот од општеството би спаднал во класата просечни луѓе. Оние кои се сметале за дефектни (ментално ретардирани, хендикепирани, итн.) имале негативен ефект врз социјалниот развој преку попусто трошење на потребните ресурси. Тие би требало да бидат оставени сами на себе да потонат или да пливаат. Но, оние во класата деликвенти (криминалци, изопачени итн.) би требало да се елиминираат од општеството („Folkways“, 1907 год.). (спореди со идеалите во Платоновата Република) Меѓутоа, некои методи на евгениката биле применети за преформулирање на поограничувачките дефиниции за чистота на белата раса во постоечките државни закони кои забрануваат бракови помеѓу различни раси: т.н. закони против расно мешање. Најпознат пример за влијанието на евгениката и нејзиното нагласување на строгата расна сегрегација на ваквите закони „против расно мешање“ бил Законот за расен интегритет од 1924 год. во Вирџинија. Врховниот суд на САД го поништил овој закон во 1967 год. во случајот Лавинг против Вирџинија и ги прогласил законите против расното мешање за неуставни.

Со усвојувањето на Законот за имиграција од 1924 год., евгенистите за прв пат играле значајна улога во конгресната расправа како советници- експерти за заканата од „инфериорните доселеници“ од источна и јужна Европа.[76] Ова го намалило бројот на странски имигранти на 15 проценти помалку од претходните години, за да се контролира бројот на „неспособни“ лица кои влегуваат во земјата. Иако евгенистите го поддржале законот, најзначајните финансиери биле водачите на асоцијацијата како на пр. Самјуел Гомперс.[77] Новиот закон, инспириран од евгеничкото верување во расната супериорност на белите американци кои се сметале за „стара резерва“ како членови на нордиската раса (форма на бела супериорност), го зацврстил статусот на постоечките закони кои го забранувале мешањето на раси.[78] Евгеничките сфаќања се исто така одговорни за усвојувањето на законите за инцест во голем дел од САД и биле користени за да се оправдаат многу закони против расно мешање.[79]

Антропометрија демонстрирана на изложба од евгеничка конференција од 1921 год.

Стивен Џеј Гулд тврдел дека забраните за имиграција, кои биле усвоени во САД во текот на 1920- тите (и надминат со Законот за имиграција и националност) биле мотивирани од целите на евгениката. Во почетокот на 20- тиот век, бројот на имигранти од јужна и западна Европа во САД и Канада почнал драстично да се зголемува. Некои влијателни евгенисти како Лотроп Штодар и Хари Лолин (кој бил посочен како сведок- експерт за Куќниот комитет за имиграција и натурализација во 1920 год.) дале аргументи дека тие ќе го загадат националниот генетски фонд доколку нивниот број не е ограничен. Се сметало дека ова ги поттикнало и Канада и САД да усвојат закони што ќе создадат хиерархија меѓу националностите, со која тие се рангирале од најпожелни англосаксонски и нордиски народи до кинески и јапонски доселеници, на кои им било речиси сосема забрането да влезат во земјата.[80] Како и да е, неколку луѓе, особено Франц Самелсон, Марк Снајдермен и Рич Хернстајн, имале спор, врз основа на нивното испитување на записите од конгресните расправи, околу политиката за имиграција, Конгресот воопшто не ги зел предвид овие фактори. Според овие автори, ограничувањата биле примарно мотивирани од желбата да се одржи културниот интегритет на земјата наспроти големиот прилив од странци.[81] Во САД, евгеничките приврзаници ги вклучувале Теодор Рузвелт[82], Демократската Партија пред 1960- те, Националната академија на науките[83] и Советот за научно истражување[84]. Истражувањето било финансирано од истакнати филантропи и спроведено на престижни универзитети. Се предавало во колеџите и средните училишта. Маргарет Сангер ја оформила организацијата Планирано родителство на Америка за да ја поттикне легализацијата на контрацепција за пониските класи. Во свое време евгениката се промовирала од некои како научна и прогресивна, природна примена на знаењето за размножувањето во арената на човековиот живот. Пред реализацијата на концентрационите логори во Втората светска војна, идејата дека евгениците ќе доведат до геноцид не била сериозно сфатена од просечните американци.

Теоријата на заговор- Проект за црнците е наводна програма на евгениката. Проектот, според приврзаниците на теоријата, бил започнат од основачот на Планирано родителство- Маргарет Сангер и наводно цели кон намалување или елиминирање на црната популација преку употребата на абортус.[85] Иако државата Орегон го анулирала законот за стерилизација во 1983, најпоследната присилна стерилизација таму била изведена во 1978.[86]

Австралија[уреди]

Политиката за одделување на децата на Абориџините кои се мелези од своите родители се појавила од мислењето засновано врз теоријата на евгениката во Австралија од доцниот деветнаесетти и раниот дваесетти век дека „чистокрвниот“ племенски Абориџин е неспособен да се одржи, и е подложен на неизбежно истребување, бидејќи порано огромен број Абориџини всушност изумирале од болести кои ги добиле од Европските доселеници.[87] Една идеологија од тоа време го застапувала гледиштето дека човештвото може да биде поделено во цивилизациска хиерархија. Ова мислење имало претпостава дека северните Европејци биле супериорни во цивилизацијата и дека Абориџините се инфериорни. Според ова гледиште, зголемениот број на деца- мелези во Австралија, именувани како „полукрвни“ (или „хибриди“, „квадрони“ и „октруни“ ) треба да се развиваат во своите сопствени заедници, бели или абориџински, според нивните доминантни карактеристики.[88] Во првата половина на дваесеттиот век, ова довело до политики и законодавства чија последица било отстранувањето на децата од нивните племиња.[89] Поставената цел била културна асимилација на мелезите во современото австралиско општество. Во сите држави и територии бил усвоен закон во раните години на дваесеттиот век кој на заштитниците на Абориџините им дал права за старателство врз Абориџините на возраст до шеснаесет или дваесет и една година. Полицајците или другите застапници на државата (како Абориџинските офицери за заштита), се здобиле со правото да ги лоцираат и префрлаат бебињата и децата со мешано потекло, од нивните заедници- во институции. Во овие австралиски држави и територии, биле формирани институции за мелези (и владини и мисионерски) во раните декади на дваесеттиот век, за прием на овие деца одделени од своите племиња.[90] [91] Филмот од 2002 год. Ограда отпорна на зајаци го прикажува овој систем и грозоморните последици од обидите за негово надминување.

Во 1922 год. А.О.Невил бил посочен за вториот Главен заштитник на Абориџините на Државата Западна Австралија. Во текот на наредните дваесет години, тој ја водел денес злогласената политика за „асимилација“ за одделување на абориџинските деца- мелези од нивните родители. За возврат, оваа политика ја создала организацијата Украдени генерации и го започнала процесот на жалење кој станал познат како концепт на меѓу- генерациска тага и влијаел врз многу идни генерации. Алберт Намаџира, Ерни Динго, Лајонел Роуз, Кети Фримен, Нова Перис- Нибоун, Мајкл Лонг, Гавин Венганин и многу други успешни австралиски Абориџини биле производ на „Украдената генерација“. Во 1936 год. Невил станал the Commissioner for Native Affairs , функција на која се задржал до неговото пензионирање во 1940 год.

Невил верувал дека биолошката апсорпција била клучот кон „подигање на Домородната раса“. Кога зборувал пред Комисијата Мосли Ројал, која го истражувала управувањето на Абориџините во 1934 год., ги бранел политиките на присилно сместување, одделување на децата од родителите, надзор, дисциплина и казнување, со тврдењето дека „тие мораат да бидат заштитени од самите себе без разлика дали тоа го сакаат или не. Не можат да останат како што се. Болното место бара примена на хируршкиот нож за доброто на пациентот и веројатно против неговата желба.“ Во своите последни години Невил прродолжил активно да ја промовира својата политика. Кон крајот на неговата кариера, Невил ја издал Обоеното малцинство на Австралија, текст кој дал краток преглед на неговиот план за биолошка апсорпција на абориџинскиот народ во белата Австралија.[92] [93]

Канада[уреди]

Во Канада, евгеничкото движење било поддржано во почетокот на 20- тиот век кога истакнатите физичари воспоставиле директна врска меѓу наследноста и општото здравје.[94] Евгениката била законски поддржана во две канадски провинции. Во Алберта, Законот за сексуална стерилизација бил усвоен во 1928 год., со фокусирање на движењето врз стерилизација на ментално заостанати личности, како што било одлучено од Комитетот за евгеника на Алберта.[95] Кампањата за поддршка на оваа активност била финансирана од групи како што била Женската група на обединети фармери, вклучувајќи го и најзначајниот нејзин член Емили Марфи.[96] Се спровело оценување на некои поединци преку употреба на тестови за интелигенција како што е тестот Станфорд- Бине. Ова претставувало проблем за новите имигранти кои пристигнувале во Канада, бидејќи голем број од нив не го владееле англискиот јазик и нивните резултати често ги означувале како интелектуално неспособни. Како резултат на тоа, голем дел од оние кои биле стерилизирани според Законот за сексуална стерилизација биле имигранти кои биле неправедно категоризирани.[97] Провинцијата Британска Колумбија усвоила свој Закон за сексуална стерилизација во 1933 год.. Како и во Алберта, Комитетот за евгеника на Британска Колумбија имала право да препорача стерилизација на оние за кои сметала дека страдаат од „ментална болест или ментална заостанатост.“[98] Популарноста на евгеничкото движење го достигнала својот врв за време на Депресијата кога на стерилизацијата се гледало како начин на ослободување на општеството од финансискиот товар наметнат од дефектните лица.[99] Иако евгеничките ѕверства на нацистичка Германија ја намалиле популарноста на евгеничкото движење, Законите за сексуална стерилизација на Алберта и Британска Колумбија не биле укинати сè до 1972 год..[100]

Германија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Нацистичка евгеника.

Нацистичка Германија под власта на Адолф Хитлер била позната по евгеничките програми кои се стремеле кон задржување на „чиста“ Германска раса преку серија програми кои се спроведувале во името на расната хигиена. Меѓу другите активности, нацистите вршеле обемно експериментирање на живи човечки суштества за да ги тестираат генетските теории, почнувајќи од едноставни мерења на физички карактеристики до експериментирање врз близнаци во концентрационите логори од страна на Џозеф Менгеле и Отмар Вершуер. Во текот на 1930- те и 1940- те год., нацистичкиот режим присилно стерилизирал стотици илјади луѓе кои се сметале за ментално или физички заостанати, бројката е проценета на 400 000 меѓу 1934 и 1937 год.. Обемот на нацистичката програма поттикнал еден поборник на американската евгеника да бара проширување на нивната програма, со жалба дека „Германците нé победуваат во сопствената игра.“[101] Меѓутоа, нацистите продолжиле и понатаму со убивањето на десетици илјади хоспитализирани инвалидизирани лица преку присилна програми за евтаназија како што била Акција Т4.[102] Методите на убиство развиени со политиката на евтаназија директно довеле до нивна широка употреба во концентрационите логори и логорите на истребување, особено употребата на јаглероден моноксид проследен со хидроген цијанид во Циклон Б.

Исто така, биле спроведени и голем број политики на позитивна евгеника, со кои се давале награди на жените кои имале голем број деца и се охрабрувала служба во која „расно чисти“ немажени жени можеле да раѓаат вонбрачни деца. Обвиненијата дека таквите жени ги забременувале офицери на СС во Либенсборн не биле докажани на судењата во Нирнберг, но новите докази (и сведочењата на децата од Либенсборн) обезбедиле повеќе детали за случувањата во Либенсборн.[103] Исто така, „расно вредните“ деца од окупираните земји биле присилно одземани од родителите и посвојувани од германски семејства. Многу од нивните грижи за евгеничка и расна хигиена биле постојано присутни во систематичното убивање на милиони „непожелни“ луѓе особено Евреите и Циганите во холокаустот.[104] Обемот и присилноста вклучени во германските евгенички програми заедно со големата употреба на реториката на евгениката и т.н. „расна наука“ за време на режимот создале неизбришлива културна врска меѓу евгениката и Третиот Рајх во пост- воениот период.[105] Двајца специјалисти, Џон Глед и Симур В. Ицков од Колеџот Смит, се сомневале во врската меѓу евгениката и холокаустот. Тие тврдат дека, спротивно на популарните верувања, дека Хитлер не ги сметал Евреите како интелектуално инфериорни и не ги испраќал во концентрациони логори поради оваа причина. Тие тврдат дека Хитлер имал поинакви причини за неговата политика на геноцид врз Евреите.[106] Симур В. Ицков пишува дека холокаустот бил „огромна дисгеничка програма за Европа да се ослободи од високо интелигентните предизвикувачи на сметка на постоечката христијанска доминација преку бројно и политичко малцинство" Затоа, според Ицков, „Холокаустот бил самата антитеза на евгеничката пракса.“[107]

Јапонија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Евгеника во Јапонија.

Во раниот период од Шоуа ерата, јапонските влади се служеле со евгеничка политика со цел да го ограничат раѓањето деца со „инфериорни“ карактеристики, како и да го заштитат животот и здравјето на мајките.[108] Законот за евгеничка заштита на расите бил предложен пред Диетот од 1934 до 1938 год.. По четири амандмани, овој нацрт бил официјално објавен како Национален закон за евгеника во 1940 год. од владата во Коно.[109] Според Законот за заштита на евгениката (1948 год.), стерилизацијата била наметната врз криминалци „со генетски предиспозиции за извршување злосторства“, пациенти со генетски болести како целосна слепост на боја, хемофилија, албинизам или ихтиоза, и ментални заболувања како што се шизофренија, манијакална депресија и епилепсија.[110] Менталните заболувања биле додадени во 1952 год. Законите за превенција од лепроза од 1907, 1931 и 1953 год., само последниот укинат во 1996 год. , дозволиле сегрегација на пациенти во саниториуми каде што присилните абортуси и стерилизација биле вообичаени, иако законите нив не ги опфаќале, и го одобриле казнувањето на пациенти кои „го нарушуваат мирот“, бидејќи голем дел од јапонските лепролози сметале дека ранливоста кон болести е наследна.[111] Имало неколку јапонски лепролози како Нобуро Огасавара кој се противел на „политиката за изолација и стерилизација“, но бил предаден како предавник на нацијата на 15- та конференција на Јапонската асоцијација на лепрологија во 1941 год..[112] Централното тело исто така се обидело да го спречи склопувањето бракови меѓу јапонски жени и корејски мажи кои биле регрутирани од полуостровот како работници, што се јавило како последица на неговото анексирање кон Јапонија во 1910 год. Во 1942 год., резултатите од една анкета покажале дека „корејските работници донесени во Јапонија, каде што имале утврдено постојан престој, припаѓаат на пониските класи и затоа се со инфериорна конституција... Преку добивање деца со Јапонските жени, овие мажи би можеле да го намалат калибарот на Јамато манѕоку.“[113] Една од последните евгенички мерки на режимот Шоуа била превземена од владата на Хигашикуни. На 19 август 1945 год., Домашното Министерство дало наредба до бироата од локалните влади да воспостават служба за проституција за сојузничките војници со цел да се зачува „чистотата“ на „Јапонската раса“. Официјалната изјава гласела: „Преку жртвувањето на илјадници „Окиши“ од Шоуа ерата, ќе подигнеме насип за го спречиме лудилото на окупационите трупи и да ја негуваме и одржиме чистотата на нашата раса за долго време во иднина...“[114]

Кина[уреди]

Евгениката била една од многуте идеи и програми околу кои се воделе расправи во средните 1920- ти и 1930- ти год. во Републиканска Кина, како средство за подобрување на општеството и подигање на статусот на Кина во светот. Главниот кинески поборник на евегениката бил истакнатиот социолог Пан Гуандан, и значаен број интелектуалци се вклучиле во дебатата, вклучувајќи ги Гао Ксишенг, биологот Зу Џианрен, социологот Чен Да и Чен Џианшан и многу други.[115] [116] Чен Да е познат по врската што ја овозможил со политиката за планирање на семејството и Политиката за едно дете усвоена во Кина по формирањето на Народна Република Кина.

Шведска[уреди]

Поврзано: Хомо Сапиенс 1900 и Херман Лундборг

Во Шведска, Законот за стерилизација од 1934 год. бил одговорен за доброволната стерилизација на некои ментално болни пациенти. Законот бил усвоен додека Шведската соцојална демократска партија била на власт, иако бил поддржан од сите други политички партии во Парламентот во тоа време, како и од Лутеранската црква и од голем дел од оние во медицинската професија.[117] Од околу 1934 до 1975, Шведска стерилизирала повеќе од 62 000 лица, со Херман Лундборг на глава на проектот.[118] Шведска стерилизирала повеќе луѓе од која било друга европска држава, со исклучок на нацистичка Германија.[119] Најголем број лица биле стерилизирани во 1948.

Шведската обемна евгеничка програма ги имала како цел изопачените и ментално болните. Најголем дел од стерилизациите биле доброволни (иако доброволни не мора да значи неподложни на убедување или изнуда), но девет проценти од стерилизираните биле повеќе или помалку присилени на тоа. Како што бил случајот и со други програми, за етничноста и расата се верувало дека се поврзани со менталното и физичкото здравје. Сепак, критичката истрага спроведена од владата покажала дека нема докази за тоа дека цел на Шведската стерилизација биле етничките малцинства.[120] Нема докази дека програмата била упатена кон жените. Нејзината цел била да се намали изопаченото потомство. Ако еден член на семејството се сметал за изопачен, тогаш целото семејство станувало цел на истрага. Било забележано дека е полесно да се убеди жена да биде стерилизирана, отколку да се убеди маж. Поради оваа причина жените биле почесто стерилизирани отколку мажите, и покрај фактот дека медицинската процедура за стерилизација на мажи била поедноставна.[121] Дури и многу подоцна, во 1996 год., социјалните демократи одбиле да платат компензација на оние кои биле стерилизирани, што било критикувано од некои членови на партијата.[122] Во 1999 год. Шведската влада почнала да им плаќа компензација на стерилизираните и нивните семејства, во износ од 20 000 американски долари на оние кои „не се согласиле“ и поднеле барање за компензација.[123]

Други земји[уреди]

Другите земји кои усвоиле некоја облик на евгеничка програма ги вклучуваат Норвешка, Франција, Финска, Данска, Естонија, Исланд и Швајцарија со програми за стерилизација на луѓе што владата ги прогласила како ментално заостанати. Сингапур практикувал ограничен облик на евгеника која вклучувала одвраќање од брак помеѓу дипломирани од факултет и оние кои не се дипломирани преку сегрегација во агенции за посредување, со надеж дека првите ќе имаат подобри деца, иако ова тврдење е спорно.[124] Неговата влада ја вовела „Шемата за дипломирани мајки“ во раните 1980- ти, со цел да ги поттикне дипломираните жени да се омажат, која на крај била отфрлена поради јавната критика и импликациите кои ги имала кон меритократијата.[125]

Маргинализација по Втората светска војна[уреди]

Во декадите по Втората светска војна, евгениката ја намалила својата популарност во академската наука. Многу организации и весници кои воделе потекло од евгеничкото движење почнале да се оддалечуваат од нејзината философија, како на пр. кога Евгениски тримесечник станал Социјална Биологија во 1969.

По искуството со нацистичка Германија, некои политичари и членови на научната заедница јавно се откажале од голем број идеи за „расната хигиена“ и „неспособните“ членови на заедницата.Судењата во Нирнберг против поранешните нацистички водачи откриле пред јавноста многу од геноцидните практики на режимот и резултирале со формализирани политики на медицинска етика и изјавата на УНЕСКО за расата од 1950 год.. Многу научни општества дале свои слични „изјави за расата“ во текот на годините, а Универзалната декларација за човекови права, составена како одговор на злосторствата за време на Втората светска војна, била усвоена од САД во 1948 год. и потврдила дека „Возрасните мажи и жени, без никакви ограничувања врз основа на раса, националност или религија, имаат право да стапат во брак и да основаат семејство.“[126] Понатаму, во декларацијата на УНЕСКО за расата и расните предрасуди од 1978 год. стои дека фундаменталната еднаквост на сите човечки суштества е идеал кон кој треба да тежнеат етиката и науката.[127] Како реакција на нацистичките злосторства, евгениката била скоро универзално критикувана во голем дел од земјите во кои порано била популарна (меѓутоа, некои евгенички програми, вклучувајќи ја и стерилизацијата, продолжиле да се одвиваат во тајност со децении). Многу од предвоените евгеницисти се вклучиле во она што подоцна било обележано како „крипто- евгеника“, што значело намерно префрлање на своите евгенички верувања во „подземјето“, кое направило од нив почитувани антрополози, биолози и генетичари во поствоениот свет (вклучувајќи ги Роберт Јеркс во САД и Отмар вон Вершуер во Германија). Калифорнискиот евгеницист Пол Поупноу го основал брачното советување во текот на 1950- те, промена на кариерата која произлегла од неговите евгенички интереси за промовирање „здрави бракови“ меѓу „здрави“ парови.[128] Лигата за американски живот, противник на абортусот, поднела обвиненија дека евгениката била само „препакувана“ по војната, и одново промовирана во вид на контрола на населението и еколошки движења. Тие тврдат, на пример, дека организацијата Планирано родителство била основана и негувана од Евгеничкото општество поради токму овие причини. Џулијан Хаксли, првиот Генерален директор на УНЕСКО и основач на Светскиот фонд за животински свет бил исто така и претседател на Евгеничкото општество и голем поборник на евгениката.[129] Иако е вистина дека каква било радикална евгеничка политика би била политички и психошки невозможна уште многу години, сепак за УНЕСКО ќе биде од големо значење да се осигура дека евгеничкиот проблем е испитан со најголемо внимание, и дека јавноста е информирана за прашањата кои се засегнати, така што голем дел од она што денес е незамисливо, би можело барем да стане замисливо. – Џулијан Хаксли[130] Книгите од средно училиште и колеџ од 1920- те и низ 40- те год. често имале делови во кои се величел научниот напредок кој се постигнал со примена на евгеничките принципи врз населението. Многу стари научни списанија посветени на наследноста во целина биле управувани од евгеницисти и содржеле статии за евгениката покрај студиите за наследноста кај нечовечките организми. Откако евгениката ја изгубила поддршката од науката, повеќето --- references ---на евгениката биле отстранети од учебниците и идните изданија на некои значајни весници. Се смениле дури и имињата на некои весници со цел да ги одразат нивните нови ставови. На пример, Евгениски тримесечник станал Социјална биологија во 1969 (списанието сѐ уште постои и денес, иако воопшто на наликува на неговиот претходник).Меѓу истакнатите членови на Американското евгеничко општество (1922-94 год.) за време на втората половина на 20- от век спаѓале Џозеф Флечер, основач на Ситуационалната етика; Др. Кларенс Гембл од Проктер и Гембл и Гарет Хардин], поборник на контролата на населението и автор на есејот Трагедијата на просечните.

Во САД, евгеничкото движење изгубило голем дел од народната и политичка поддршка до крајот на 1930- те додека присилната стерилизација воглавно завршила во 1960- те, со последната извршена во 1981 год..[131] Голем број од државите во САД ја продолжиле забраната на би-расни бракови со „законите против расно мешање“ како што бил Законот за расен интегритет од 1924 год., сè до нивното одбивање од Врховниот Суд во 1967 год. во случајот Лавинг против Вирџинија.[132] Законот за рестрикција на имиграција од 1924, кој бил создаден со цел да ја ограничи имиграцијата на „дисгенични“ Италијанци и Евреи од источна Европа, бил отповикан и заменет со Законот за имиграција и националност во 1965 год..[133] Како и да е, некои истакнати академици продолжиле да ја поддржуваат евгениката и после војната. Во 1963 год. Фондацијата Сиба одржала конференција во Лондон под насловот „Човекот и неговата иднина“, на која тројца истакнати биологисти и Нобелови лауреати (Херман Мулер, Џошуа Ледерберг и Францис Крик) неколебливо зборувале во корист на евгениката.[134] Неколку нации, особено Шведска и канадската провинција Алберта, ги задржале обемните евгенички програми, вклучувајќи ја присилната стерилизација на ментално хендикепирани лица, како и други практики, сè до 1970- те.[135]

Модерна евгеника, генетско инженерство и повторно етичко преиспитување[уреди]

Почнувајќи од 1980- те, историјата и концептот на евгениката се прифаќале како значително напреднато знаење за генетиката. Напорите како Проектот за човечкиот геном направиле ефикасната модификација на човечкиот вид повторно да изгледа возможна (како што направила и Дарвиновата прва теорија за еволуција во 1860- те, заедно со повторното откривање на Менделовите закони во раниот 20- ти век). Разликата во почетокот на 21- от век била воздржаниот пристап кон евгениката, која станала збор кој повеќе влевал страв отколку што привлекувал. Неколку научни истражувачи како што се психологот Ричард Лин, психологот Рејмонд Кател и научникот Грегори Сток отворено барале евгенички политики кои се служат со модерната технологија, меѓутоа нивниот став е поддржан од малкумина во денешните научни и културни кругови.[136] Еден обид за воведување на облик на евгениката била „банката за сперма од гении“ (1980- 99 год.) создадена од Роберт Кларк Греам, од која биле зачнати околу 230 деца (најпознати донатори биле добитниците на Нобелова награда- Вилијам Шокли и Џ. Д. Вотсон). Меѓутоа, во САД и Европа, овие обиди биле често критикувани во истиот дух како и класичните и расистички форми на евгениката од 1930- те. Поради нејзиното поврзување со присилна стерилизација и расните идеи на нацистичката партија, зборот евгеника ретко се употребува од страна на поборниците на ваквите програми.

Евгенистите тврделе дека имиграцијата од земји со низок национален коефициент на интелигенција е непожелна. Според Рејмонд Кател „кога една земја ги отвора своите врати кон имигранти од различни земји, тогаш таа е како фармер кој го купува семето од различни извори по една вреќа, со вреќи чија содржина е од различен просечен квалитет.“[137]

Кипар[уреди]

Слична политика на скрининг (вклучувајќи го и скринингот при бременост и абортус) наменета за намалување на опасноста од таласемија постои во двете јурисдикции на остовот Кипар. По спроведувањето на оваа програма во 1970- те, таа го намалила процентот на деца родени со наследната крвна болест- од 1 на секои 158 раѓања- на скоро нула. Генетските тестови се задолжителни за двајцата родители, пред склучување брак во црква.[138] [139]

САД[уреди]

Некои држави бараат крвен тест пред стапување во брак.[140] Иако овие тестови се ограничени на откривањето на сексуално преносливата болест сифилис (која била најраспространетата болест во времето кога овие закони биле усвоени), сепак некои партнери доброволно се тестирале и за други болести и генетски неправилности. Харис Полс во 1986 и 1992 забележал мнозинска јавна поддршка за изведување на ограничени форми на интервенции на репродуктивните клетки, особено со цел да ги заштити „децата од наследувањето на обично фатални генетски болести.“[141] Во 1971, лобирањето од страна на организацијата Интернационална асоцијација за доброволна стерилизација (АДС) во САД, ги навело политичарите и функционерите во Бирото за еднаква можност да платат за доброволната стерилизација на Американците со ниски приходи за контрацептивни цели. АДС исто така посветила внимание и на меѓународната заедница, и најзиното лобирање довело до надворешната политика на САД и финансирање од Бирото на САД за меѓународен развој со цел да се поттикнат земјите од третиот свет/ земјите во развој да ги применуваат абортусот и стерилизацијата за да го контролираат растот на бројот на населението.

Израел[уреди]

Дор Јешорим, програма чија цел е да ја намали опасноста од српеста анемија, цистичка фиброза, болеста Канаван, Фанкони анемија, болест на складиран гликоген, Блумов синдром, болеста Гошер, болеста Ниман- Пик, и муколипидоза IV во одредени еврејски заедници, е уште една програма за проверка која се споредува со либералната евгеника.[142] Во Израел, на сметка на државата, јавноста се советува да прави генетски тестови за овие болести да се дијагностицираат во раната бременост. Ако фетусот е дијагностициран со една од овие болести, меѓу кои најпозната е српестата анемија, тогаш бременоста може да биде прекината, доколку се даде согласност. Многу други Ашкенази еврејски заедници исти така воделе програми на проверка поради големата опасност од генетски болести. Во некои еврејски заедници, стариот обичај на сводништво (шидух) сѐ уште се практикува и некои сводници бараат крвни тестови со цел да го избегнат спојувањето меѓу лица кои имаат исти рецесивни црти на болести. Со цел да се обидат да ја спречат трагичната смрт на дете која се јавува секогаш како резултат на појавата на хомозиготната состојба за српестата анемија , асоцијации како што е многу посветената Дон Јешорим (која била формирана од страна на Рабинот Јозеф Екстајн, кој ја претрпел загубата на четири деца како последица од оваа болест) со цел да ги заштитат другите од истата трагедија, ги тестираат младите парови за да проверат дали постои ризик од пренесување на некои фатални болести на наредната генерација. Доколку и мажот и жената се носители на Tay-Sachs, вообичаено е да се раскине врската. Јудаизмот, како и многу други религии, не го поддржува абортусот освен ако не постои ризик за жената, во кој случај се дава предност на нејзините потреби. Овој труд не цели кон искоренување на наследните карактерни црти, туку кон појавата на хомозиготна состојба. Вистинското влијание на оваа програма врз честотата на алелите не е познато, но би се очекувало мало влијание бидејќи програмата не наметнува генетска селекција. Наместо тоа, го охрабрува дисасортативното размножување.

Етичко преиситување[уреди]

Модерните истраги за потенцијалната употреба на генетскo инженeрство довеле до засилено повикување на историјата на евгениката во дискусиите за биоетика, најчесто како мерка на претпазливост. Некои етицисти тврдат дека дури и неприсилните евгенички програми би биле неетички по природа. Ова гледиште било оспорено од такви мислители како што е Николас Агар.[143] Во модерната биоетичка литература, историјата на евгениката поставува многу морални и етички прашања. Коментаторите предвиделе дека како резултат на репродуктивните технологии ќе се појават нови евгеници кои на родителите ќе им овозможат креирање на „дизајнирани бебиња“ (што биологот Ли М. Силвер го именувал како „репрогенетика“). Се тврдело дека оваа поблаго присилен облик на биолошко подобрување ќе биде примарно мотивирана од индивидуалната компетитивност и желбата да се создадат најдобрите можности за децата, наспроти залагањето да се подобри видот како целина, што ја карактеризирало евгениката во раниот XX век. Поради нејзината помалку очигледно присилна природа, недостаток на вмешаност на државата и различните цели, некои коментатори го поставиле прашањето дали таквите активности се евгеника или во целина претставуваат нешто друго. Меѓутоа, критичарите забележуваат дека Францис Галтон не ја поддржувал присилата кога ги дефинирал принципите на евгениката.[144] Со други зборови, евгениката не значи присила. Таа е, според Галтон кој го формирал терминот, соодветен назив за биоинженерство на подобри човечки суштества. Критичарите се спротивставуваат на мислењето дека конформитетот и другите притисоци ги прават легалните евгенички програми присилни.

Доста застапен пример за поддршката на создавњето дизајнирани бебиња се појавува во облик на аргументи дадени во корист на тоа родителите да имаат можност да го избегнат одгледувањето на хомосексуални деца преку употреба на скрининг технологии.[145] Општоприфатено научно мислење во Америка, кое произлегло од истражувањето на Др. Евелин Хукер од 1956 год., е дека хомосексуалноста не е болест. Затоа, не може да се третира како дефектна карактеристика за која се врши оправдана проверка како дел од легитимната медицинска пракса.[146] Даниел Кевлс тврди дека евгениката и одржувањето на природните ресурси се слични предлози. И двете можат неразумно да се употребуваат со што се пркршуваат човековите права, но и двете можат мудро да се користат. Џејмс Д. Вотсон, првиот директор на проектот Човечки геном, ја иницирал Програмата за Етнички, легални и социјални импликации (ЕЛСИ) која финансирала голем број истражувања за импликациите на човечкото генетско инженерство (заедно со познатата веб- страна за историјата на евгениката), бидејќи: „Со вметнување на етиката толку рано во агендата на геномот, одговарав на својот сопствен страв дека критичарите на проектот Геном пребрзо ќе истакнат дека бев претставник на лабораторијата во Колд Спринг Харбор во чиј склоп порано се наоѓаше Бирото за евгенички записи. Тоа што не создадов брзо етничка програма за геномот може да биде погрешно искористено како доказ дека бев таен евгенист, со вистинска долгорочна цел- недвосмислена идентификација на гени што води кон социјално и професионално раслојување, како и до тоа гените да ја оправдуваат расната дискриминација.“[147] Многу почитувани генетицисти вклучувајќи ги и добитниците на Нобелова награда Џон Салстон („Не мислам дека треба да се раѓаат видно инвалидизирани деца“)[148] и Вотсон („Штом ќе се најде начин на кој можеме да ги подобриме нашите деца, никој не може да не спречи во тоа“)[149] го поддржуваат генетскиот скрининг. Прашањето кои идеи треба да се обележат како „евгенички“ е сѐ уште контровезно и во јавната и во училишната област. Некои набљудувачи како што е Филип Кичер ја опишале употребата на генетски скрининг од родителите како можно создавање на облик на „доброволна“ евгеника.[150]

Болести наспроти вродени карактеристики[уреди]

Поврзано: Листа на вродени болести

Додека генетиката обемно обезбедила средства со помош на кои одредени вродени карактеристики и болести можат да се идентификуваат и разберат, со обзир на сложеноста на човековата генетика, култура и психологија, досега не постојат општоприфатени објективни средства за определување кои карактеристики би биле посакувани или непосакувани. Евгеничките манипулации кои ја намалуваат склоноста кон криминал и насилство, на пример, можат резултираат со тоа населението да биде заробено од надворешен фактор против кој тоа повеќе не може да се брани. Некои болести како што се болеста на српести клетки и цистична фиброза даваат имунитет на маларија и отпорност на колера кога само еден примерок на рецесивни алели е застапен во генетипот на поединецот. Намалувањето на случаите на болест на српестите клетки во Африка каде што маларијата е честа и смртоносна болест би можело да има целосно негативен ефект. Од друга страна, генетските болести како на пр. хемохроматоза можат да ја зголемат подложноста на болести, да предизвикаат физички деформитети и други нарушувања. Евгеничките мерки против голем дел од овие болести се веќе превземени во мн. општества ширум светот, додека мерките против вродените карактеристики кои дејствуват на посуптилен начин, за кои малку се знае, како што е криминалитетот, се потиснати од полето на шпекулации и научната фантастика. Ефектите од болести се во суштина целосно негативни и многу општества се обидуваат да го намалат нивното влијание преку различни средства, од кои некои ги носат сите карактеристики на евгениката, освен нејзиното име. Другите вродени карактеристики околу кои се спори имаат позитивни, како и негативни ефекти и во моментот никаде не претставуваат цел на проучување.

Етика[уреди]

Општа критика на евгениката е тоа дека таа неизбежно води кон неетички мерки (Лин 2001 год.). Едно хипотетичко сценарио предлага дека доколку една група расно малцинство е во просек помалку интелигентна од групата расно мнозинство, тогаш е поверојатно дека групата расно малцинство ќе биде подложена на евгеничка програма, наместо најмалку интелигентните членови од целото население. Х.Л. Кеј пишувал за „очигледната вистина дека евгениката била дискредитирана од хитлеровите злосторства“ (Кеј 1989 год.). Р.Л. Хејман тврдел дека „евгеничкото движење е анахронизам, чии политички импликации биле обелоденети од холокаустот“ (Хејман 1990 год.) Стивен Пинкер изјавил „општопризната мудрост меѓу академиците кои се лево ориентирани е дека гените подразбираат геноцид“. Тој на оваа „општопризната мудрост“ одговорил со споредба на историјата на Марксизмот, која имала спротивно гледиште за гените од она на Нацизмот: Но 20- от век претрпел „две“ идеологии кои довеле до геноциди. Другата, Марксизмот, немала корист за расата, не верувала во гени и негирала дека човековата природа е значаен концепт. Очигледно, нагласувањето на гените или еволуцијата не е она што е опасно. Опасна е желбата за пресоздавање на општеството преку присилни средства (евгеника или социјално инженерство) и верувањето дека човештвото напредува преку борба во која супериорните групи (раси или класи) ги победуваат инфериорните.[151] Ричард Лин тврди дека секоја социјална философија е способна за етичка злоупотреба.

Генетска разновидност[уреди]

Евгеничките политики исто така можат да доведат до губење на денетската разновидност, во тој случај културно прифатеното подобрување на генетскиот фонд може многу веројатно, како што е докажано во голем број примери на островски населенија (т.е. Додо, Рафус Кукулатус, од Мавритија) да резултира со истребување поради зголемена ранливост на болести, намалена способност за прилагодување на промени во средината и други познати и непознати фактори. Долгорочен евгениски план кој ги опфаќа сите видови може да доведе до слично вакво сценарио бидејќи елиминацијата на вродените карактеристики кои се сметаат за непосакувани теоретски може да ја намали генетската разновидност (Галтон 2001год., 48). Поборниците на евгениката тврдат дека во било која генерација било каква реалистична програма би довела до само мали промени во делче од генетскиот фонд, со што ќе се добие време за враќање во обратната насока доколку се појават несакани последици, со што би се намалила веројатноста за елиминација на посакувани гени. Поборниците на евгениката тврдат дека какво било значајно намалување на разновидноста е толку далеку во иднината што денес не треба да претставува никаква грижа.[152] Можната елиминација на генотипот на аутизмот е значајна политичка тема во движењето за правата на заболените од аутизам, кое тврди дека аутизмот е облик на невродиверзитет. Голем број поборници на правата на заболени од Даунов синдром исто така го сметаат Дауновиот синдром (Трисомија- 21) како облик на невродиверзитет.

Хетерозиготни рецесивни карактеристики[уреди]

Во некои примери обидите да се искоренат одредени мутации на единствен ген би биле скоро невозможни. Засегнатата состојба била хетерозиготни рецесивни карактеристики, проблемот е во тоа што со елиминирање на видната непосакувана карактеристика, сѐ уште постојат многу носители за гените без, или со помалку, фенотипски ефекти кои се должат на тој ген. Со генетско тестирање би било возможно да се најдат сите хетерозиготни рецесивни гени, но само по висока цена со постоечката технологија. Во нормални услови, возможно е само да се елиминира доминантна алела од генетскиот фонд. Рецесивните карактеристики можат да бидат намалени во голема мера, но никогаш сосема отстранети освен ако целосниот генетски состав на сите членови на фондот не е познат, како што беше претходно споменато. Имајќи предвид дека само неколку непосакувани карактеристики, како што е Хантингтоновата болест, се доминантни, практичната вредност на „елиминирање“ на карактеристиките е доста ниска.

Како и да е , постојат примери за евгенички дејства кои успеале да ја намалат распространетоста на рецесивни болести, без да влијаат на распространетоста на хетерозиготните носители на тие болести. Покачената распространетост на одредени генетски преносливи болести меѓу Ашкенази Евреите (српеста анемија, цистична фиброза,Канаванова болест и Гошерова болест ), била намалена меѓу денешното население преку примената на генетски скрининг [153]

Поврзано[уреди]

Поединци:

Организации:

Генетски фактори

Наводи[уреди]

  1. Currell, Susan; Christina Cogdell (2006). „Popular Eugenics: National Efficiency and American Mass Culture in The 1930s“. Athens, OH: Ohio University Press. стр. 203. ISBN 082141691X. 
  2. ^See Black, cited below
  3. ^ Duster, Troy "Backdoor to Eugenics". Routledge, 1990
  4. ^ a b Donald MacKenzie, "Eugenics in Britain," Social Studies of Science 6(3) (1975): 503.
  5. ^ See generally Edwin Black, War Against the Weak: Eugenics and America's Campaign to Create a Master Race. In addition to being practiced in a number of countries it was internationally organized through the International Federation of Eugenic Organizations. (Black, p 240) Its scientific aspects were carried on through research bodies such as the Kaiser Wilhelm Institute of Anthropology, Human Heredity, and Eugenics (Black, p 286), the Cold Spring Harbour Carnegie Institution for Experimental Evolution (Black, p 40) and the Eugenics Record Office (Black, p 45). Its political aspects involved successful advocacy for changes of law to pursue eugenic objectives, for instance sterilization laws (e.g. U.S. sterilization laws, (Black, see Chapter 6 The United States of Sterilization)). Its moral aspects included rejection of the doctrine that all human beings are born equal and redefining morality purely in terms of genetic fitness(Black, p 237). Its racist elements included pursuit of a pure "Nordic race" or "Aryan" genetic pool and the eventual elimination of less fit races (see Black, Chapter 5 Legitimizing Raceology and Chapter 9 Mongrelization).
  6. ^ The exact definition of eugenics has been a matter of debate since the term was coined. In the definition of it as a "social philosophy"——that is, a philosophy with implications for social order——is not meant to be definitive, and is taken from "Development of a Eugenic Philosophy" by Frederick Osborn in American Sociological Review, Vol. 2, No. 3 (Jun., 1937) , pp. 389-397.
  7. ^ See for example EMBO Reports, European Molecular Biology Organization "In the name of science - the role of biologists in Nazi atrocities: lessons for today's scientists" EMBO Reports Vol 2 No 10 2001, pp 871 et seq which discusses eugenics and its culmination in Nazi atrocities. It concludes "It was scientists who interpreted racial differences as the justification to murder ... It is the responsibility of today's scientists to prevent this from happening again."
  8. ^ See for example, Edwin Black, War Against the Weak: Eugenics and America's Campaign to Create a Master Race
  9. ^ Article 2 of the Convention defines genocide as any of the following acts committed with intent to destroy, in whole or in part, a national, ethnical, racial or religious group, as such: (a) Killing members of the group; (b) Causing serious bodily or mental harm to members of the group; (c) Deliberately inflicting on the group conditions of life calculated to bring about its physical destruction in whole or in part; (d) Imposing measures intended to prevent births within the group; (e) Forcibly transferring children of the group to another group. See Convention on the Prevention and Punishment of the Crime of Genocide.
  10. ^ Galton, Francis (1883). Inquiries into Human Faculty and its Development. London: Macmillan. p. 199.
  11. ^ Margaret Sanger, quoted in Katz, Esther; Engelman, Peter (2002). The Selected Papers of Margaret Sanger. Champaign, IL: University of Illinois Press. p. 319. ISBN 978-0-252-02737-6. "Our...campaign for Birth Control is not merely of eugenic value, but is practically identical in ideal with the final aims of Eugenics"
  12. ^ Franks, Angela (2005). Margaret Sanger's eugenic legacy. Jefferson, NC: McFarland. p. 30. ISBN 978-0-7864-2011-7. "...her commitment to eugenics was constant...until her death"
  13. ^ Everett Mendelsohn, Ph.D. Pauling's Eugenics, The Eugenic Temptation, Harvard Magazine, March-April 2000
  14. ^ Gordon, Linda (2002). The Moral Property of Women: A History of Birth Control Politics in America. University of Illinois Press. p. 196. ISBN 0-252-02764-7.
  15. ^ Keynes, John Maynard (1946). "Opening remarks: The Galton Lecture, 1946. The Eugenics Review, vol 38, no. 1, pp. 39-40". The Eugenics Review 38 (1): 39–40.
  16. ^ a b Okuefuna, David. "Racism: a history". British Broadcasting Corporation. Retrieved 2007-12-12.
  17. ^ Black, pp 274-295
  18. ^ Allen, Garland E., Was Nazi eugenics created in the US?, Embo Reports, 2004
  19. ^ Deborah Barrett and Charles Kurzman. Oct., 2004. Globalizing Social Movement Theory: The Case of Eugenics. Theory and Society, Vol. 33, No. 5, pp. 505
  20. ^ Science, New Series, Vol. 57, No. 1463 (Jan. 12, 1923), p. 46
  21. ^Sales Augusto dos Santos and Laurence Hallewell. Jan., 2002. Historical Roots of the "Whitening" of Brazil. Latin American Perspectives, Vol. 29, No. 1, Brazil: The Hegemonic Process in Political and Cultural Formation, pp. 81
  22. ^ McLaren, Angus. 1990. Our Own Master Race: Eugenics in Canada, 1885-1945. McClelland and Steward Inc. Toronto.
  23. ^ a b c Social Democrats implemented measures to forcibly sterilise 62,000 people, World Socialist Web Site
  24. ^ a b c Social Democrats implemented measures to forcibly sterilise 62,000 people, World Socialist Web Site
  25. ^ cited in Black, p 18.
  26. ^ A discussion of the shifting meanings of the term can be found in Diane Paul, Controlling human heredity: 1865 to the present (New Jersey: Humanities Press, 1995). ISBN 1-57392-343-5.
  27. ^ a b Glad, 2008
  28. ^ Rose, Nikolas (2007). The Politics of Life Itself: Biomedicine, Power, and Subjectivity in the Twenty-First Century. Princeton, New Jersey: Princeton University Press. p. 372. ISBN 0-691-12191-5.
  29. ^ Black, p 40
  30. ^ Black, p 47
  31. ^ Black, p 240
  32. ^ http://www.estherlederberg.com/Eugenics.html
  33. ^ Black, p 286
  34. ^ Black, p 285. Richard Weikart From Darwin to Hitler - Evolutionary Ethics, Eugenics, and Racism in Germany, describes this as the world's first Eugenic organization. (Weikart, p 15)
  35. ^ See generally Black and index entries
  36. ^ Allen G. Roper, Ancient Eugenics (Oxford: Cliveden Press, 1913), text at [1]
  37. ^ Leviticus, The Catholic Bible New York: Oxford University Press.
  38. ^ From Myth to Reason by Richard Buxton, ISBN 0-7534-5110-7,1999, page 201, "But the exposure of deformed babies seems to have been a more widespread practice. For Athens, the most conclusive allusion is in Plato's Theaetetus"
  39. ^ Making Patriots by Walter Berns, 2001, page 12, "and whose infants, if they chanced to be puny or ill-formed, were exposed in a chasm (the Apothetae) and left to die;"
  40. ^ Channel 4 - History - The Spartans
  41. ^ Allen G. Roper, Ancient Eugenics (Oxford: Cliveden Press, 1913), text at Euvolution.com
  42. ^ Haeckel, Ernst (1876). "The History of Creation, vol. I". New York: D. Appleton. p. 170. "Among the Spartans all newly born children were subject to a careful examination or selection. All those that were weak, sickly, or affected with any bodily infirmity, were killed. Only the perfectly healthy and strong children were allowed to live, and they alone afterwards propagated the race."
  43. ^ Hitler, Adolf (1961). Hitler's Secret Book. New York: Grove Press. pp. 8–9, 17–18. ISBN 0-394-62003-8. OCLC 9830111. "At one time the Spartans were capable of such a wise measure, but not our present, mendaciously sentimental, bourgeois patriotic nonsense. The rule of six thousand Spartans over three hundred and fifty thousand Helots was only thinkable in consequence of the high racial value of the Spartans. But this was the result of a systematic race preservation; thus Sparta must be regarded as the first Völkisch State. The exposure of the sick, weak, deformed children, in short, their destruction, was more decent and in truth a thousand times more humane than the wretched insanity of our day which preserves the most pathological subject, and indeed at any price, and yet takes the life of a hundred thousand healthy children in consequence of birth control or through abortions, in order subsequently to breed a race of degenerates burdened with illnesses."
  44. ^ Hawkins, Mike (1997). Social Darwinism in European and American Thought, 1860-1945: nature as model and nature as threat. Cambridge University Press. p. 276. ISBN 0-521-57434-X. OCLC 34705047.
  45. ^ See Chapter 3 in Donald A. MacKenzie, Statistics in Britain, 1865-1930: The social construction of scientific knowledge (Edinburgh: Edinburgh University Press, 1981).
  46. ^ Francis Galton, "Hereditary talent and character", Macmillan's Magazine 12 (1865): 157-166 and 318-327; Francis Galton, Hereditary genius: an inquiry into its laws and consequences (London: Macmillan, 1869).
  47. ^ Galton, Hereditary Genius: 1.
  48. ^ Larson 2004, p. 179 "Galton coined the word "eugenics" in his 1883 book, Inquiries into Human Faculty and Its Development.
  49. ^ Francis Galton, Inquiries into human faculty and its development (London, Macmillan, 1883): 17, fn1.
  50. ^ Francis Galton, "Eugenics: Its definition, scope, and aims," The American Journal of Sociology 10:1 (July 1904).
  51. ^ See Chapters 2 and 6 in MacKenzie, Statistics in Britain.
  52. ^ a b Donald MacKenzie, "Eugenics in Britain," Social Studies of Science 6(3) (1975): 503.
  53. ^ a b Okuefuna, David. "Racism: a history". British Broadcasting Corporation. Retrieved 2007-12-12.
  54. ^ a b c Porter, Dorothy (1999). "Eugenics and the sterilization debate in Sweden and Britain before World War II". Scandinavian Journal of History 24: 145–62. doi:10.1080/03468759950115773. ISSN 03468755.
  55. ^ a b c Porter, Dorothy (1999). "Eugenics and the sterilization debate in Sweden and Britain before World War II". Scandinavian Journal of History 24: 145–62. doi:10.1080/03468759950115773. ISSN 03468755.
  56. ^ King and Hansen, 1999. B.J.Pol.S. 29, 77–107
  57. ^ Bell, Alexander Graham (1883). "Memoir upon the formation of a deaf variety of the human race". Alexander Graham Bell Association for the Deaf. Retrieved 2007-12-13.
  58. ^ Bruce, Robert V (1990). Bell: Alexander Graham Bell and the Conquest of Solitude. Cornell University Press. pp. 410; 417. ISBN 0-8014-9691-8.
  59. ^ a b The connections between U.S. and Nazi eugenicists is discussed in Edwin Black, "Eugenics and the Nazis -- the California connection", San Francisco Chronicle (9 ноември 2003), as well as Black's War Against the Weak (New York: Four Wars Eight Windows, 2003). Stefan Kühl's work, The Nazi connection: Eugenics, American racism, and German National Socialism (New York: Oxford University Press, 1994), is considered the standard scholarly work on the subject.
  60. ^ a b The connections between U.S. and Nazi eugenicists is discussed in Edwin Black, "Eugenics and the Nazis -- the California connection", San Francisco Chronicle (9 ноември 2003), as well as Black's War Against the Weak (New York: Four Wars Eight Windows, 2003). Stefan Kühl's work, The Nazi connection: Eugenics, American racism, and German National Socialism (New York: Oxford University Press, 1994), is considered the standard scholarly work on the subject.
  61. ^ Williams v. Smith, 131 NE 2 (Ind.), 1921, text at
  62. ^ Larson 2004, p. 194-195 Citing Buck v. Bell 274 U.S. 200, 205 (1927)
  63. ^ The history of eugenics in the United States is discussed at length in Mark Haller, Eugenics: Hereditarian attitudes in American thought (New Brunswick, NJ: Rutgers University Press, 1963) and Daniel Kevles, In the name of eugenics: Genetics and the uses of human heredity (New York: Knopf, 1985), the latter being the standard survey work on the subject.
  64. ^ a b Racism and Sexual Oppresion in Anglo-America, Ladelle McWhorter, Indiana University Press, 2009, pg 204-205
  65. ^ a b Racism and Sexual Oppresion in Anglo-America, Ladelle McWhorter, Indiana University Press, 2009, pg 204-205
  66. ^ See Kevles, In the name of eugenics.
  67. ^ See Pg. 23 " 'Human Progress’ through Eugenics" from Psychology of Mental Fossils, toward an Archeo-psychology by Douglas Keith Candland at Douglascandland.com
  68. ^ Hamilton Cravens, The triumph of evolution: American scientists and the heredity-environment controversy, 1900-1941 (Philadelphia: University of Pennsylvania Press, 1978): 179.
  69. ^ Paul Lombardo, "Eugenic Sterilization Laws," essay in the Eugenics Archive, available online at Eugenicsarchive.org.
  70. ^ a b Eugenic Nation: Faults and Frontiers of Better Breeding in Modern America, Alexandra Minna Stern, University of California Press, 2005
  71. ^ Eugenic Nation: Faults and Frontiers of Better Breeding in Modern America, Alexandra Minna Stern, University of California Press, 2005, pg 27-31
  72. ^ a b Eugenic Nation: Faults and Frontiers of Better Breeding in Modern America, Alexandra Minna Stern, University of California Press, 2005
  73. ^ Eugenic Nation: Faults and Frontiers of Better Breeding in Modern America, Alexandra Minna Stern, University of California Press, 2005, pg 82-91
  74. ^ a b The connections between U.S. and Nazi eugenicists is discussed in Edwin Black, "Eugenics and the Nazis -- the California connection", San Francisco Chronicle (9 ноември 2003), as well as Black's War Against the Weak (New York: Four Wars Eight Windows, 2003). Stefan Kühl's work, The Nazi connection: Eugenics, American racism, and German National Socialism (New York: Oxford University Press, 1994), is considered the standard scholarly work on the subject.
  75. ^ Kühl, Stefan (2002). The Nazi Connection. Oxford University Press. p. 192. ISBN 0-19-514978-5, 9780195149784.
  76. ^ Watson, James D.; Andrew Berry (2003). DNA: The Secret of Life. New York: Alfred A. Knopf. pp. 29–31. ISBN 0-375-41546-7.
  77. ^ Steve Sailer, "Free To Choose? Insemination, Immigration, And Eugenics", Vdare.com
  78. ^ Paul Lombardo, "Eugenics Laws Restricting Immigration," essay in the Eugenics Archive, available online at Eugenicsarchive.org.
  79. ^ See Lombardo, "Eugenics Laws Restricting Immigration"; and Stephen Jay Gould, The mismeasure of man (New York: Norton, 1981).
  80. ^ See Lombardo, "Eugenics Laws Restricting Immigration"; and Stephen Jay Gould, The mismeasure of man (New York: Norton, 1981).
  81. ^ See Lombardo, "Eugenics Laws Restricting Immigration"; and Stephen Jay Gould, The mismeasure of man (New York: Norton, 1981).
  82. ^ "Society has no business to permit degenerates to reproduce." http://archive.is/20120803071356/www.historycooperative.org/journals/ht/36.3/br_7.html
  83. ^ http://www.eugenics-watch.com/roots/chap10.html
  84. ^ "In 1992, for example, the National Academy of Sciences and the National Research Council issued a 400 page report titled 'Understanding and Preventing Violence.' Funded in part by the Centers for Disease Control, the U.S. Justice Department, and the National Science Foundation, the report called for more attention to 'biological and genetic factors in violent crime.'" http://www.sntp.net/eugenics/genetics_1.htm
  85. ^ "Minority Anti-Abortion Movement Gains Steam". NPR. 24 септември, 2007. Retrieved 2009-01-17.
  86. ^ People1.org
  87. ^ Russell McGregor, Imagined Destinies. Aboriginal Australians and the Doomed Race Theory, 1880-1939, Melbourne: MUP, 1997
  88. ^ McGregor (1997: 151)
  89. ^ Aborigines Act of 1904
  90. ^ Stolen Generation by Tim Richardson
  91. ^ Human Rights and Equal Opportunity Commission - Bringing them Home - The Report
  92. ^ Jacobs, Pat (1990). Mister Neville, A Biography. Fremantle Arts Centre Press. ISBN 0-949206-72-5.
  93. ^ Kinnane, Stephen (2003). Shadow Lines. Fremantle Arts Centre Press. ISBN 1-86368-237-6.
  94. ^ McLaren, Angus. (1990) Our Own Master Race: Eugenics in Canada, 1885-1945. Toronto: Oxford University Press, p.28.
  95. ^ McLaren, p.100.
  96. ^ Sterlization Act has Much Backing, Edmonton Journal (9 март 1928) 7.
  97. ^ The Sterilization of Leilani Muir (film). Produced by the North West Center, National Film Board of Canada, 1996. Montreal, Canada.
  98. ^ McLaren, p.105.
  99. ^ McLaren, pp.117-118.
  100. ^ McLaren, p.169.
  101. ^ Quoted in Selgelid, Michael J. 2000. Neugenics? Monash Bioethics Review 19 (4):9-33
  102. ^ The Nazi eugenics policies are discussed in a number of sources. A few of the more definitive ones are Robert Proctor, Racial hygiene: Medicine under the Nazis (Cambridge, MA: Harvard University Press, 1988) and Dieter Kuntz, ed., Deadly medicine: creating the master race (Washington, DC: United States Holocaust Memorial Museum, 2004) (online exhibit). On the development of the racial hygiene movement before National Socialism, see Paul Weindling, Health, race and German politics between national unification and Nazism, 1870-1945 (New York: Cambridge University Press, 1989).
  103. ^ 'Himmler was my godfather'
  104. ^ "Holocaust," Encyclopaedia Britannica, 2009: "the systematic state-sponsored killing of six million Jewish men, women, and children and millions of others by Nazi Germany and its collaborators during World War II ... The Nazis also singled out the Roma (Gypsies). They were the only other group that the Nazis systematically killed in gas chambers alongside the Jews."
  105. ^ See Proctor, Racial hygiene, and Kuntz, ed., Deadly medicine.
  106. ^ TOQ-Richard Lynn-Black BR-Vol 4 No 1
  107. ^ Future Human Evolution: Eugenics in the Twenty-First Century. Hermitage Publishers. 2006. ISBN 1-55779-154-6. "I would like to add a comment to Dr. Glad’s clear and decisive puncturing of the balloon of myths surrounding the Nazi perversion of eugenics. (For that matter, they also claimed to be a party of socialism!) If we define eugenics as encompassing programs of human betterment, physical as well as mental, practices that benefit community in the local sense as well as the species in general, we can say that the Holocaust was the antithesis of eugenic practice."
  108. ^ "The National Eugenic Law" The 107th law that Japanese Government promulgated in 1940 (国民優生法) 第一条 本法ハ悪質ナル遺伝性疾患ノ素質ヲ有スル者ノ増加ヲ防遏スルト共ニ健全ナル素質ヲ有スル者ノ増加ヲ図リ以テ国民素質ノ向上ヲ期スルコトヲ目的トス, Kimura, Jurisprudence in Genetics, Bioethics.jp
  109. ^ "The Eugenic Protection Law" (国民優生法)The 107th law that Japanese Government promulgated in 1940 (国民優生法) 第二条 本法ニ於テ優生手術ト称スルハ生殖ヲ不能ナラシムル手術又ハ処置ニシテ命令ヲ以テ定ムルモノヲ謂フ, Otemon.ac.jp (Japanese)
  110. ^ SOSHIREN / 資料・法律−優生保護法
  111. ^ Michio Miyasaka, A Historical and Ethical Analysis of Leprosy Control Policy in Japan, clg.niigata-u.ac.jp
  112. ^ Michio Miyasaka
  113. ^ Jennifer Robertson, Blood Talks
  114. ^ Herbert Bix, Hirohito and the making of modern Japan, 2001, p. 538, citing Kinkabara Samon and Takemae Eiji, Showashi : kokumin non naka no haran to gekido no hanseiki-zohoban, 1989, p.244.
  115. ^ Dikotter, Frank (1998). Imperfect Conceptions: Medical Knowledge, Birth Defects, and Eugenics in China. New York: Columbia University Press.
  116. ^ Dikotter, Frank (1992). The Disourse of race in modern China. London: C. Hurst, Stanford University Press, Hong Kong University Press.
  117. ^ Lena Lennerhed, Lena. Sterilisation on Eugenic Grounds in Europe in the 1930s: News in 1997 but Why? Reproductive Health Matters, Vol. 5, No. 10, The International Women's Health Movement (Nov., 1997), pp. 156
  118. ^ Rastänkandet i Sverige
  119. ^ a b Even in Sweden By Allan Richard Pred
  120. ^ Steriliseringsfrågan i Sverige 1935 - 1975, SOU 2000:20, in Swedish with an English summary.
  121. ^ Broberg, Gunnar; Tydén, Mattias (2005). "Who became 'The Other'? Gender in the implementation of the sterilization laws". in Roll-Hansen, Nils. Eugenics and the welfare state. East Lansing, MI: Michigan State University Press. pp. 119–124. ISBN 0-87013-758-1.
  122. ^ Broberg, Gunnar; Tydén, Mattias (2005). "Who became 'The Other'? Gender in the implementation of the sterilization laws". in Roll-Hansen, Nils. Eugenics and the welfare state. East Lansing, MI: Michigan State University Press. pp. 119–124. ISBN 0-87013-758-1.
  123. ^ a b c Social Democrats implemented measures to forcibly sterilise 62,000 people, World Socialist Web Site
  124. ^ There are a number of works discussing eugenics in various countries around the world. For the history of eugenics in Scandinavia, see Gunnar Broberg and Nils Roll-Hansen, eds., Eugenics And the Welfare State: Sterilization Policy in Demark, Sweden, Norway, and Findland (Michigan State University Press, 2005). Another international approach is Mark B. Adams, ed., The Wellborn Science: Eugenics in Germany, France, Brazil, and Russia (New York: Oxford University Press, 1990).
  125. ^ See Diane K. Mauzy, Robert Stephen Milne, Singapore politics under the People's Action Party (Routledge, 2002).
  126. ^ "Universal Declaration of Human Rights". Retrieved 2006-08-26.
  127. ^ "Declaration on Race and Racial Prejudice". Retrieved 2006-08-26.
  128. ^ A discussion of the general changes in views towards genetics and race after World War II is: Elazar Barkan, The retreat of scientific racism: changing concepts of race in Britain and the United States between the world wars (New York: Cambridge University Press, 1992).
  129. ^ American Bioethics Advisory Commission, "Eugenics," ABAC website
  130. ^ UNESCO: Its Purpose and its Philosophy (Washington D.C. 1947), cited in Liagin, Excessive Force: Power Politics and Population Control, at 85 (Washington, D.C.: Information Project for Africa 1996)
  131. ^ See Broberg and Nil-Hansen, ed., Eugenics And the Welfare State and Alexandra Stern, Eugenic nation: faults and frontiers of better breeding in modern America (Berkeley: University of California Press, 2005)
  132. ^ Essay 7: Marriage Laws
  133. ^ Essay 9: Immigration Restriction
  134. ^ John Glad: "Future Human Evolution: Eugenics in the Twenty-First Century", Hermitage Publishers
  135. ^ Jackson, Emily (October 2001). Regulating Reproduction. Oxford, England: Hart. p. 45. ISBN 1-84113-054-0.
  136. ^ See, i.e., Richard Lynn, Eugenics: A Reassessment (Human Evolution, Behavior, and Intelligence) (Praeger Publishers, 2001).
  137. ^ Cattell, R. B. (1987). Beyondism: Religion from science. New York: Praeger, p. 187
  138. ^ Ioannou, Panayiotis (1999). Chadwick , Ruth F. ed. The ethics of genetic screening. Den Haag, Netherlands: Kluwer Academic. pp. 61–67. ISBN 978-0-7923-5614-1.
  139. ^ Cowan, Ruth Schwartz (2008). Heredity and Hope. Cambridge, MA: Harvard University Press. pp. 208–216. ISBN 978-0-674-02424-3.
  140. ^ Marriage Laws in the US - Blood Tests
  141. ^ The Eugenic Temptation (March-April 2000)
  142. ^ Shidduchim.info
  143. ^ For example, Nicholas Agar, Liberal Eugenics: In Defence of Human Enhancement (Blackwell, 2004).
  144. ^ Buchanan, Allen; Dan W. Brock, Norman Daniels, Daniel Wikler (2001). "Violations of reproductive freedoms". From Chance to Choice. Cambridge, England: Cambridge University Press. ISBN 0-521-66977-4.
  145. ^ Drexler, Peggy (2009-07-07). "When Gay Comes Home". The Huffington Post. Retrieved 2009-08-01.
  146. ^ Answers to Your Questions For a Better Understanding of Sexual Orientation & Homosexuality APA.org, 2008, American Psychological Association accessed 2009-08-01
  147. ^ James D. Watson, A passion for DNA: Genes, genomes, and society (Cold Spring Harbor, NY: Cold Spring Harbor Laboratory Press, 2000): 202.
  148. ^ Quoted in Brendan Bourne, "Scientist warns disabled over having children" The Sunday Times (Britain) (13 октомври 2004). Available online at Times online
  149. ^ Quoted in Mark Henderson, "Let's cure stupidity, says DNA pioneer", The Times (28 февруари 2003). Available online at Times online
  150. ^ Philip Kitcher, The Lives to Come (Penguin, 1997). Review available online at Wellcome.ac.uk
  151. ^ "United Press International: Q&A: Steven Pinker of 'Blank Slate". Retrieved 2006-08-26.
  152. ^ Edward M. Miller: "Eugenics: Economics for the Long Run", 1997
  153. ^ Title: Fatal Gift: Jewish Intelligence and Western Civilization


Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Евгеника е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.