Ариевско уверение

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ариевско уверение од 1943
Родословна исправа
Родословна табела во својство на ариевско уверение

Во нацистичка Германија, „Ариевското уверение“ (герм.Ariernachweis“) — документ кој сведочи дека лицето е припадник на ариевската раса. Почнувајќи од април 1933, овој документ станал задолжителен по закон за сите чиновници во јавниот сектор, вклучувајќи ги просветните работници.

Постоеле два типа на уверение:

  • „Мало ариевско уверение“ (Kleiner Ariernachweis) се добивало со поднесување на едно од следниве три:
    • седум изводи од матична книга на родените или крштеници (лицето, неговите родители и баби и дедовци) и три венчаници (од родители и баби и дедовци) или нивни заверени примероци.
    • Родословна исправа“ (Ahnenpass),
    • „Родословна табела“ - потврден генеалошки извод (Ahnentafel) или
  • „Големо ариевско уверение“ (Großer Ariernachweis) што се барало за оние што поднесувале пријавници согласно Законот за наследство на земја (Reichserbhofgesetz) и за членство во НСДАП. За добивање на документот, барателот требал да го проследи семејното потекло до 1800 г. (од 1750 г. за офицери на ЕсЕс).

Правната основа на уверението бил параграфот 3 (т.н. „ариевски параграф“) од „Законот за обнова на чиновништвото“ (Gesetz zur Wiederherstellung des Berufsbeamtentums) од 7 април 1933. Првото напатствие за негова примена, објавено на 11 април 1933, гласи:[1]

За неариевци се сметаат оние што потекнуваат од неариевски, особено Еврејски, родители или баби и дедовци. Доволно е еден родител или баба/дедо да не Ариевец. Ова особено важи ако некој родител или негов родител ѝ припаѓал на еврејската вера.[2]


Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • Eric Ehrenreich. The Nazi Ancestral Proof: Genealogy, Racial Science, and the Final Solution. Bloomington, IN: Indiana University Press, 2007. ISBN 978-0-253-34945-3
  1. Erste Verordnung zur Durchführung des Gesetzes zur Wiederherstellung des Berufsbeamtentums (11.04.1933)
  2. германски оригинал: „Als nicht arisch gilt, wer von nicht arischen, insbesondere jüdischen Eltern oder Großeltern abstammt. Es genügt, wenn ein Elternteil oder ein Großelternteil nicht arisch ist. Dies ist insbesondere dann anzunehmen, wenn ein Elternteil oder ein Großelternteil der jüdischen Religion angehört hat.“