Ѕид на плачот
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ѕидот на плачот или Западниот ѕид (хеб. הכותל המערבי) претставува ѕид од времето на Вториот храм на Соломон во Ерусалим. Овој храм бил најсветото место во јудеизмот.
Содржина |
Историја [уреди]
Според Библијата, храмот на Соломон бил изграден околу десет века пред Исус Христос и бил разрушен од страна на вавилонците во 586 година п.н.е. Вториот храм бил изграден во 516 година.
Храмот повторно бил изграден од страна на кралот Соломон, син на големиот Давид. Но денешниот изглед на западниот ѕид произвегува од времето на Ирод Велики, кој изградил огромни подпорни ѕидови околу храмот. По разрушувањето на Вториот храм од римјаните во 1 век (во 70 година), Ѕидот на плачот е единствената структура, која останала од него.
Градот Ерусалим под Отоманската империја попаднал околу 1517 година. Сепак, османлиите имале добронамерен однос кон евреите, кои престигнувале од скоро цела западна Европа прогонети. Овде, за време на нивното владеење султанот Сулејман I ја изградил едната страна од ѕидот на тврдината која и денес е видлива. Според популарната легенда, Сулејман I се обидел да ги пронајде точните и останатите рушевини од храмот.
Ѕидот според исламот [уреди]
Според исламската религија, тоа место е свето бидејќи тие Соломон го сметаат за свет пророк. Тие исто така сметаат и дека Мухамед бил овде се со цел да подоцна од ова место да воскресне.
Ѕидот според јудеизмот [уреди]
Според Евреите, ова е еден единствен храм кој постои, бидејќи самата синагога тие не ја признаваат како храм. Исто така, според нив овде е точното место каде Бог директно ги прима нивните аманети.
Значење [уреди]
По секое време кај него може да се видат верници на јудеизмот коишто се молат. Некои од нив си ја удираат главата во камените на ѕидот. Помеѓу отворите од ѕидот обично се ставаат желбите на верниците кои се напишани на хартија. Некои верници веруваат, дека содржината на листот им пристига директно до нивниот Бог. Од другата страна на Ѕидот на плачот се наоѓа џамијата Храм на Скалата, од која се тврди, дека Мухамед токму од тоа место воскреснал. Тоа соседство понекогаш доведува до конфликти. Некои муслимани дури и фрлаат камења и други предмети по тамошните верници.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Ѕид на плачот“ |