Западен тунелски ѕид (Ерусалим)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Западниот тунелски ѕид (хебреиски јазик|хеб.) е подземен тунел кој се простира на Западниот Ѕид по неговата целла должина. Тунелот се наоѓа во Стариот Град на Ерусалим во Израел.
[уреди] Историја
По завршувањето на Шестдневната војна, Министерството за религиозни работи на Израел започнало со испитување на Ѕидот на плачот и околината околу неа. Раскопувањата траеле околу дваесет години и откриле многу нови факти за историјата и географијата на Стариот Град во Ерусалим. Било утврдено дека тунелот има должина од 500 метри. Според ископувањата, во тунелот биле пронајдени археолошки предмети уште од времето на Ирод I Велики, дел од реконструкцијата на Западниот ѕид од времето на Династија Емевија.

