Денес над Македонија: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Додава: uk:Гімн Республіки Македонія |
с Бот Додава: hy:Մակեդոնիայի Հանրապետության հիմն |
||
Ред 138: | Ред 138: | ||
[[he:המנון מקדוניה]] |
[[he:המנון מקדוניה]] |
||
[[hr:Denes nad Makedonija]] |
[[hr:Denes nad Makedonija]] |
||
[[hy:Մակեդոնիայի Հանրապետության հիմն]] |
|||
[[it:Denes Nad Makedonija]] |
[[it:Denes Nad Makedonija]] |
||
[[ko:마케도니아 공화국의 국가]] |
[[ko:마케도니아 공화국의 국가]] |
Преработка од 11:32, 14 март 2010
Ноти и текст на македонската химна | |
Национална химна на Македонија | |
Друг наслов | „Денес над Македонија се раѓа“ |
---|---|
Текст | Владо Малески, 1941 |
Музика | Тодор Скаловски, 1943 |
Усвоена | 1944 |
Звучен извадок | |
„Денес над Македонија“ | |
Денес над Македонија е национална химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората Светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.
Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии- денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред . Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев[1].
Историја на химната
Химната на Македонија е напишана од македонскиот автор Владо Малески, во 1941 година а за прв пат се изведува на пречекот на новата 1942 година во Струга во куќата на Сотир Шута. Химната била изведена за прв пат таа вечер каде присуствувале активисти на ослободителното движење на Македонија од Струга и струшкиот регион[2].
За овој настан Малески ќе рече:
„Со оглед на приликите, тоа секаде се прави да не падне во очи пречекот на новата година имаше за цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на нова година јас, Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвивме песната "Денес над Македонија" која набрзо потоа ќе стане најпопуларна песна во цела Македонија и која до ден денеска се одржува како еден вид македонска химна.“
—Владо Малески[3]
Меѓу присутните активисти на народно-ослободителното движење на Македонија бил и блискиот пријател на Малески, Никола Кочоски кој за песната изјавил:
„Бев поканет од мојот другар Јосиф Миса да присуствувам на новогодишната игранка во домот на Сотир Шута. Кога влегов во горните одаи на куќата пријатно бев изненаден од амбиентот во кој се пееше песната ,Денес над Македонија’ за чие име дознав во текот на вечерта. На гитара свиреше и пееше Владо Малески. Песната ја пееше со восхит, а присутните со смиреност го следеа и потпевнуваа. За песната беа изречени многу убави зборови потенцирајќи дека во нејзината содржина е сета македонска историја и иднина. Таквата пријатна атмосфера овозможи и сериозен разговор кога за првпат бевме информирани за успесите во војната што се води против фашизмот, како и за првата вооружена акција на македонските борци со нападите во Прилеп и Куманово“
—Никола Кочоски[4]
Денес сè уште нема официјално објаснение за промените што ги претрпела химната. Имено, првиот текст на химната изведена во Струга во 1941 година имала малку поразличен текст од денешниот особено во имињата на македонските револуционери и еден подоле ред. Така од првичните „...Делчев, Груев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“, денес во химната се спомнуваат „...Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Нема објаснение ни за заменетиот ред од страна на Кочо Рацин „Од гроб станаа славните ѕидари...“ со „Одново сега знаме се веје...“. Името на Даме Груев за прв пат се вметнува во текстот во стихозбирката „Наши песни“ издадена во 1944, а се избришани оригиналните имиња. Кога се официјализирала химната во 1992 година, меѓу предлозите ја немало старата химна и поради тоа комисијата не била запозната со тоа[5]. За прв пат химната, официјално, била испеана од триото: Никола Бадев, Васка Илиева и Александар Сариевски.
„Малески рече дека таа строфа гласи : „Од гроб станаа славните ѕидари на Крушовската Република, Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“. Интересно е што тука го нема името на Даме Груев“.
—Симо Младеновски[6]
Текст
Денешна верзија | Оригинална верзија |
---|---|
|
|
Ноти
(Кликни ја сликата за поголем формат)
Референци
Надворешна врска
- Оригиналната и денешната македонска химна (аудио и текст)
- Денес над Македонија (MP3)
- По Републиката, Карев ја изгуби и химната - статија за историјата на македонската химна и одредени мистериозни настани.
|