Сварог: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поголемо дополнување за христијанизацијата на словенските богови
технички исправки
Ред 22: Ред 22:
Особено се интригантни стиховите како:
Особено се интригантни стиховите како:

1."''Свети Кузма-баќушка, боже мој, боже мој'';
1. ''Свети Кузма-баќушка, боже мој, боже мој;''
''Пречиста Мајчице, заиграј ни на свадба!''"
''Пречиста Мајчице, заиграј ни на свадба!''

2. "''Ти свети Боже, Кузмодемјан,''
2. ''Ти свети Боже, Кузмодемјан,''
''дојди ни на свадба нам'',
''дојди ни на свадба нам'',
''со своите апостоли.''"
''со своите апостоли.''

Занимливо е како во своите обредни песни, народот овој светец го ословувал и како бог. Тој е сопоставен и со '''Пречистата Мајчица''' (очигледно - '''Богородица'''), а израмнет е и со Исус Христос, така што тој, а не '''Исус''', е повикан да дојде со своите апостоли. Тој е повикуван и да ја 'скове` (направи) свадбата, со што се потврдува и како покровител на ковачкиот занает и бракот. Видливи остатоци од култот кон неговиот син Сварожич останале и до денешен ден и тоа во прилично жива форма. Тоа, пред сѐ, се однесува на празнувањето на Божик и палењето големи коледарски огнови, ако се знае дека во источнословенските записи, Сварожич се јавува како и како бог на огнот. Воочлива е и паралелата '''Бог-Божиќ''', '''Сварог-Сварожич''', а се претставува дека и самото име на празникот Божик (Божиќ, Божич) има претхристијанско потекло. Драгоцени податоци имаме и од фолклорните материјали собрани во 19 век, меѓу другото и од '''Миладиновци'''. Во нивниот Зборник наоѓаме и божикни песни, во кои се говори за раѓањето на 'Бела Бога', што асоцира на Белобог, едно од имињата на богот на светлината и огнот.

Преработка од 06:21, 10 јануари 2009

Свароговото место во словенската митологија

Прабогот на старите Словени бил познат под името Сварог. Неговото друго име, веројатно, е Род. Во Хрониката на Хемолд е запишано:

„Меѓу разните богови на кои им се припишува власт над полињата, шумите, над тагите и веселбите, тие (Словените) не одрекуваат дека еден бог заповеда одозгора, од небото над сите останати. Тој семоќен бог се занимава само со небесните работи. Сите останати имаат посебно занимање и работа, та нему му се покоруваат. Тие произлегуваат од неговата крв и важни се онолку колку што се блиску до овој бог на боговите.“

Неговото име не е споменато, но јасно е дека не станува збор за Перун. Треба да се земат предвид и зборовите на хроничарот Нестор, во врска со договорите меѓу Русите и Византијците од 945 и 947 година. Таму се вели:

„Оние Руси-христијани што ќе го прекршат овој договор, да бидат казнети од семоќниот Бог, а оние што не се крстени, да бидат лишени од секоја помош од Бога и Перуна.“

Очигледно е дека Русите се колнеле во еден бог што е поставен пред Перун. Кое е името на тој безимен бог? Според Ипатиевскиот летопис од 11 век, името на тој бог е Сварог. Тој е татко на Сонцето-цар, Дажбог. Етимологијата на Свароговото име е утврдена и неговиот корен го наоѓаме во санскритскиот збор за небо - svarga. Буквално, Сварог значи `небесен`.

Сварог во христијанството

Иако во скриена и замаглена форма, остатоци од Свароговиот култ се задржани во денешен ден кај сите словенски народи. Обично се смета дека, барем во некоја мера, тој 'преживеал` во народното сфаќање за христијанскиот Господ Бог. Познато е дека кај Источните Словени, неговите функции се пренесени на Свети Кузмодемјан, кој претставува народен спој од имињата на христијанските светци Козма и Дамјан. Таму Свети Кузмодемјан се јавува и како заштитник на бракот. Понекогаш во песните се спомнува и под името Свети Кузма. Академик Борис Рибаков во својата книга "Јазичеството на древните Словени" дава интересни примери на делови од свадбените песни кај Источните Словени.

Особено се интригантни стиховите како:

1. Свети Кузма-баќушка, боже мој, боже мој;

   Пречиста Мајчице, заиграј ни на свадба!

2. Ти свети Боже, Кузмодемјан,

   дојди ни на свадба нам,
   со своите апостоли.

Занимливо е како во своите обредни песни, народот овој светец го ословувал и како бог. Тој е сопоставен и со Пречистата Мајчица (очигледно - Богородица), а израмнет е и со Исус Христос, така што тој, а не Исус, е повикан да дојде со своите апостоли. Тој е повикуван и да ја 'скове` (направи) свадбата, со што се потврдува и како покровител на ковачкиот занает и бракот. Видливи остатоци од култот кон неговиот син Сварожич останале и до денешен ден и тоа во прилично жива форма. Тоа, пред сѐ, се однесува на празнувањето на Божик и палењето големи коледарски огнови, ако се знае дека во источнословенските записи, Сварожич се јавува како и како бог на огнот. Воочлива е и паралелата Бог-Божиќ, Сварог-Сварожич, а се претставува дека и самото име на празникот Божик (Божиќ, Божич) има претхристијанско потекло. Драгоцени податоци имаме и од фолклорните материјали собрани во 19 век, меѓу другото и од Миладиновци. Во нивниот Зборник наоѓаме и божикни песни, во кои се говори за раѓањето на 'Бела Бога', што асоцира на Белобог, едно од имињата на богот на светлината и огнот.

Литература:

1. Vasiljev, Spasoje: "Slovenska mitologija"

2. Б. А. Рыбаков: "Язычество древних славян"

3. Б. А. Рыбаков: "Язычество древних Рус"

4. Zaroff, Roman: Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?