Централен Масив: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 31: | Ред 31: | ||
==Административни единици== |
==Административни единици== |
||
Масивот се протега низ следниве [[департмани во Франција|департмани]]: [[Аверон]], [[ |
Масивот се протега низ следниве [[департмани во Франција|департмани]]: [[Аверон]], [[Алие]], [[Ардеш]], [[Кантал]], [[Гар]], [[Горна Виена (Франција)|Горна Виена]], [[Горна Лоара]], [[Еро]], [[Корез]], [[Крез (департман)|Крез]], [[Лоара (департман)|Лоара]], [[Лозер]], [[Лот (департман)|Лот]], [[Од (департман)|Од]], [[Пиј де Дом]], [[Рона (департман)|Рона]] и [[Тарн (департман)|Тарн]]. |
||
Во подрачјето на планините целосно се опфатени [[региони во Франција|региони]] [[Оверњ]] и [[Лимузен]], а делумно навлегуваат во [[Лангдок-Русијон]], [[Југ-Пиринеи]] и [[Рона-Алпи]]. |
Во подрачјето на планините целосно се опфатени [[региони во Франција|региони]] [[Оверњ]] и [[Лимузен]], а делумно навлегуваат во [[Лангдок-Русијон]], [[Југ-Пиринеи]] и [[Рона-Алпи]]. |
Преработка од 13:43, 4 октомври 2013
Централен Масив | |
---|---|
Massif Central Massís Central | |
Пиј де Дом — највисокиот вулкан | |
Највисока точка | |
Врв | Пиј де Санси |
Надм. височина | 1886 м |
Координати | 45°31′42″N 2°48′51″E / 45.52833° СГШ; 2.81417° ИГД |
Географија | |
Земји | Франција |
Покраини | |
Координати | 46°N 3°E / 46° СГШ; 3° ИГД |
Централен Масив (француски: Massif central, окситански: Massís Central / Massís Centrau) — високо подрачје во средишниот дел на јужна Франција, покриено со планини и висорамнини што образуваат масив. Зафаќа 15% од површината на државата. Највисока планина во масивот е Пиј де Санси (1.886 м).[1]
Планините се вулкански но активноста згаснала пред 10.000 години. Одделени се од Алпите со длабок засек во правец север-југ создаден со текот на реката Рона, наречен „ронска бразда“ (sillon rhodanien).
Подрачјето претставувало препрека во тој дел на земјата, оневозможувајќи го сообраќајот од север на југ и обратно сè до изградбата на автопатот A75 на крајот на 2010 г.
Административни единици
Масивот се протега низ следниве департмани: Аверон, Алие, Ардеш, Кантал, Гар, Горна Виена, Горна Лоара, Еро, Корез, Крез, Лоара, Лозер, Лот, Од, Пиј де Дом, Рона и Тарн.
Во подрачјето на планините целосно се опфатени региони Оверњ и Лимузен, а делумно навлегуваат во Лангдок-Русијон, Југ-Пиринеи и Рона-Алпи.
Најголеми градови се Клермон Феран и Сент Етјен.
На северната страна на масивот, западно од долината на Рона, карпите се вулкански, додека пак во јужниот дел се варовнички, гранитни и шкрилни.
Наводи
- ↑ Централен Масив — Peakbagger (англиски)
Поврзано
- Централен Масив на Ризницата ?
- Тарнска Клисура
- Пиј де Санси
- Пиј де Дом
- Географија на Франција
- Список на планини во Франција
Надворешни врски
- Природен парк „Централен Масив“ (француски)
- Статистички атлас на Централниот Масив — INSEE (француски)