Македонски Срби: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 62: Ред 62:
[[Категорија:Македонски Срби| ]]
[[Категорија:Македонски Срби| ]]


[[en:Serbs in the Republic of Macedonia]]
[[sr:Срби у Републици Македонији]]
[[sr:Срби у Републици Македонији]]

Преработка од 23:17, 10 јануари 2012

Македонски Срби
Срби у Македонији
Вкупен број на населението

35.939

Региони со значително население
Северниот дел на Македонија
Јазици
македонски и српски јазик
Религии
Православно христијанство
Поврзани етнички групи
Срби,
како и останатите јужнословенски народи.

Србите се уставно признато малцинство во Македонија. Според пописот од 2002 година нивниот број е 35 939 жители или 1,78% од вкупното население. Од политичка гледна точка Србите во Македонија имаат 2 свои политички партии (ДПСМ - Демократска Партија на Србите во Македонија и РССМ - Радикална Странка на Србите во Македонија), пратеник во Собранието на РМ и голем број на видни јавни личности во политичкиот и културниот живот на Република Македонија.

Историја

Првото забележано присуство на Срби во Македонија може да се означи кон крајот на XIX век, меѓутоа тоа е само од формален аспект. Со продорот на српската црковно-просветна и научно-политичка пропаганда во Македонија кон крајот на XIX век, дел од Македонците попримиле српска национална свест и започнале да се изјаснуваат и сметаат за Срби, иако немале српско етничко, културно и јазично потекло. Оваа појава се забележува и денес особено во повеќе села на Скопска Црна Гора каде голем дел од македонското население се изјаснува и смета за Срби, иако е со македонско етничко, културно и јазично потекло, а и голем дел од нивните роднини се изјаснуваат и сметаат за Македонци.

Првите доселувања на Срби во Македонија се случуваат по 1913 година, односно по Букурешкиот мировен договор, кога вардарскиот дел на Македонија потпаднал под власта на кралството Србија. Засилено и насилно населување на Срби - колонисти од хрватските области Лика, Кордун и Банија, како и од Црна Гора и Херцеговина се забележува во текот на 20-тите години на XX-от век. Во тоа време, насилно на земјата на Македонците биле населувани српски колонисти од другите краишта на Кралството Југославија, а ним им се давал во сопственост и поголемиот дел од земјоделското земјиште. Во овој период е забележана колонизација на Срби особено во југо-источна Македонија, во Дојранско, Валандовско и Гевгелиско и во рамничарските предели на Пелагонија, Скопското Поле, Росоманско и Неготинско во Повардарието.

За време на Втората светска војна, бугарските власти насилно ги иселуваат скоро сите српски колонисти од Македонија. По силните залагања на Методија Андонов - Ченто и Президиумот на АСНОМ, а со согласност на Јосип Броз Тито, враќањето на српските колонисти во Македонија по завршетокот на Втората светска војна било спречно и забрането.

Во времето на СФРЈ се забележува доселување на Срби во Македонија но со многу намален интензитет. Претежно се населувале воени лица од ЈНА кои често се женеле за Македонки поради што добивале воени станови и останувале во Македонија.

Области и населени места

Најголем број на Срби во Македонија претежно живее во градовите и во северниот дел на државата. Најголема застапеност на Срби има во Кумановско (областа Козјачија), Скопска Црна Гора (иако тоа се луѓе со македонско етничко потекло), градот Скопје, а некои потомци од српските колонисти се останати во селата Огњанци (Скопско) каде живеат измешани со Македонци, Албанци и Роми, и во селата Јосифово (Валандовско), Марвинци (Гевгелиско), Црничани (Дојранско) и Росоман (Тиквешко) каде живеат измешани со Македонци и го имаат прифатено месниот македонски југо-источен дијалект.

Статистички Србите во Македонија се најзастапени во општините: Чучер Сандево со 28,6%, Старо Нагоричане со 19,1%, Куманово со 10,5% и градот Скопје со 2,82% каде што живее најголемиот број на Срби во Македонија.

Образование и култура

Во Република Македонија е овозможено изучување на српскиот јазик за српското малцинство во основното и средното образование. Во минатото скопската гимназија „Орце Николов“ била отворена како гимназија на српски јазик, а денес српски јазик се изучува само во кумановската гимназија. Постои и катедра за српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

На вториот канал на националната телевизија постои програма на српски јазик, а во минатото постоеше и телевизија на српски јазик во Скопје (ТВ 96). Постојат и повеќе списанија на српски јазик, а во Македонија на големо е достапен и печатот на српски јазик од Србија, особено таблоидите, жолтиот и естрадниот печат.

Македонските актери со српско потекло Дејан Лилиќ и Александар Микиќ во Драмскиот театар ја одгираа првата претстава („Кафез“) на српски јазик во независна Република Македонија.

Поради политичките и културните блискости, српскиот јазик многу често се среќава на македонските телевизии и медиуми преку српската музика, песни, филмови, емисии, реални-шоуа и чести гостувања на српски пејачи и уметници во Македонија.

Македонските Срби се православни христијани.

Познати македонски Срби

Поврзано


Надворешни врски