Саат-кула (Стар Дојран)

Координати: 41°11′6″N 22°43′11″E / 41.18500° СГШ; 22.71972° ИГД / 41.18500; 22.71972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Саат-кула
Саат-кулата по реставрацијата во 2023 г.
Карта
Општи податоци
Статусобновена
Видсаат-кула
Градс. Стар Дојран
ЗемјаМакедонија
Координати41°11′6″N 22°43′11″E / 41.18500° СГШ; 22.71972° ИГД / 41.18500; 22.71972
Надм. височина190 м.
Почната1372
Обновена5 ноември 2021
Урната1913
НарачателЕвренос-бег
Висина15 м.

Саат-кула во Стар Дојрансаат-кула во Стар Дојран, подигната во 1372 година како поклон за некогашниот град Дојран од страна на Евренос-бег.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Саат-кулата се наоѓа на рид над Дојранското Езеро, каде што некогаш се наоѓала горната Турска чаршија, во близина на амамот и чешмата. Денес, до нејзе води улицата „Антон Панов“ и е сместена меѓу куќи.[1]

Градба[уреди | уреди извор]

Првобитната градба на саат-кулата била висока околу 15 метри и бидејќи била сместена на една од повисоките точки во околината, нејзиниот часовник се гледал од секаде, а дополнително имало и ѕвоно кое отчукувало на секој саат.[1]

Кулата има квадратна основа од 4х4 метри и била ѕидана т.н. опус клоазоне — со дебели редови од камен и тенки редови од тула. Изгледот на градбата во минатото е документиран само на неколку стари фотографии пред Балканските војни.[1]

На врвот на кулата имало шпицаст кров, додека на дното од нејзе имало една главна врата и неколку тесни процепи за светлина.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Саат-кулата била изградена во времето на Евренос-бег. Саат-кулата настрадала за време на Балканските војни.

Часовникот сите граѓани ги известувал за времето, трговците и занаетчиите за отворање и затворање на дуќаните, рибарите за одење на мандрите.[2]

Конзервација[уреди | уреди извор]

Во 2020 година, Општина Дојран го најавила проектот за реконструкција на Саат-кулата и Стариот амам, финансиран од Европската Унија. Изградбата започнала во 2021 година и на 5 Ноември, денот на ослободувањето на Дојран, кулата била пуштена во употреба.[1]

Кулата пред обновата била срушена до два метри, а сега е висока 10 метри и на сите страни поседува часовник. Воедно, преку проектот се уредила и околината околу кулата со урбана опрема.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Саат кула – Дојран / 1372, 2021 год“. МАРХ. Посетено на 2024-05-02.
  2. http://dinevi.wix.com
  3. „РЕСТАВРИРАНИ И ОТВОРЕНИ ЗА ПОСЕТА ТУРСКАТА БАЊА И СААТ КУЛАТА ВО ДОЈРАН СРУШЕНИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА“. Сакам Да Кажам. 2021-11-14. Посетено на 2024-05-02.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]