Прејди на содржината

Take That

Од Википедија — слободната енциклопедија
Take That

Take That е британска поп-група формирана од Најџел Мартин Смит во Манчестер во 1990. После успехот во 90-тите како петчленска, повторно формираната четиричленска верзија на групата достигнала нов успех во 2000 година.

Take That продаде повеќе од 25 милиони плочи во периодот од 19911996. Помеѓу првиот сингл пуштен во 1991 и новиот во 1996, BBC ги опишува како „најуспешна британска група по Beatles во Англија, обожавани од младите и од старите подеднакво“. Нивните мелодии за играње и смирувачките балади доминирале на англиските списоци во првата половина од 90-тите, множејќи се двата од најдобро продаваните албуми на декадата со „Сè се менува“ (номиниран за наградата Mercury во 1994) и „Најголеми хитови“ 1996 и според All Music Guide, „ова време беа супер ѕвезди во Европа со главното прашање за нив, не дали ќе добијат хит сингл, туку колку ќе направат и колку од нив ќе бидат број еден“.

Историја на групата

[уреди | уреди извор]

Успеси (1990-1995)

[уреди | уреди извор]

Новиот сингл бил заштита од групата Tavares од 70-тите со хитот "Ќе одземи само минута" (“It Only Takes A Minute”). Со високо импровизирачко темпо и видео со атлетска модерна игра, момците облечени во "улична" облека, синглот го достигнал врвот на англиските листи.

Овој успех тогаш бил проследен од песната "Најдов небо" (“I Found Heaven”) и од првата балада на Gary Barlow "Милион љубовни песни" (“A Million Love Songs”) – двете во првите 20 хитови и ниту една проследена со видео спот. Нивна замена од хитот на Barry Manilow и Donna Summer "Може ли да биде магија" (“Could It Be Magic”) им го овозможила најголемото достигнување и им овозможила место кон јавноста. Нивниот прв албум Take That and Party бил изведен во 1992 година и ги содржел сите дотогаш големи хитови – микс од баладите на Barlow.

Во 1993 бил издаден најуспешниот оригинален албум Сè се менува (“Everything Changes”), основан главно врз оригинален материјал на Barlow. Се рашириле четири англиски број 1 хитови – првата "Моли" (“Pray”), потоа “Relight My Fire”, “Babe” и насловната песна “Everything Changes”. Петтиот сингл "Љубовта не е тука повеќе" (“Love Ain’t Here Anymore”) достигнал до првите 3 популарни хитови. “Everything Changes” им овозможила на Take That да постигнат меѓународен успех, иако американскиот пазар се одбегнувал (“Love Ain’t Here Anymore” дури била преработувана за американскиот пазар, проследена со повеќе ритам и блуз звук, но не привлекла големо внимание). Сепак, тие биле на највисокиот врв од славата во Обединетото Кралство – толку високо за да пијат чај со принцезата Дијана во палатата Kensington, да седат со Елтон Џон и да го поканат да им свири пијано.

Нивниот албум во 1995 година, бил пуштен со број еден сингл "Сигурно" (“Sure”). Нивната втора изведба ќе стане најголемиот хит "Назад за добро" (“Back for Good”).

Заминувањето на Robbie Williams од групата (1995 – 1996)

[уреди | уреди извор]

Во јули 1995 година Robbie, сакајќи да ја покаже неговата реална слика, се побунил и започнал да соработува со англиската група Oasis во Glastonbury. Растењето на непријателството помеѓу Williams и Martin-Smith преку професионализмот на Robbie и несогласувањето помеѓу Williams, Barlow и другите членови од групата, биле основната причина за заминувањето на Robbie од групата.

Take That продолжила да го промовира албумот "Никој друг" (“Nobody Else”) како четврт, добивајќи понатамошен хит сингл кој им станал омилен на обожавателите "Никогаш заборавај" (“Never Forget”) – пуштена како ремикс верзија од Jim Stenman.

На 13 февруари 1996, Take That објавиле дека групата ќе се растура. Оваа изјава била проследена со компилацијата Најголеми хитови (“Gratest Hits”), што содржела и некои нови песни.

Кариери на членовите (1996 - 2005)

[уреди | уреди извор]

Веднаш по растурањето на групата, Gary Barlow снимил соло албум "Отворена патека" (“Open Road”) – 1997 година. Албумот содржел 5 синглови од кои првите два биле "Засекогаш љубов" (“Forever Love”) и "Љубовта нема да чека" (“Love Won’t Wait”) – достигнувајќи го првото место на англиските листи. Неговиот втор албум "Дванаесет месеци, единаесет денови" (“Twelve Months, Eleven Days”), бил помалку успешен. Потоа биле пуштени два синглови "Силен" (“Stronger”), што достигнал 116 место и "За се она што сакаш" (“For All That You Want”) што достигнал 124 место. Barlow после тоа попуштил од неговото ниво. Тој станал способен само да прави бавни балади и се зборувало дека тој веќе не е истиот човек кој стоел зад хитовите од Take That. Подоцна отворил музичко студио за снимање во неговата куќа и започнал да пишува и снима песни за познати имиња како AthomicKitten, Donny Osmond, Blue и Delta Goodrem.

Robbie Williams направил соло сингл ,,Слобода” (“Freedom”) достигнувајќи го второто место на англиската сингл листа, 26 места повисоко од оригиналот на George Michael. После тоа неговата кариера почнала да опаѓа како и сиромашното продавање на неговиот албум и многумина помислиле дека тоа е крајот на неговата кариера.[1] Кога Williams го пуштил неговиот петти сингл ,,Ангели” (“Angels”), се појавил успех, кога песната се искачила во првите пет хитови и биле продадени околу 2 милиони примероци низ светот.[2][3] Неговиот албум го достигнал првото место на англиската албум листа веднаш по 28-та недела и по 218 недели поминати во листата, бил сертифициран како 8xPlatinum од BPI и биле продадени околу 4 милиони примероци во Светот.[4][5]

Од тогаш неговата слава растела и секој од неговите албуми го достигнувал врвот во Обединетото Кралство[6] и имало околу 53 милиони продадени албуми[7] и 15 милиони продадени синглови во Светот.[8]

Williams бил запишан во Гинисовата книга на рекорди кога биле продадени 1,6 милиони билети во еден ден, кратко по објавувањето за неговата турнеја низ Светот во 2006 година.[9]

Добил повеќе награди – вклучувајќи повеќе BRIT и ECHO награди.[10][11] Тој е еден од најуспешните машки артисти во Светот, за период од 1998 – 2007 година, според светската листа.[12]

Mark Owen објавил 3 соло албуми - Зелен човек (“Green Man”), Во твоето сопствено време (“In Your Own Time”) и Како моќно паѓа (“How the Mighty Fall”). Имал 3 топ пет синглови од овие албуми: "Дете" (“Child”), "Клементина и четири минутно предупредување" (“Clementine and Four Minute Warning”). Многу често патувал во Европа и Англија, а во 2006 година ја посетил и Јапонија каде што си осигурал договор за објавување на песните. Во 2002 година победил на англиската верзија од “Cebrity Big Brother”. Неговиот трет албум ,,How the Mighty Fall” бил пуштен со негов натпис Sedna Records.

Howard Donald снимил сингл но не бил пуштен никогаш. После неуспешниот обид тој станал успешен DJ изведувач кој најчесто имал настапи во Обединетото Кралство и Германија.

Jason Orange имал две глумечки улоги, во едната глумел DJ дилер на дрога, Brent Moyer во “Killer Net” од Lynda La Plante (пуштен на англискиот канал 4, а сега достапен и на DVD), а се појавил и во претставата “Gob” која што се изведувала во главниот кралски театар во Лондон. Исто така многу патувал низ светот, но се вратил назад за да заврши колеџ по социологија и психологија.

Обнова на групата (2005)

[уреди | уреди извор]

На 14 ноември 2005 година, нова компилација од нивните хит синглови, плус некои никогаш неснимени песни повторно се искачиле на топ листите во Обединетото Кралство. Новата песна "Денес јас те загубив" (“Today I’ve Lost You”) – снимена во септември 2005 година, била напишана како продолжение на "Назад за добро" (“Back for Good”). Ова е единствената песна од албумот која што не е достапна за спуштање од интернет. На 16 ноември 2005 година во среда групата повторно се собрала за ITV документарна емисија “Take That: For the Record”, каде што разговарале во врска со разделувањето и за тоа што правеле последните 10 години. На 25 ноември 2005 година имало официјален печат од групата објавувајќи дека Robbie Williams продолжува и ќе има негова тура во 2006 година. Турата насловена како “Ultimate Tour 2006”, започнала со само 11 одредени датуми но по продажбата на снимката уште 19 датуми биле одредени – вкупно 30 концерти низ Британија и Исланд – и започнала од април до јуни 2006 година. Карактеристично за турата било појавувањето на британскиот soul пејач Beverley Kniht, кој го заменил вокалот на Lulu во песната “Relight My Fire”, иако Lulu се појавила за време на изведбата на таа песна и на песната "Никогаш заборавај" (“Never Forget”). Американската женска група Pussycat Dolls ја придружувала групата за време на изведувањето на нивниот концерт во Даблин, а групата Sugababes ги придружувала на последните пет настапи.

На 19 мај 2006 година, Williams на шоуто од Jonathan Ross најавил дека ќе им се придружи на својот поранешен бенд за настапот "Може ли да биде магија" (“Could it be Magic”) за време на патувањето, ако Ross може да го победи во партија тенис. Излегло дека подоцна тој не учествувал на предложениот меч. На 9 мај 2006 година, Take That се вратиле на музичката сцена после повеќе од 10 години, потпишано со музички договор со Polydor Records којшто договор вредел £3 000 000. После само еден месец биле продадени околу 1,5 милиони копии од албумот "Убав Свет" (“Beautiful World”) и групата најавила настап во Германија, каде на 20 јануари 2007 година, тие се појавиле на “Wetten dass…?”, каде што објавиле дека ќе има патување низ Европа во октомври 2007 година. Разновидноста на работите на групата, каде што поголемиот дел од песните биле напишани од Gary Barlow, 11 од 12 песни биле преработени од групата и професионални пишувачи на песни како John Shanks, Steve Robson и други. Само песната "Ќе чекам за живот" (“I’d Wait For Life”) била целосно преработена од групата. На почетокот од 2007 година било објавено дека групата потпишала договор за снимање со Inerscope и дека нивниот албум ќе биде пуштен во Канада.

Најмногу слушана и гледана била песната "Трпение" (“Patience”), албумот Убав свет (“Beautiful World”) и DVD снимката “The Ultimate Tour – Live In Manchester”. Синглот “Patience” бил пуштен на 20 ноември 2006 година, проследен со специјален настан (Bonfire Night). На 26 ноември “Patience” станала хит број еден во Обединетото Кралство. На 2 декември групата се појавила во ITV шоуто "Ауденција со Take That” (“An Audience with Take That”). Тогаш изведиле некои од нивните најголеми хитови. Видеото "Сјај" (“Shine”) премиерно било пуштено на 25 јануари 2007 година на англискиот канал 4. Масивниот успех на групата продолжил на 14 февруари 2007 година кога Take That изведиле настап во живо на BRIT Awards во заливот Earl. Синглот “Patience” победил на најдобрата британска сингл категорија, а потоа повторно се појавил на англиската листа по 16 недели заедно со “Shine” на единаесто место. Следните месеци Take That ќе ја посетат Австралија, Јапонија и Канада и пошироко во светот. Турата Beautiful World започнала во октомври 2007 година во Белфаст, а потоа се одвивала во Шпанија, Италија, Шведска, Австрија, Германија, Холандија и Данска. Take That исто така учествуваа на концертот посветен на Принцезата Дијана (Concert for Diana) одржан на стадионот Вембли на 1 јули 2007 година. Бендот изведил три од нивните најпознати хитови “Patience”, “Shine” и “Back for Good”. Тие имале чест лично да се запознаат со Принцезата кога биле на почетокот од развивањето на нивната слава, во раните деведесетти години.

Take That напишале и снимиле тема "Управувај со Светот" (“Rule the World”) за филмот "Ѕвездена прашина" (“Stardust”) во режија од Matthew Vaughn, којшто подоцна го пуштил во кината во Северна Америка и Европа во август 2007 година. Мелодијата била снимена во Abbey Road Studios и била аранжирана од John Shanks којшто имал аранжирано дел од песните од албумот Beautiful World. На 14 ноември 2007 година ITV најавила дека Take That ќе постави на мрежа бројач за 2008 во живо од Лондонската О2 арена. Оваа програма ќе биде насловена како “Countdown to Midnight with Take That and Guests Live at the O2”.[13]

На тоа спектакуларно сценско шоу, Take That ќе изведе низа од хитови од нивните најрани денови па сè до последниот албум.

Слика од албумот Beautiful World

Други факти за групата

[уреди | уреди извор]
  • Take That се едни од единствените седум изведувачи во историјата на британската сингл листа каде што забележани се двојни број 1 синглови. Овие седум изведувачи ги вклучуваат Evlis Presley (21, 18 различни песни), The Beatles (17), Cliff Richard (14, шест од нив со The Shadows, една со The Drifters, една со The Young Ones), Westlife (14, една од нив со Mariah Carey), Madonna (12), The Shadows (11, шест од нив со Cliff Richard, две со The Norrie Paramor Strings) и Take That (10, од кои една со Lulu).
  • Интересно е тоа што името за групата е добиено од весник од некоја статија за Мадона.

Литература

[уреди | уреди извор]
  1. „Robbie Williams, "South Of The Border". Архивирано од изворникот на 2015-06-26. Посетено на 2007-12-19.
  2. "Angels" BPI Certification“. Архивирано од изворникот на 2008-01-03. Посетено на 2007-12-19.
  3. Angels, Discography, Robbie Williams' Official Website
  4. „BPI Certification for "Life Thru A Lens". Архивирано од изворникот на 2007-12-31. Посетено на 2007-12-19.
  5. „Robbie Williams Discorgraphy“. Архивирано од изворникот на 2007-12-31. Посетено на 2007-12-19.
  6. Singles + albums sales
  7. „Top 5 Greatest Living Briton“. Архивирано од изворникот на 2007-07-14. Посетено на 2007-12-19.
  8. „IEMUSIC“. Архивирано од изворникот на 2008-06-19. Посетено на 2007-12-19.
  9. „Robbie Williams Enters The Guinness Book of World Records“. Архивирано од изворникот на 2011-05-15. Посетено на 2007-12-19.
  10. „the Brit Awards 2005“. Архивирано од изворникот на 2007-07-02. Посетено на 2007-12-19.
  11. „Virgin Radio Profile for Williams (ECHO)“. Архивирано од изворникот на 2007-12-11. Посетено на 2007-12-19.
  12. Mediatraffic
  13. „Take That and party on New Year's Eve with ITV“. Архивирано од изворникот на 2008-11-19. Посетено на 2007-12-19.

Други врски

[уреди | уреди извор]