809 Лундија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
809 Lundia
809Lun-LB1-mag17.jpg
Астероидот 809 Лундија (привидна величина 16,6) во близина на ѕвезда со светллинска величина 15,6.
Откривање
Откривач Макс Волф
Откриено 11 август 1915
Ознаки
Наречена по
Опсерваторија Лунд
1915 XP; 1936 VC
Главен астероиден појас
Орбитални особености
Епоха 26 ноември 2005 (ЈД 2453700.5)
Апхел 407,368 Gm (2,723 АЕ)
Перихел 275,743 Gm (1,843 АЕ)
341,556 Gm (2,283 АЕ)
Занесување 0,193
1260,094 д (3,45 a)
19,53 km/s
42,298°
Наклон 7,143°
154,685°
196,321°
Физички особености
Димензии 10,26 ± 0,07[1] km
Маса (9,27 ± 3,09) × 1014[1] kg
Средна густина
1,64 ± 0,10[1] g/cm3
0,001–0,003 m/s² (претпоставка)
0,003–0,005 km/s (претпоставка)
Температура 165-180 K
max: 260-280 K
Спектрален тип
астероид од типот V
11,8

809 Лундија — мал двоен астероид од типот V кој орбитира во рамките на Флорското семејство во главниот астероиден појас. Именуван е според Лундската опсерваторијата во градот Лунд, (Шведска) која функционира во рамките на Лундскиот универзитет.

Особености[уреди | уреди извор]

Лундија орбитира во Флорското семејство. Сепак, спектарот од типот V покажува дека не станува збор за член на Флорското семејство, туку најверојатно станува збор за дел од друг астероид (два делови доколку се земе во предвид и месечината) исфрлени од површината на 4 Веста најверојатно од некаков удар во минатото. Орбитата е на големо растојание од Веста за истиот да биде дел од Вестинското семејство. Не е јасно како успеал да ја постиге таа далечна орбита од астероидот Веста, но познати се и други примери на астероиди од типот V кој орбитираат надалеку од астероидот Веста. Преложен е механизм на поврзаност меѓу Јарковскиевиот ефект и нелиниските секуларни резонанси (претежно од Јупитер и Сатурн).[2]

Двоен систем[уреди | уреди извор]

Набљудувањата на светлосната крива во 2005 година покажале дека Лундија е двоен систем од два објекти со приближно иста големина кој орбитираат околу заедничкото тежиште. „Лундија“ денес се однесува на есен од овие објекти, додека останатиот е привремено означен како S/2005 (809) 1. Сличната големина на двата објекти е определен на начин што при меѓусебните прекривања светлината се намалува за слично количество на светлина без разлика на тоа кој објект е затскриен.[3] Поради сличната големина на првиот и вториот објект овој систем се води како двоен систем.[4]

Со слично албедо како она на 4 Веста (околу 0,4) наведува на помислата дека истите се со пречик од 7 км. Периодот на меѓусебното орбитирање е 15,4 часа,[3] што пак отприлика кажува дека растојанието мегу истите е доста мало во интервал од 10–20 км доколку се земат во предвид вообичаените вредности за густината и албедото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Carry, B. (December 2012), "Density of asteroids", Planetary and Space Science 73: 98–118, Bibcode:2012P&SS...73...98C, arXiv:1203.4336, doi:10.1016/j.pss.2012.03.009.  See Table 1.
  2. V. Carruba; Michtchenko, T. A.; Roig, F.; Ferraz-Mello, S.; Nesvorný, D. (2005 г). On the V-type asteroids outside the Vesta family. „Astronomy & Astrophysics“ том  441 (2): 819–829. doi:10.1051/0004-6361:20053355. Bibcode2005A&A...441..819C. 
  3. 3,0 3,1 Poznań observatory [1] (Lightcurve showing signature of the binary)
  4. „Satellites and Companions of Minor Planets“. IAU / Central Bureau for Astronomical Telegrams. http://www.cbat.eps.harvard.edu/minorsats.html. посет. 3 јули 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]