1905 во филмот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Години во филмот
Поврзани теми од периодот

Ова е преглед на настаните од 1905 година во филмот, вклучувајќи список на филмови и значајни луѓе кои биле родени или кои починале оваа година.

Настани[уреди | уреди извор]

  • Браќата Манаки го снимаат првиот филм на Балканот, Домашна работа (предилки).
  • Пате Фререс ги обојуваат црно-белите филмови со машина.
  • Киното добива неочекувана историската улога по снимањето на активностите долж Маркет Стрит, во годината што и претходила на уништувањето на Сан Франциско од земјотресот од 1906 година (сцени во современиот филм Прошетка долж Маркет Стрит 1905/2005).
  • Александар Канжонков почнува да ги снима неговите први документарни филмови.
  • Авантурите на францускиот господин без панталони на плажата Зандворт, најстариот преживеан холандски фикционален филм е објавен од страна на Албертс Фререс. Подоцна тој ќе биде вклучен во канонот на холандската филмографија откако бил објавен од страна на Холандскиот филмски фестивал.
  • 16 декември - Variety, весник кој подоцна имал важна улога во филмската индустрија, е објавен за првпат во Њујорк.

Филмови објавени во 1905 година[уреди | уреди извор]

Кадар од филмот Домашна работа (предилки)
  • Авантурите на Шерлок Холмс, во режија на Џ. Стјуарт Блектон
  • Лилијан ги пробува нејзините нови корсети, од Френк Марион и Валас Макучон
  • Бебешки тоалет, во режија на Сесил Хепвурт
  • Црниот немирник, во режија на Жорж Мелјес
  • Интернатските девојки, кинематографија од страна на Едвин С. Портер
  • Есмералда, во режија на Алис Ги-Блаше и Викторин-Хиполит Жасе
  • Халифакшка католичка процесија, во продукција на Мичел и Кенјон
  • Интересна приказна, во режија на Џејмс Вилијамсон
  • Клептоманијакот, во режија на Едвин С. Портер
  • Живите карти за играње, во режија на Жорж Мелјес
  • Ноќта пред Божиќ, во режија на Едвин С. Портер, со глумецот Хари Етинџ
  • Автомобилски трки на Ормондската плажа во Флорида
  • На другата страна од оградата, со Сесил Хепвурт како продуцент и во режија на Левин Фицхамон
  • La presa di Roma, во режија на Филотео Алберини; најверојатно првиот италијански краток филм
  • Спасен од роверот, во кој глумат Сесил Хепвурт, Маргарет Хепвурт (неговата сопруга), Барбара Хепвурт (нивната ќерка) и Блер (нивното куче); во режија на Левин Фицхамон и Сесил Хепвурт
  • Руската револуција, во режија на Фернан Зека
  • Посебен марш покрај Св. Јосиф и специјална парада на учениците на Св. Матеј, Блекбурн, од Мичел и Кенјон
  • [[Домашна работа (предилки), во режија на Браќата Манаки; најверојатно првиот филм снимен на Балканот
  • Целата фамилија и кучето, во режија на Едвин С. Портер

Родени[уреди | уреди извор]

Починати[уреди | уреди извор]

Дебија[уреди | уреди извор]