Домашна работа (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Домашна работа (Предилки)“
İp Eğiren Kadınlar.jpg
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1905
Времетраење1 мин
ДржаваОсманлиско Царство

Домашна работа (Предилки) — краток, нем и црно-бел документарен филм на балканските пионери браќа Милтон и Јанаки Манаки направен во 1905 година во Авдела со времетраење од 1 минута. Првично бил именуван „Нашата 114 годишна баба Деспина ткае“ Филмот е снимен во стандард црно-бела техника, без звук, 35мм филм преку !„Ворик биоскоп“ модел 300 (Warwick Bioscope) увезен од Лондон. Се смета за првиот филм направен на Балканот.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Пред семејната куќа во родната Авдела, Гребенско, во тогашниот Битолски вилает во два кадра, се снимени група жени, меѓу кои тетките на браќата Манаки и нивната 114 годишна баба Деспина, како подготвуваат волна за предење.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]