Романска делегација во посета на Ресен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Романска делегација во посета на Ресен“
Романска делегација во посета на Ресен 1911.jpg
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1911
Времетраење4 мин
ДржаваМакедонија Македонија
ПретходенРоманска делегација во посета на Гопеш

Романска делегација во посета на Ресен е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1911 година во времетраење од 4 минути. Иако се работи за дел од една целина - Романска делегација во посета на Македонија - Милтон Манаки, при идентификацијата на филмовите, овој материјал го спомнува три пати [1]. Снимен е во стандард техника, без звук, во црно бела форма и на 35мм филм.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Третиот снимен дел од посетата на романската делегација на Македонија е и најдолг и го следи патот на делегацијата кон Ресен, како и нејзиното пристигнување и престој во овој град. Самиот филм може да се подели на два мини-дела:

  • Во првиот со камерата се следи колоната кочии на патот кон Ресен. Колоната е доста долга, придружувана од турска војска.
  • Во вториот дел, камерата го следи пристигнувањето на делегацијата во Ресен, нејзиниот пречек од страна на Нијази-бег, еден од водачите на Младотурската револуција, како и нејзиниот престој во овој град.

Види исто[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]