Манифестации по повод Младотурската револуција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


„Манифестации по повод Младотурската револуција“
Младотурската револуција 1.jpg
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1908
Времетраење2 мин
ДржаваМакедонија Македонија

Манифестации по повод Младотурската револуција е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од две минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите оддржани во Битола по повод нејзината победа[1].

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Масовноста, големината, значењето и вербата што кај народот го предизвикало прокламирањето на Младотурската револуција најдобро се гледа токму од овој материјал, иако тој е снимен само со пет кадар-секвенци. Во него е регистрирана голема колона народ, офицери и воен оркестар како минуваат низ улиците на Битола.

Види исто[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Профил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]